НБА Сезона 2017-2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Што тропаш зелени бе? Па Џордан за првиот прстен прво го прегази Ајзеа, па после го победи и Меџик во финалето. Дај бе не тропај глупости од пост во пост. Џордан во лесното освојувал. Џордан ако освојувал во лесното ондак за Леброн нема збор кога освојувал. Во најнајнајлесното. Доста се бламираш со идиотски постови. Информирај се прво прер да пишуваш.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Го прегази откако беше прегазен 3-4 пати по ред.. Ајзеа и Меџик беа пред пензија.. Меџик одма се пензионира а Ајзеа изигра уште 2-3 сезони далеку под нивото.. Ова ти е исто ко да речиш Леброн ги изгази Гарнет и Пирс после 2011.. Па не е само до името бе брат.. Годината е важна.. Не се сите играчи ко Леброн и Карим (еве и Коби ќе го клам тука да не плачите) шо се јаки и во прва и во 15та сезона.. Некој имат 'prime' само по 5-6 сезони
 
Си ги вртиш работиве како што ти чини.Во одредена ситуација нештово ти оди во корист и го кажуваш и него а во одредена ситуација кога не ти одговара,не е битно.
Да беше од инает нештово немаше да е проблем.Проблемот е во тоа што ти стварно си веруваш во нештово.
 
Го прегази откако беше прегазен 3-4 пати по ред.. Ајзеа и Меџик беа пред пензија.. Меџик одма се пензионира а Ајзеа изигра уште 2-3 сезони далеку под нивото.. Ова ти е исто ко да речиш Леброн ги изгази Гарнет и Пирс после 2011.. Па не е само до името бе брат.. Годината е важна.. Не се сите играчи ко Леброн и Карим (еве и Коби ќе го клам тука да не плачите) шо се јаки и во прва и во 15та сезона.. Некој имат 'prime' само по 5-6 сезони
Како така Ајзеа не бешр стар 1990 да освои МВП и прстен ама магично сезона покасно бил престар и затоа изгубил од Џордан. А Меџик не беше престар да стигне до финале ама престар да го освои. Стварно глупости пишуваш од што се обидуваш да тролаш нешто што не може да де истрола.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Тоа не зависеше од Џордан туку од тренерите кои го составуваа тимот.
Има документарка за оригиналниот Дрим Тим, ѕирни ја, добра е.
Патем ќе сфатат и другите зошто го споредувам Леброн со Баркли :)


Аха, сигурно. Улогата на тренерите тогаш била симболична. Главниот збор го воделе Брд и Џордан. Јавна тајна е дека Џордан го мразел Томас. Дури се заканил дека нема да се појави на Олимписки игри, доколку Томас биде дел од тимот. :)
 
После руки договорот, играч може одма да потпише максимален?
 
После руки договорот, играч може одма да потпише максимален?
Да.. руки договоро е 4 год со 2 загарантирани за прва рунда пикови..

Значи пред почеток на сезоната екстензии можеа да потпишат играчи од 2014 драфот.. Како шо видовме Ембид и Вигинс лапнаа дебели максој.. Гери Херис и тој 20 милки по сезона мислам негде беше
Високите пикови прават добра пара и на руки договор.. Фулц ќе напрај 15 милки за 2 сезони без разлика дали ќе игра или не.. Јокич на пример и наредна сезона ќе прави само 1 милион пошто втора рунда пик беше.. Балканско мачење за него ама ќе си ги заслужи 25+ по сезона и ќе се напрај тежок тушник после то Владе Дивац стајл
 
Аха, сигурно. Улогата на тренерите тогаш била симболична. Главниот збор го воделе Брд и Џордан. Јавна тајна е дека Џордан го мразел Томас. Дури се заканил дека нема да се појави на Олимписки игри, доколку Томас биде дел од тимот. :)
Нема сега во лигата таков хулиган како Ајзеа Томас па да споредуваме. Рон Артест пред да стане Мета Ворлд Пис беше таква бараба. Кај Томас бељата беше што тој беше дел од Детрот Бед Бојс у кој Денис Родман бил најмирниот, па сега ти види какви бараби биле тоа.

Сакаш со такви да идеш на олимпијада?!
 
Нема сега во лигата таков хулиган како Ајзеа Томас па да споредуваме. Рон Артест пред да стане Мета Ворлд Пис беше таква бараба. Кај Томас бељата беше што тој беше дел од Детрот Бед Бојс у кој Денис Родман бил најмирниот, па сега ти види какви бараби биле тоа.

Сакаш со такви да идеш на олимпијада?!


