НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Вчера го гледав документарецов на Арена, и највеќе сум се изненадил кога во исто време со Фил викаат иста акција, без да се погледнат или договорат. И баш тоа го кажува дека многу често им се случувало тоа, затоа што во исто време проценуваат иста ситуација која што можат да ја искористат, и ја викаат соодветната акција. Ова укажува на генијалноста и кошаркарската интелегенција која што ја имал, и мислам дека да останеше жив ќе беше многу успешен тренер.

Иначе, исто сакам да спомнам, дека колку и да не сум фан на ЛеБрон, мислам дека он е моментално најдобриот човек кој што може да го издигне клубот, градот и да донесе титула после толку години, и да биде посветена на Коби.
 
Мене ми е кристално јасно ама и несподелување на социјални мрежи не значи дека не пратиме што се случува во животов. Јас на ФБ имам по 3-4 објави на година дена, не значи дека не глеам формула, кошарка или пак фудбал. Не значи дека не глеам ракомет кога има или пак не глеам филмови ебате. Многу заклучоци се носи по нашите објави на социјални мрежи, што е тажно.
Еее @beneamata се зачуди како тоа јас сум бил фан на Интер а ме немало во темата. Пред 10 години!
 
На тренинг денеска кај мене кој како шутне од моиве деца што ги тренирам (основно школо) се слуша по некое Kobeeee! Тоа му е единствениот лек.
 
Види ги ботовиве каков муабет тераат, во која тема и во какви времиња ццц
 
Мислев дека сум силен,дека сум многу силен,психички и емотивно.Ама не сум бил. Еве веќе втор ден ми е каша у глава,неможам да се помирам со реалноста.Неможам да одам на работа,неможам да излезам на улица.
Отварам ФБ,инстаграм и рикам ко магаре.
Уствари незнам ни што да пишам.
Зарем мораше вака,зарем мораше на овој начин.
Болно е до коска.
Имам многу срања,многу лоши моменти видено во животов до сега.
Али смртта на Коби,и малата ме пресече,мама ми еба у пичка.50 џоинти испушив за два дена.
Бев прееска пред Америчка амбасада,ставив слика од Коби,запалив свеќа и оставив писмо,на Амерички.
Ми беше чест што,играше за мојот клуб.Огромна чест.
Се радувам затоа што бев сведок,на неговата игра,на неговата кошарка.
Ноќите непреспиени,за да го гледам Коби, Коби и Шек,дури сега добиваат огромна тежина.
Огромно ми е задоволство,што бев сведок,на магија,на нови стандарди во кошарката.Што бев сведок на неговата личност.

Никогаш нема да бидеш заборавен,почивај во мир.
Слава ти.
 
Јанис избришал и твитер и инстаграм. Тренираше со Коби индивидуално последниве неколку месеци, се збори дека ептен бил скршен од трагедијава. Нема ни да игра вечер, иако официјално е пријавена повреда на рамото, мислам не е до тоа.
Каков импакт имаше врз луѓево..... Не е нормално ова
 
Уште ни е неверно на нас и ќе ни биде овака со недели, а што да збориме за сите што лично комуницирале...
 
Имам другар кој живее во Австрија, покрут човек не познавам. Гледам си ставил позадина на фб од Коби. Го задевам ми вели остај у пм, си поплачувам деновиве...
 
Два дена си чувам во себе зошто ебано не знам што да кажам. Почивај во мир Човеку , не заслужи во никој случај да заминеш од планетава на овој начин.Менталитетот , пристапот што го имаше како кошаркар и соиграч е нешто што треба секој да го научи и практикува ако сакаме овој свет да биде подобро место за живеење за сите нас. Почивај во мир Gianna
 
Едноставно чест ми е што се родив и што израснав во твове време легендо замина горе на небото каде што бог покрај себе ги зема големите и добри луѓе никогаш нема да бидеш заборавен почивај во мир и вечна ти слава, едвај со тешко срце успеав некако да ги срочам овие реченица две.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom