- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 1.883
- Поени од реакции
- 3
ИГРАЧИ НА НЕДЕЛАТА
ИСТОК ПОЛ ПИРС
Лидерот на Бостон, Пол Пирс се закити со наградата за "Играч на неделата" на Истокот за периодот од 6-12 март. Во тие седум дена, тој оствари просек од 30.5 поени (52.1% реализација од игра), 4.3 скокови и 6.5 асистенции за 41.5 минути поминати во игра. Пирс ги предводеше Селтикси до три победи и еден пораз и ја одржа надежта за можен плеј-оф пласман.
Својата најдобра партија Пол ја одигра против Филаделфија кога го оствари својот прв трипл-дабл сезонава со 31 поени, 12 скокови и 10 асистенции, додека најдобар во нападот беше во победата над Денвер кога постигна 36 поени. Минатата седмица тој имаше и шут за победа со звукот на сирената во Вашингтон за триумф на Бостон од 116-115 и 31 поени на Пирс.Ова е за првпат сезонава тој да ја добие оваа награда, а дури десетти пат во кариерата.
Покрај него, во игра за ова признание беа и Леброн Џејмс и Двејн Вејд.
ЗАПАД МАЈК БИБИ
Една од причините за препородот на Кингси и нивната најдолга серија победи дома по сезоната 2002-03 (12 по ред) секако е Мајк Биби. Токму поради своите одлични игри во последно време, плејот ја доби наградата за "Играч на неделата" на Западната конференција. Биби во текот на минатата седмица го предводеше Сакраменто до перфектен скор од 4-0, а на тие четири средби оствари просеци од 24 поени, 4.3 скокови и 6.3 асистенции. Тој погоди 45.6% од своите обиди од поле, 45.5% за три поени и цели 96% од линијата за слободни.
Својата веројатно најдобра партија Биби ја одигра против Милвоки на гости кога во триумфот на Кингси учествуваше со 36 поени.
Кармело Ентони (Денвер), Зек Рендолф (Портланд) и Џејсон Ричардсон (Голден Стејт) му беа најголеми конкуренти на плејот на Кингси за оваа наградата.