Каков ти е овој аргумент, дај сериозно... :)
 
Каков ти е овој аргумент, дај сериозно... :)
Ајзеа Томас ќе го уништел тимскиот дух.
Башка што ова било прв пат НБА кошаркари да настапуваат на олимпијада, па решиле у репрезентација да вклучат само добри момци.

Единствената дилема била Кристијан Лејтнер или Шекил О Нил од колеџ играчите, за на крај да го одберат Лејтнер само затоа што севкупно неговиот универзитет имал подобар успех од универзитетот на Шек.
 
Нема сега во лигата таков хулиган како Ајзеа Томас па да споредуваме. Рон Артест пред да стане Мета Ворлд Пис беше таква бараба. Кај Томас бељата беше што тој беше дел од Детрот Бед Бојс у кој Денис Родман бил најмирниот, па сега ти види какви бараби биле тоа.

Сакаш со такви да идеш на олимпијада?!

баш ради тоа, настрана талентот, тој дрим тим беше најдобриот. тие времиња беа најдобри. (нормално и баскетот кој се играше порано, но ерата на џордан 80-90 е една од најдобрите).

денес ќе влези ембид со треш ток и сите му замеруваме, редум.
тогаш побрзо психички ќе те уништеа отколку да влезиш да се натпреваруваш (талентот на страна, војната беше психичка).

сите имаа его ко планина, сите за себе беа најдобри... и рачунај ти да ги споиш во пикот на кариерите (можеби некои на почеток или на заминување) еден џордан, пипен, јуинг, меџик, дрекслер, баркли, бирд, мелоун,... кој од кој побудала.

да му излезиш на терен? ќе те изедат жив.
има видеа еден куп по јутуб кај што објаснуваат како џордан и пипен на олимпијада се караат кој ќе го чува Кукоч пошто разбрале дека газдата на Чикаго ќе го носел во тимот за следна сезона, најдобар и најперспективен европски играч дрн дрн дрн... практично го силоваа на терен, око не отвори. :lolzz::lolzz:
ете тој е тој менталитет на победник, настрана кавгите меѓусебни и нетрпеливоста на џордан со ајзеа и сл.

исто така, џордан и меџик не ни сакаа да се навидат па имаше натпревар помеѓу себе тој дримтим. И всушност победи екипата на џордан па малку спласнаа страстите. (џордан т.е. неговиот тим победил, меѓудругото откако меџик постигнал тројка па почнал со треш трок и толку требало, жута минута кај џордан. нервите на макс и ги издоминирал). тоа се тие величини кои прво психички ќе те уништат а потоа како тим ќе те сомелат да не знаеш кај е вратата.
самиот џордан има дадено изјава како тоа е најдобриот натпревар кој некогаш го играл. според тоа рачунајте каков бил. штета што ден денес немаме комплетна снимка од истиот или јас немам најдено.
https://www.youtube.com/watch?v=4SbJ4Xf-t5E

чак дејли (тренерот на тој тим) успеал да им го акне егото од глава со тоа што организирал натпревар со екипа од колеџ играчи. нормално егото проработи кај сите и секој играл сам за себе. дрим тимот изгуби од колеџ играчите!!!!
со тоа чак им докажа дека треба да играат како екипа, а не со своите ега како индивидуи (голем дел од нив имаа ривалство помеѓу себе и од екипите од каде доаѓаа). откако ја научија таа лекција во следниот тренинг натпревар кога играа како екипа ги избришаја од подот колеџ играчите. ете толку добар психолог беше чак.

исто така, бидејќи чак во тоа време го предводеше детроит од каде доаѓа ајзеа - кој е во мн лоши односи со џордан (заради што и Томас не игра на олимпијада) беше прашање дали и како ќе се развие однос помеѓу чак и џордан. на крај завршија да играат заедно голд пред секој натпревар. :D

ете тоа беа времиња кога се играше баскет, кога имаше тренеришта и психолози и на крај кога имаше играчи (како погоре наброените) на кои ако им стапниш на нерва има да те стопи психички а потоа и да се помоча на тебе и да те издоминира физички (заради несомнениот талент за баскет).
 
Извинете што ќе се убацам во плоднава и нималку напорна, исфорсирана од тролови, дискусија со фактот дека Ембиид во 2 ипол сезони вкупно има изиграно 55 утакмици.
 
Ајзеа Томас ќе го уништел тимскиот дух.
Башка што ова било прв пат НБА кошаркари да настапуваат на олимпијада, па решиле у репрезентација да вклучат само добри момци.

Единствената дилема била Кристијан Лејтнер или Шекил О Нил од колеџ играчите, за на крај да го одберат Лејтнер само затоа што севкупно неговиот универзитет имал подобар успех од универзитетот на Шек.


