- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 1.883
- Поени од реакции
- 3
ИГРАЧИ НА НЕДЕЛАТА
ИСТОК ЛЕБРОН ЏЕЈМС
Најзаслужен за четирите победи без пораз мината недела на Кливленд, секако, е Леброн Џејмс, кој за своите игри на тие четири средби е прогласен за "Играч на неделата" на Истокот. Минатата седмица тој оствари феноменален просек од 33.8 поени (47.5% шут од поле), 8.5 скокови, 7.5 асистенции и 2.25 украдени топки. Во победата над Феникс Леброн постигна 44 поени, од кои 32 во 2. полувреме, плус 11 скокови и седум асистенции. Последен играч на кој му пошло од рака на една средба да има најмалку 44 поени, 11 скокови и шест асистенции беше Хаким Олајџувон на 23 март 1996 год.
Конкуренти на Џејмс му беа Шекил О'Нил, Чонси Билапс, Ален Ајверсон и Мајкл Ред.
ЗАПАД ЕЛТОН БРЕНД
Иато како и Кавси, така и Клиперси минатата седмица ја завршија со перфектни 4-0. Елтон Бренд со просек од 24.3 поени (54.9% шут од поле), осум скокови, 3.8 асистенции и 2.3 блокади по третпат ја освојува наградата за играч на неделата. Ѕвездата на Клиперси е еден од четворицата играчи кои оваа сезона постигнуваат преку 20 и фаќаат 10 скокови по натпревар (покрај Тим Данкан, Кевин Гарнет и Шон Мерион). Бренд својот 25. дабл-дабл сезонава го оствари на дуелот со Нагетси, кога имаше 33 поени и десет скокови.
Во игра за признанието на Западот беа и Дирк Новицки (Далас), Реј Ален (Сиетл) и Трејси МекГрејди (Хјустон).