NBA

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување

2007/2008 НБА шампион


  • Вкупно гласачи
    125
Една ретка победа имаа Рапторси денеска:icon_lol::icon_lol:

92:90 против Орландо. 5 победи и 20 изгубени од кои 4 победи се на гости:pos:
 
абе мислев Шарлот ке се опраат оваа година со двајцата дебитанти, ама уште се мачат со 25 посто учинок
 
Лејкерси пак го тепаја Далас, овојпат буквално го растурија. Поточно Коби кој постигна неверојатни 62 поени за само 3 четвртини (4 не играше) од кои 30 само во третата четвртина, со шут 30-18 од поле. Последниот кош беше тројка на 4 секунди пред крајот на третата четвртина со што му даде на лејкерси водство од 35 разлика решавајќи го прашањето за победникот. Исфрустрирани играчите на Далас заработија дури 3 технички во таа четвртина.



Коби Брајант:cuc: :cuc: :cuc:
 
Шарлот ги преслуша Чикаго без Емека :)) слушаш Сторм, нема заебанции со Шарлот
 
Торонто ја совлада Атланта дома 108:102. Сега и двете екипи го делат последното место со 7 победи:icon_lol::icon_lol:

Еве да ви дам некои слики од утакмицата:
(Офчар, Чарли е број 31 btw, тој и Бош за година-две маме ќе ебат све живо:))

raptors0205hr.jpg


raptors0059tg.jpg


raptors0075on.jpg


raptors0083gu.jpg


raptors0096vp.jpg


raptors0102aw.jpg


raptors0135pk.jpg


raptors0148mj.jpg


raptors0217ae.jpg


raptors0255ce.jpg


raptors0266ss.jpg


raptors0273nd.jpg


raptors0280nk.jpg
 
Џинобили триумфално се врати во тимот на Спарс

Филаделфија го совлада Денвер со 108-106 во најинтересниот меч од НБА-лигата, одигран вчераутро, а победничкиот поен го постигна Ален Ајверсон на 4,2 секунди пред крајот. На Нагетс не му помогна ниту личниот рекорд на Кармело Ентони од 45 поени. Проблем на домашните им беше скокот, бидејќи повредени им се Кенион Мартин, Маркус Кемби и Нене.

Сан Антонио ја совлада Индијана, благодарение на серија во третата четвртина, во која главен играч на Спарс беше повратникот Емануел Џинобили. Аргентинскиот бек до пред самиот меч не знаеше ни дали ќе игра, но со шест поени по ред ја почна серијата со која "мамузите" резултатски се одлепија. Пејсерс има три порази по ред.

Мајами беше подобар од Милвоки, а јунак на средбата беше Двејн Вејд со 14 поени во последната четвртина. Хит има 6-2 со тренерот Пет Рајли, кој на клупата седна на 12 декември.

Детроит со победа против Торонто се загреа за вечерашниот дуел со Мајами. Тимската и ефикасна игра на Пистонс во првото полувреме беше клучна во триумфот против најслабиот тим во лигата. Со 23-3, "клиповите" го изедначија резултатот на Феникс од минатата сезона, кој исто така по 26 дуели имаше само три порази. Крис Бош постави личен рекорд од 37 поени, но Репторс падна на 6-22. Сакраменто и ослабен (не играа Стојаковиќ, Абдур Рахим и Велс, кои заедно имаат просек од 48,7 поени по меч) немаше големи проблеми со ЛА Клиперс. За прекинувањето на серијата од пет порази е најзаслужен Мајк Биби со 38 поени, од кои 17 во третата четвртина. За Кингс ова е 15. победа во последните 16 меѓусебни дуели со калифорнискиот ривал. Првпат по февруари 1993 година овие два тима се сретнаа во ситуација кога Клиперс има позитивен, а Сакраменто негативен биланс во тековната сезона. Тренерот Мајк Данливи го претрпе 500. пораз во кариерата.

Њу Џерси стигна и до седмата победа во серија, а завчерашна жртва на Нетс беше Кливленд. За Кавалирс заврши серија од шест триумфи едноподруго. Јута во второто полувреме го надигра Хјустон и извојува победа. Најдобриот играч на домашните, Трејси Мекгрејди, во првиот дел даде 21 поен, но потоа ја напушти салата откако дозна дека неговата свршеница е во болница за да се породи. Без Т-Мек, кој стана татко на син, "ракетите" беа немоќни. Билансот на Хјустон на домашен терен му е 3-8, а за тоа придонесуваат и многуте повредени играчи. За утеха, Хјустон е единствената екипа во лигата што сезонава на ниеден меч не му дозволила на противникот да шутира од поле со повеќе од 50 проценти реализација.

Шарлот славеше во Атланта, а во Бобкетс се радуваат што играат тимски во отсуство на двајца од првите тројца стрелци. "Рисовите" имаат три победи по ред на гости, а претходно имаа 1-11. За "јастребите" заврши убавата серија од четири триумфи на домашен терен. За Шарлот ова беше само втора победа на меч во кој дава помалку од 100 поени.

Резултати и најдобри поединци: Атланта - Шарлот 90-93 (Харингтон 19 п., Лу 17 п. - Најт 22 п., Робинсон и Богенс по 13 п.); Детроит - Торонто 113-106 (Хамилтон 24 п., Билапс 21 п.,13 ск. - Бош 37 п.,11ск., Вилануева 16 п.); Њу Џерси - Кливленд 96-91 (Џеферсон 28 п., Картер 21 п. - Џејмс 31 п.,10 ск., Илгаускас 21 п.); Мајами - Милвоки 109-98 (Вејд 35 п., Ш. О'Нил 23 п. - Вилијамс 24 п., Ред 21 п.); Сан Антонио - Индијана 99-86 (Паркер 27 п., Данкан 26 п. - Џ. О'Нил 26 п., Тинсли 20 п.); Хјустон - Јута 74-82 (Мек-Грејди 21 п., Хауард 19 п. - Окур 20 п.,17 ск., Колинс 15 п.); Денвер - Филаделфија 106-108 (Ентони 45 п., А. Милер и Вотсон по 15 п. - Ајверсон 36 п.,10 ас., Вебер 32 п.,15 ск.); ЛА Клиперс - Сакраменто 93-110 (Бренд 25 п., Мобли 19 п. - Биби 38 п.,10 ас., Б. Милер 23 п.,10 ск.).

Синоќа играа: Орландо - Њујорк, Вашингтон - Феникс, Торонто - Атланта, Шарлот - Чикаго, Њу Орлеанс/Оклахома - Хјустон, Минесота - Сиетл, Портланд - Филаделфија, ЛА Лејкерс - Мемфис и Голден стејт - Бостон.
 
kobe bryant stana vtoriot igrach po wilt chamberland da postigne 40 ili 40+ poeni vo 4 posledovatelni sredbi sinoka toj povtorno izigra maestralno dade 45 i negovite ezerdziii tepaaa
 
А зошто Булс го дадоа Еди Кури на Никс не знам:)
Нима и треба големи играчи ако сакат да се пласират во плејоф и некој успех да имат...

Рапторси се официјално 11-23, го Рапторс:icon_lol:
 
utre e denot utre e ona sho go chekaf cela godina kobe protif lebron lele toa ke bide utakmica ke se naddavaat so poeni lele edvaj chekam da pochne ke vi pisham sho se desilo posho ke ja gleam
 
Торонто Рапторс тепа на Шарлот Бобкетс 95:86.
Сега се со 12 победи и 24 изгубени:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom