Вака сега. Ќе направам само едно кратко резиме на се’ она кое го дискутиравме на темава.
Сакате полицијата да не реагира на малолетничките пијанчења во Градскиот парк. Потоа, полнолетните да имаат секакво право да пијат после 12 часот. Сметате дека пиењето во парк е резултат на скапите пијачки по кафичите. Сакате да кажете дека ако цените во кафичите се намалат, наместо во парк би седнале во кафич? Па нели и таму тогаш ќе пиете пак алкохол?
Потоа, се обидувате да појасните дека паркот е место за релаксација. Релаксација ли е да се седи на трева и да се пие алкохол? Наместо тоа не е ли поубаво да седнете на некоја од клупите (за кои не можете да кажете дека ги нема) и да уживате во тивката вечер? Не е ли поубаво ѓубрето наместо по улица и трева, да го фрлате во кантите (и канти има во парк, и тоа повеќе од потребно) без притоа да кажувате дека тука е комуналната хигиена да чисти?
На крај, на сите ви пречи оваа идеа затоа што сметате дека се наметнуваат некои европски правила, кои за џабе се воведуваат поради фактот што ние во Европа ќе влеземе многу подоцна.
Епа драги мои, ако на сите вас ви одговара безвизен режим кој сите со нетрпение го очекуваме, тогаш ќе се свикнуваме и на другите европски правила и прописи. Ако сакаме нешто, го сакаме цело, а не само негови елементи.
Ако сакате да кажете дека овој закон ќе биде на место само кога ќе станеме дел од таа европска заедница, тогаш не го барајте правото на безвизен режим. Ајде да го почекаме и тоа до тогаш.
Не е се’ така просто како што ние сакаме да биде. Работава испаѓа, сакам да се е*ам ама не сакам да ми влезе. Ништо не се работи половично а уште помалку може да се осудува нешто кое значи подобар а воедно и поздрав (знаеме како делува алкохолот на организмот) живот.
Тоа е тоа.
А од сега па натаму, Ви посакувам на сите пријатен престој во Градскиот Парк.:smir:
Еден потпис да удрам овде..
и да додадам нешто.. умрев од смеење од ова "го пунеле буџетот" од апсења во парк.. хахахахха

изгледа ама баш ПОЈМА СИ НЕМАТЕ колкав е севкупниот буџет и колку го "ПОЛНАТ" со децава од парк..
Друга работа, малолетници не смеат да бидат надвор после 12, значи и во маало може да те собере цајкан, ако немаш ID да те носи во станица.. да не збориме за алокхолот..
Трето, зашто мене ме немаат никад замарано? стално кога идам или шетам или седам на клупа..
П.С. за однесувањето на цајканите си има лек.. и неможете тоа да го мешате тука.. значи неможе цајкан да те прибере ако не правиш ништо противзаконско.. како ќе ја платиш таа казна тогаш ако не е утврдена со закон? ќе те однесе во станица и што ќе рече "го уапсив овој за к**ташак"? а да бегате не ви е паметно.. ако те фатат, ќе одговараш и за "отпор при апсење" па тек тогаш си го наебал..