НБА сезона 2021/22

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    75
Вчера прв пат ги гледав Далас во серијава и ако она што го играа е стилот што го тераат од почеток, тогаш нити Кид заслужува некаква пофалба, нити имаат теоретска шанса да ја поминат Јута, освен на индивидуален блесок на Дончиќ. Дечките од средина на прва четвртина до некаде средина на втора немаа обид за два поена, само шутеви за три поени. Ако добро следев, два пати по ред Клебер, два пати Дончиќ, два пати Динвиди, Булок исто и по еднаш Грин и Брансон во серија се обидуваа за три и во меѓувреме некое слободно изведуваа после лична :LOL:. Поселска игра амин. Им тргна шутот во трета четвртина и направија пресврт, не од некаква игра. Во последните напади Дончиќ ги напаѓа Богдановиќ и Гобер под рекет, сите други четворица седат на тројка. Кажа и коментаторот дека се тим што најмногу шутира за три во цел плејоф, само што за разлика од екипи ко Голден Стејт ова беше прелошо да се гледа, негде на пола пат меѓу Вориорс и МЗТ.
Јута може имаат слаби резултати за имињата кои играат кај нив ама бар имаат многу по разновидна и тимска игра. Си ги влечеше Мичел, па презеде Кларксон, во последна четвртина не можеа Гобер под кош да го чуваат и на крај си ја заврши работата пак Мичел.
Па нормално дека ќе шутираат тројки, благодарение на Дончиќ постојано имаат слободен играч. Штета само што не се подобри шутери, реално да имаа некој половина од Клеј Томпсон ќе имаа по 60+ победи. Немаат доминантен центар и мора да играат надвор од рекет, со оглед на тоа каква екипа имаат се супер, играат солидна одбрана и во регуларниот дел победија речиси против сите подобри екипи. Не ја гледав последната четвртина вчера, но штета што ја испуштија победата, не смееле да изгубат, лани така губеаа добиени утакмици.
 
Па нормално дека ќе шутираат тројки, благодарение на Дончиќ постојано имаат слободен играч. Штета само што не се подобри шутери, реално да имаа некој половина од Клеј Томпсон ќе имаа по 60+ победи. Немаат доминантен центар и мора да играат надвор од рекет, со оглед на тоа каква екипа имаат се супер, играат солидна одбрана и во регуларниот дел победија речиси против сите подобри екипи. Не ја гледав последната четвртина вчера, но штета што ја испуштија победата, не смееле да изгубат, лани така губеаа добиени утакмици.
Не да немаат доминантен центар него уопште таа позиција им е една од најслабите во цела лига, не само офанзивно туку и дефанзивно, баш вчера се покажа тоа. Играта на Јута во последна четвртина беше дај му ја на Гобер под кош или ќе даде поени или ќе добие слободни, ниту еднаш во последните минути не успеаа да го спречат Мавси во тоа. На 99-98 Пауел утна две слободни фрлања по ред и Гобер прелесно поентираше за победа на крај.
Не знам колку паметна одлука им беше да го трејдаат Порзингис за Динвиди и Бертанс, преполни се со шутери во тим, на овој ростер плус додај го и Хардавеј Јуниор кој е повреден, тоа се премногу бекови и плус на сето тоа Клебер и Пауел поголем дел од времето стојат на тројка, а не под кош, не постои 4ка и 5ка во нивна игра. Можда требаше да бараат центар за трејд со Кристапс, не знам кои им се опциите за да соберат квалитетен центар со трејд сега, мислам дека немаат голем избор на тоа поле.
 
Грејсон Факинг Ален им даде 27 коша на Чикаго.
Булс нека си ги спремаат трските.
Автоматски споено мислење:

Се молат судиите да не им помагаат на Голден Стејт.
Фала-чао-пријатно
 
Последно уредено:
Колку пари се седиштава во прв ред во НБА?
 
Само да прашам дали е срамота да губиш 3-1 од шампионот и притоа два пати да ти се измоча во уста на домашен терен?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom