АНАЛИЗА НА ТРЕЈДОТ
ЊУЈОРК:
Доколку доцна синоќа не направи некој друг "трејд", Томас со ангажманот на Френсис само презема уште еден во низата ризици кои ги презема откога дојде во Њујорк. Новото засилување игра на иста позиција со неговиот најдобар играч, а и двајцата се играчи кои сакаат да ја имаат топката кај себе што е можно повеќе. Кога на нив ќе се додадат и Крафорд и Роуз, тешко дека и два баскети ќе им бидат доволни на Никси. Барем засега единствена добра вест за нив е дека Френсис е играч кој привлекува публика со своите атрактивни потези. Но, исто како и Марбери, Френсис е пренизок за "двојка", а тоа особено се однесува за играта во одбрана, каде противниците ќе гледаат да го икористат тој хендикеп. Никси покрај тоа што се откажаа од големо олеснување на селари-капот со "трампањето" на договорот на Пени, Томас се откажа и од солиден млад играч во Ариза. Сепак, можеби и најважно е тоа што ангажманот на Френсис, сопственикот на Никси, во следните три години ќе го чини 49 (или вкупно 98) милиони долари на име данок на луксуз.
ОРЛАНДО:
Орландо се ослободи од незадоволниот и оваа сезона многу слабиот Френсис, а со тоа и значително си го олесни платниот список за претстојното лето. Оваа сезона Френсис беше само пречка во системот на тренерот Брајан Хил, а точка на с$ беше кога минатиот месец одби да се врати во игра на гостувањето во Сиетл. По тој потег челниците на Орландо одлучија да го стават на трансфер пазарот и да ги листаат понудите кои им доаѓаа за нивната ѕвезда. Тие се свесни дека без него ќе загубат на медиумска атрактивност, но и дека ќе добијат на одбрана и тимска игра. Ариза ќе им се приклучи на младите играчи на "магичните" и е солиден дефанзивец. Без Френсис во тимот, тренерот Хил може слободно да се сконцентрира кон развитокот на младите таленти, пред с$ Хауард и Нелсон, но и неодамна исто така преку "трејд" ангажираниот Миличиќ. Пени беше играчот кој Орландо го сакаше во овој дил, пред с$ зошто не сакаа да ги преземат договорите на Крафорд и Мо Тејлор, но и пред с$ поради неговиот договор кој истекува ова лето со што Орландо ќе добие нови 15.8 милиони долари за нови играчи.
ЕПИЛОГ:
Уште едно "ремек дело" на Томас, кој продолжува да ги заглавува Никси со преплатени играчи кои играат на исти позиции. Иако тандемот Марбери - Френсис можеби ќе биде атрактивен за публиката, посебно на почетокот, големо прашање е дали тие двајца ќе можат да коегзистираат на теренот во исто време и со само една топка. Токму поради тоа веројатно е дека наскоро (синоќа или на крајот од сезоната) Крафорд, а можеби и Мареби да бидат "трампани". Што се однесува до Орландо единствена работа поради која можеби еден ден би можеле да зажалат е тоа што место да го земат Крафорд, го земаа договорот на Пени, нешто што сепак може да се покаже како доста позитивно за "магичните". Орландо ќе го гради тимот околу Хауард, што е единствената правилна одлука за нив.
Дел од планот на Томас да стигне до Гарнет?
Веднаш по "трејдот" на Френсис во Никси речиси секој генерален менаџер и тренер во лигата се посомнева во логичноста на одлуката на Томас. Посебно по веста дека Лери Браун не бил за овој "трејд". Според повеќе извори, овој потег на Ајзеа е само дел од планот тој ова лето да го ангажира Кевин Гарнет, кој е с$ понезадоволен во Минесота. Томас планира да ангажира што е можно повеќе познати имиња кои потоа би им ги понудил на Вулфси кога Гарнет ќе побара да биде "трампан". Тој се коцкаше со "трампата" за Френсис, иако Браун повеќе сакаше да го прати Пени Хардевеј во Портланд во размена за Дариус Мајлс и Тио Ретлиф.