Јас велам, за почеток, да не се правиме луди. :)

Ќе го уништел тимскиот дух. Исто како што Дрејмонд Грин го уништи тимскиот дух, на пример. И уште милион играчи, со ,,проблематично однесување'', кои заиграле за репрезентација и не направиле никаков проблем.

Читајќи те, ќе помисли човек дека Ајзеа Томас и целата екипа на Детроит (а знам и од каде прозилегува ваквото мислење, тешко дека човек може да оддолее на пропагандната машинерија од западот, без разлика дали се работи за спорт или некоја сосема петта сфера), биле некоја терористичка ќелија, која преку ден извршува терористички акти, силува малолетници и пие крв од млади невини девојки, а навечер паравански играч кошарка.
Дали биле треш токери? Биле. И тоа многу. Ама, јас не познавам голем играч/екипа, која не го практикува ова.
Дали играле одбрана, неконвенционална за тоа време, агресивна, понекогаш и брутална? Да, играле. И тоа е легитимно. Тоа се средства кои се распололоживи и достапни за сите. Па, ако имаш контра-игра, бујрум, порази ги. На терен. (подоцна го направил тоа Џордан самиот, во финалињата на источната конференција. Само што, најголемиот на сите времиња, користел и некои други инструменти, за да стигне до целта. Измислени приказни, влијанија врз тренери и федерација, хушкања на колеги итн.)

Те молам, објасни ми ја проблематичната и деструктивна природа на ова.

Ајзеа Томас бил најдобриот плеј во лигата. Човекот кој со малку натпросечен Детроит, ја прекинал доминацијата на Бостон и Лејкерс, и застанал на патот на најпрогресивниот тим своевремено, Чикаго. И на патот на Мајкл Џордан. Со кого, го бришел подот во неколку наврати. Буквално.
Па сега, ти сакаш да ми кажеш, дека за најдобриот плеј во лигата и еден од најдобрите играчи во деценијата (од оваа дистанца, еден од најдобрите некогаш), немало место во Олимпискиот тим, само и само поради оваа, излитена причина која ми ја наведе погоре?

Вистинската причина е следната. Томас не се нашол на поширокиот список, поради Брд (коментарите на негова сметка од Ајзеа и приказната ,,бел расизам), и особено Џордан и нивниот однос. Се друго е мачкање очи. Документарците кои ми ги препорачуваш (ги имам гледано), очекуваш да бидат објективни? Од една страна го имаш Џордан, федерација, од друга, некое неважно сиромашно црнче, од предградието на Детроит. Кое сака многу да зборува и да уринира врз аршинот на федерацијата, одвреме-навреме. Очекуваш дека некој ќе ја признае грешката и дека ќе каже дека одлуката за неговото неизбирање, е тенденциозна и е во невидлива релација со кошарката?
Ќе повторам, квалитетот над се. Томас имал квалитет. Заслужувал да се најде на тие Олимписки игри. Не знам колкав испад треба некој да направи, за да и покрај квалитетот играчки, испадне од сите комбинации.

Гревот на Томас и Пистонси се состоел во тоа што им го рушеле мирот и комфорот на богатите и неприкосновени фрашнизи во 80-ите години. На што ќе личи тоа, тим од сиромашно и затуцано место, со одвај познати играчи, со тренер како Чак Дејли, да освојува титули во НБА, додека Лејкерси, Селтикси и Булси и нивните примадони, голтаат прашина позади нив.
Against All Odds. Затоа, во мои очи секогаш ќе бидат најдобриот тим што некогаш освоил НБА титула. Од нејзиното постоење, па се до денес.
 
Последно уредено:
Јас имам непопуларно мислење дека дрим тим III од 96'та би го збришал подот со старците од 92та

Пени
Реџи
Хил
Хаким
Шек

Пејтон/Стоктон
Ричмонд
Пипен
Мелоун/Баркли
Робинсон


dreamTeam.jpg
 
Dream Team III од 96та се мачеше со СР Југославија во финалето на олимпијадата у Атланта.
Владе Дивац ги реметеше максимално, ама на крај Мелоун му се пушти онака у гето стајл и на крај Дивац беше исфрлен од игра поради лични грешки. После тоа беше лесно за остатокот од тимот да го заврши натпреварот со победа.

Сите дрим тимови после оригиналниот кои освоиле злато имале еден човек кој ја земал топката и ја решавал ситуацијата.
Последниот пат Чичко Дру му влезе у бист моуд на Теодосиќ.

Сепак, потег кој засекогаш ќе остане запаметен е Dunk of Death на Свети Винсентије.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom