НБА сезона 2021/22

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    75
Еве сѐ што не е во ред со Лејкерс, на една страница сирови податоци: https://www.nba.com/stats/team/1610...&DateTo=11/14/2021&sort=DIFF_OFF_RATING&dir=1
Не е баш сѐ во статистиката, ама многу може да се разбере. Само погледајте ги +/- во дефанзивните и офазивните нето рејтинзи.


А во меѓувреме...
 
Права поезија, каква само одбрана одиграа над Дурант и Харден, нека ми каже после некој дека Стеф Кари не бил добар дефанзивец, каков комплетен играч мајко мила, немаше тројка од нормална позиција.


0-8 беше Дурант во 3та четвртина, не му дадоа да мрдне, плус изеде тројка у фаца од Дрејмонд, Игудала и Кари, не очекував дека ќе ги попарат вака Бруклин со оглед на тоа што водеа скоро цело прво полувреме.


И ова рукиво Куминга ќе биде се појак и појак сезонава, каков физикус има, уште од сега Кер го пушта да се учи на најјаките офанзивни играчи у лигава.
Бананата што му ја залепи на Харден беше порњава!


Многу оружја имаат ГСВ кога Кари е премногу затворен, не се држат, на некој едноставно ќе му оди тој период и трпа, вчера у втора Вигинс имаше 13 поени ако не се лажам, 2 клучни тројки, не знаеш кој да чуваш.


И за крај најбитната вест

 
дека Стеф Кари не бил добар дефанзивец
Па не е.
Автоматски споено мислење:

Еве сѐ што не е во ред со Лејкерс, на една страница сирови податоци: https://www.nba.com/stats/team/1610612747/onoffcourt-summary/?Season=2021-22&SeasonType=Regular Season&DateTo=11/14/2021&sort=DIFF_OFF_RATING&dir=1
Не е баш сѐ во статистиката, ама многу може да се разбере. Само погледајте ги +/- во дефанзивните и офазивните нето рејтинзи.


А во меѓувреме...
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
Леле ама го оштетиле Дејвис со ластовицата :pos::pos::pos::pos:
 
Не е Дрејмонд Грин ама не е ни Харден, потценет дефанзивец е за мене, доста повеќе кредит треба да добива.
Не треба бе човек, што треба дефанзивец на годината да биде? Кари е тој што е, фантастичен играч со дефанзивата како маана. И тоа маана може во наводници да биде, зашо ликот не е Харден па да стои во одбрана него такви му се предиспозициите, не може да брани на низок пост рецимо, не е толку добар ни 1вс1 дефанзивец, онака просечен и ништо повеќе што секако не го прави лош играч. Кај него битно е што се труди максимално и секогаш дава 110 посто во двата правци.
 
Леле ама го оштетиле Дејвис со ластовицата :pos::pos::pos::pos:
Jeс да се сопна овој, ама Вестбрик каква ретарда е се гледа и по овој момент... Зошто така рискантно подавање, и зошто побогу воопшто да му дададе на АД таму на 3-ка кога не играат со втор центар. Го гледа дека немаат контакт со очи, колку треба да си ретардиран за да го звекнеш онака по глава?

Затоа има 7-8 неизнудени грешки просек по утакмица. Ретард... Повреди се лечат, лоша форма се поправа, кондиција се стекнува, некогаш кога не иде - не иде... Ама глупавост не се поправа. :-/
 
Многу оружја имаат ГСВ кога Кари е премногу затворен, не се држат, на некој едноставно ќе му оди тој период и трпа, вчера у втора Вигинс имаше 13 поени ако не се лажам, 2 клучни тројки, не знаеш кој да чуваш.

Реално Грифин добро чуваше во случајот кога превземаа, му затвори десна страна и го насочи на влез, плус со далеку побрз и поспретен играч се чува од мала дистанца, да му беше залепен за тело, Кари ќе го поминеше за секунда, и сигурен сум дека да бил некој друг играч, немаше ништо да направи тука и муабетот ќе беше види каква добра одбрана играат Нетс, НО, Грифин за противник немаше било кој друг играч туку лудак како Стеф Кари кој шутира од каде стигне, па така испи тројка од 8 метри у фаца.
 
Нова жртва на Стеф и дружината вечерва Кавс.
За жал не ја гледав, само следев резултат на НБА.ком и 36:8 во последната четвртина, за вкупно 40 поени на Стеф.
Уште сеа може слободно да му дадат МВП на сезоната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom