НБА Сезона 2017-2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Кога правите споредба МЏ/ЛЏ според мене треба да се гледа од призма на доминација. Џордан кога созреал како играч сменил една генерација Лери/Меџик и ја издоминирал својата Хаким/Карл/Чарлс/Ајзеа. За ова не треба да се гледаат статистики.
За Леброн ова не може да се каже. Леброн потфрли во тоа да ги смени старите играчи како Дирк/Данкан па и до некаде момците од Бостон. А со неговата генерација не се ни соочи затоа што заврши во ист тим( овдека за Вејд зборам а можеби и Крис Пол догодина). Дури имам и чуство дека новиве момци од ГС премногу лесно му го земаа приматот доминантност што јас очекував да го добие откако созреа како играч.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Кога правите споредба МЏ/ЛЏ според мене треба да се гледа од призма на доминација. Џордан кога созреал како играч сменил една генерација Лери/Меџик и ја издоминирал својата Хаким/Карл/Чарлс/Ајзеа. За ова не треба да се гледаат статистики.
За Леброн ова не може да се каже. Леброн потфрли во тоа да ги смени старите играчи како Дирк/Данкан па и до некаде момците од Бостон. А со неговата генерација не се ни соочи затоа што заврши во ист тим( овдека за Вејд зборам а можеби и Крис Пол догодина). Дури имам и чуство дека новиве момци од ГС премногу лесно му го земаа приматот доминантност што јас очекував да го добие откако созреа како играч.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Па и за Коби неможиш да напишиш дека доминирал или сменил генерации...реално само Џордан ја има таа привилегија да се пофали дека поради него играчишта и легенди останаа без прстен..додека сите јаки играчи во ерата на Коби и Леброн зедоа прстени..бидејќи ем губеа финалиња ем времињата станаа поинакви и кошарката подиманична во секоја можна сфера....за Леброн реално финалето во 2011 против Далас можи да му се земи како голем пораз и кикс,во другите финалиња имал монструозни партии посебно против ГС во последните 3...додека Коби имал многу сезони каде не стигал до плеј оф па смешно за него да се напиши дека доминирал....сепак еден е Џордан
 
Добро треба да се напомене дека Леброн немал ниту една посериозна повреда во кариерата, а Коби и те како има мачено мака со повредите. Да не беа тие ќе имаше далеку подобри бројки од тие што ги направи, а знаете и самите дека се монструозни. :D Една од работите кај Леброн што највеќе ја почитувам е таа што совршено си го познава телото и знае како да се штеди од повреди. Пред неколку сезони имаше баш некое интервју каде објаснуваше што се правел во оф сезоната за да го подобри перформансот за следната, а тоа беше мислам после втората титула со Мајами ако не се лажам. Човекот тоа лето мислам дека симна неколку килограми, идеше на некои посебни програми кур се тресе, едноставно прав професионалец и права модерна атлета.

Инаку да се навратам на Коби, маана му се тие 2-3 сезони после финалето со Детроит, каде рака на срце имаше стварно слаб тим али небитно, битното е дека му се слаби сезони, мислам не слаби статистички за него туку слаби на тимски план. И на крајот се закопа и себе и Лејкерс со максималниот договор, последниот што го потпиша со Лејкерс, наместо да потпишеше на помалце и да оставеше простор за некој друг суперстар и да пробаат пак да освојат титула... Но што е тука е, и вака не е лошо, пет комада од седум обиди, таманка. :D

П.с. Абе Ајзеа кога се враќа? Камион да не го згази што паузира 423432432 месеци....
 
Ако не сум грешка мислам дека веќе почна ајзеа да игра или барем така најавија (во G лига)

п.с. го сакам ѓубрето ама ова неговото нема смисла, вака ако се повредува лесно ојде кариерата.

upload_2017-12-22_1-16-6.png
 
Истокот е поинтересен годинава. На Бизли му скандираат MVP. :vozbud:Да беше подисциплиран ќе беше солиден стартер во лигата.[DOUBLEPOST=1513914918][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Не знам на што точно се базира тврдењето дека Џејмс не ја доминирал лигата. Леброн Џејмс од својата втора сезона во НБА, сѐ до 16/17 е во Toп 5 играчи во MVP Voting, oсвојувајќи ја наградата четирипати, еднаш со Кливленд, а трипати со Мајами. Не е голем бројот на играчите на коишто им успеало да бидат Toп 5 играчи во лигата 13 сезони во континуитет.

Ајде и за ова со смената на генерациите. Џејмс има настапувано во две ери, 2000s и 2010s. Разликите во играта меѓу периодите 2000s и 2010s се еднакви со разликите од 1980s и 1990s. Неколку примери само, во 2000s повеќе се форсираат изолации во нападот, во 2010s повеќе доминира аналитиката, ball movement и shot selection итн. Во 2000s тимскиот лигашки просек на шутеви за три е околу 18, во 2010s е околу 22.5. Во 2010s се разликува pace-от (темпото, односно колкав број напади има тимот во просек) со оној од 2000s. Во 2010s тимовите користат во просек 93.6 напади во просек, во 2000s тој број е 90.8, факт е дека во 2000s се играше побавна кошарка. Ова се само мал број споредби и податоци од тие два периоди, така што јасно е дека кошарката во 2010s и 2000s се разликува подеднакво (ако не и повеќе) како и 1990s со 1980s.

