Уште пред да се роди, се знаело дека Јао ќе биде кошаркар
Во книгата "Операција: Јао Минг", во САД познатиот писател Брук Лармер тврди дека дека не била случајност тоа што Јао Минг станал кошаркар и дека зад тоа стојат кинеските власти.
Според Лармер, кинеските власти неколку години го очекувале раѓањето на Јао, пред с$ поради тоа кои му се родителите. Од моментот кога се родил, властите направиле с$ што било во нивна моќ тој да израсне барем колку неговите родители и еден ден да стане кошаркар.
Книгата тврди дека татко му и мајка му на Јао биле принудени да станат кошаркари поради нивната височина и дека биле "охрабрувани" да се венчаат од страна на властите, со цел и нивните деца да бидат високи.
Според "Операција: Јао Минг", родителите на Јао не сакале нивниот син да го мешаат во намерите на властите, но не можеле да го спречат тоа. Јао бил теран уште од мало дете да игра кошарка, во исхраната му биле додавани додатоци за зголемување на височината со цел тој да стане кошаркар, без разлика дали тој го сакал тоа или не.
Судејќи според пишувањата во книгата, малиот Јао не бил добар играч како дете и не ја сакал многу кошарката, но бил принудуван да продолжи со тренинзи.
Во книгата исто така малку повеќе простор им се отстапува на родителите на Јао, на искуството на првиот Кинез во НБА, Ванг Жи-Жи, како и на многу политички одлуки во Кина со кои на Јао му било овозможено да биде драфтуван од НБА тим.