Вчера прв пат ги гледав Далас во серијава и ако она што го играа е стилот што го тераат од почеток, тогаш нити Кид заслужува некаква пофалба, нити имаат теоретска шанса да ја поминат Јута, освен на индивидуален блесок на Дончиќ. Дечките од средина на прва четвртина до некаде средина на втора немаа обид за два поена, само шутеви за три поени. Ако добро следев, два пати по ред Клебер, два пати Дончиќ, два пати Динвиди, Булок исто и по еднаш Грин и Брансон во серија се обидуваа за три и во меѓувреме некое слободно изведуваа после лична

. Поселска игра амин. Им тргна шутот во трета четвртина и направија пресврт, не од некаква игра. Во последните напади Дончиќ ги напаѓа Богдановиќ и Гобер под рекет, сите други четворица седат на тројка. Кажа и коментаторот дека се тим што најмногу шутира за три во цел плејоф, само што за разлика од екипи ко Голден Стејт ова беше прелошо да се гледа, негде на пола пат меѓу Вориорс и МЗТ.
Јута може имаат слаби резултати за имињата кои играат кај нив ама бар имаат многу по разновидна и тимска игра. Си ги влечеше Мичел, па презеде Кларксон, во последна четвртина не можеа Гобер под кош да го чуваат и на крај си ја заврши работата пак Мичел.