Околу ѕвездите што настапувале во овие два периоди. Леброн Џејмс досега во кариерата има играно против ѕвезди од типот, Тим Данкан, Коби Брајант, Дирк Новицки, Стив Неш, Џејсон Кид, Кевин Гарнет, Пол Пирс, Реј Ален, Тони Паркер, Ману Џинобили, Стеф Кари, Крис Пол, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Расел Вестбрук, Двејн Вејд, Кармело Ентони, Пол Џорџ, Клеј Томпсон, Кавај Леонард итн. Овие играчи се целосно споредливи и во тимскиот и во индивидуалниот успех со најдобрите играчи од времето на Мајкл Џордан. Еден дел од овие играчи беа во својот prime во 2000s и се пензионираа во почетокот на 2010s, другите своите најдобри сезони во кариерата ги одиграа во 2010s. Што значи и во двата случаи постои смена на генерации кај играчите и еволуција во кошаркарската концепција/филозофија во лигата. И покрај сите концепциски и генерациски промени во НБА, Џејмс во континуитет завршува Топ 5/Топ 3 во MVP гласањето.

И уште една работа. Лигата во последните осум години во споредба со 1990s и 1980s е далеку поглобализирана, т.е. ако во 1990s и 1980s во имало најмногу по два или три странски играчи драфтувани, таа бројка последните години е многу поголема. Неколку примери, на драфтот во 2016 година беа драфтувани 28 странски играчи, речиси половина од вкупниот број, а и првиот пик беше странски играч. Во 2017 година, бројот на странски играчи во драфтувани во лигата е 12, во 2015 е 18. За споредба, драфтувани странски играчи на драфтот во 1995 е 4, во 1992 се само двајца странски играчи драфтувани. Во 1987 бројката на странски играчи кои се драфтувани во НБА е 5. Така што, не е тешко да се заклучи дека со поголемата глобализација на НБА се зголемува и она што се нарекува talent pool, а со тоа и конкуренцијата за место во лигата. И настрана сето ова, не постои мерна единица за најсилна ера, погрешна перцепција е тоа. Може повеќе да ви се допаѓа кошарката во 1980s, може тоа да бидат 1990s, но може и 2010s, меѓутоа тоа е се само вкусови, а 'најсилна ера' не е нешто фактичко. Процентот на странци во НБА низ годините можете на овој графикон да го погледнете.

Тоа што Џејмс преминал од Кливленд во Мајами. И Карим Абдул Џабар премина од Милвоки во ЛА Лејкерс. Дали помалку вредат неговите 5 титули освоени во ЛА? Не би рекол. Дали се намалува вредноста на three peat-oт на О'Нил затоа што и тој ја смени франшизата? Не би рекол. Дали титулата од 1983 на Филаделфија е помалку вредна затоа што Мозес Мелоун како слободен агент и актуелен MVP премина од Хјустон во Филаделфија? Не би рекол. Дали затоа што Денис Џонсон и Роберт Периш им се придружија во 1980s на Лери Бирд и Кевин Мекхејл ги прави трите титули на Бостон помалку вредни? Не би рекол. Вакви примери има и други, овие се само еден дел. Ама нема да најдете ниту еден сериозен човек што ја следи НБА и што би го оспорил тимскиот успех на погоре наведените само затоа што решиле да преминат во поконкурентни тимови. Show Time Лејкерс во тимот покрај Меџик Џонсон, Карим Абдул Џабар и Џејмс Ворти ги имаше Мајкл Купер (дефанзивен играч на сезоната 1987) и Боб Макаду (MVP на лигата и трипати scoring champion) и тоа како резервни играчи. Никој денес не го оспорува успехот на Show Time Лејкерс затоа што имаа екстремно stacked team. Не гледам зошто би требало и на Леброн успехот (тимскиот и индивидуален) да биде оспоруван затоа што преминал во поконкурентен тим.
 
Последно уредено:
А дa oтвoрете нoвa темa The King vs MJ vs The Black Mamba и тaму дебaтa и oбјaснувaње кoј е GOAT.
 
Кузма играчина човече, Лејкерс фанови имате на што да се надевате. Реално рано е да се каже али топ 10-15 играч у наредни година-две ќе е. Во секој сегмент на играта е повеќе од солиден. (y)
 
Кузма играчина човече, Лејкерс фанови имате на што да се надевате. Реално рано е да се каже али топ 10-15 играч у наредни година-две ќе е. Во секој сегмент на играта е повеќе од солиден. (y)
Ја погодија оваа драфт класа Лејкерс, еве и Лонзо почнува да шутира солидно, Харт ќе биде солиден 3&D играч, Томас Брајант како ветува во таа г-лигата, може ќе биде некој солиден играч за ротација за некоја година.
 
The Process се исфoрсирa сo OKC и сегa 76ers имaaт 3 пoрaзи пo ред.
Знaк прaшaње е и дaли ке биде спремен вo Пoнеделник прoтив Knicks.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom