НБА Сезона 2017-2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Д'Антони зема 100% годинава, Сполестра и Снајдер вадат многу од послаби тимови, исто и Стивенс има многу повреди. Торонто годинава се единствена екипа во топ5 рејтинг офанзивно и дефанзивно така да и Кејси заслужува да биди спомнат во овие муабети. Поп класика, Кер одлично работи со ѕвездите. Добра е ситуација со теренерите моментално, жал ми е за Валтон, добар потенцијал покажа а работи во нездрава средина. Ќе ги заборавев од послабите екипи и Карлајл и Буденхолзер така да многу тешко е топ 5 листа на тренери да се состави, вкусови се во прашање.
 
Мислaм декa леснo е кoгa имaш 4 All Star игрaчи вo рoстерoт.Стив Кер имa игрaнo зa Фил Џексoн и Пoп и сигурнo нaучил мнoгу oд нив и мнoгу ме интересирa штo мoже дa нaпрaви и дo кaде мoже дa стигне aкo е тренер нa прoсечен тим вo лигaтa.
 
Зошто побогу Ерик Сполстра пред Д Антони?

Оти Сполстра нема досега лоша сезона кога ќе има полн состав. Да речиме да оди Д'Антони во Мајами шо мислиш ќе играт ко шо треба или.. …?
 
Оти Сполстра нема досега лоша сезона кога ќе има полн состав. Да речиме да оди Д'Антони во Мајами шо мислиш ќе играт ко шо треба или.. …?
Ова ме потсети да отвориме една дебата дали е подобар Поп или Фил.
Поп има континуитет, вади максимум од своите играчи, има играно најбрза и најбавна кошарка, со изолации и со најмногу асистенции и секогаш бил во врвот.
Од друга страна Фил имаше прејак систем и ако има играчи со кои може да го игра својот систем неговите екипи беа незапирливи. Но кога немаше играчи за триаголникот не се адаптираше и екипите му беа прилично лоши.

За мене е подобар Поп поради прилагодливоста но негов најдобар тим никогаш не би победил најдобар тим на Фил.
 
Што би рекол Авдич, не постои играч во цел свет што не сака да игра за Д'Антони.
 
жал ми е за Валтон, добар потенцијал покажа а работи во нездрава средина.
LOL
Каква е таа нездрава средина? Баш одлично му оди на Волтон и од тим полн со деца и големи потенцијали го вади максимумот. Знаеш дека летоска ќе се зима бар еден суперстар во Лејкерс така? Плус Меџик е во клубов од сезонава, доста добри потези се повлекоа, се ослободија од Расел дебилот преценет, од Кларксон, уште од Денг и топ ќе биде. :D
Ок е, не мора уште од првата сезона да има тим што ќе игра финале, може и полека да се гради тимот.
 
Се расправа со Бол и глупите медиуми, изгубе добар млад играч ко Расел за да се ослободат од лошиот договор на Мозгов, годинава на добар драфт немаат пик и други глупи потези од минатото кои му висат на глава. Расел колку и да е дебил можеа да извадат повеќе за него да не беше ситуацијата со Мозгов. Одат во добра насока но мислам дека летово не е време за суперстар, треба да им се даде уште една сезона на Инграм и Бол да се досредат па наредното чео да се брка суперстар.
 
Што би рекол Авдич, не постои играч во цел свет што не сака да игра за Д'Антони.

Нормално е то играт Ран н Ган и секој ќе има над 10 просек кај него зборам за оние обичните просечни играчи.
 
Се расправа со Бол и глупите медиуми, изгубе добар млад играч ко Расел за да се ослободат од лошиот договор на Мозгов, годинава на добар драфт немаат пик и други глупи потези од минатото кои му висат на глава. Расел колку и да е дебил можеа да извадат повеќе за него да не беше ситуацијата со Мозгов. Одат во добра насока но мислам дека летово не е време за суперстар, треба да им се даде уште една сезона на Инграм и Бол да се досредат па наредното чео да се брка суперстар.
Лавар е мал проблем дефинитивно, ама ми личи ко да го решија, се нема подолго време јавено, може зашто ги однесе другите браќа во Литванија и не е во САД за ТМЗ да го прати и да бара изјава цело време.

За Расел, мислам го извадија максимумот, иако во идеален свет, без договорите на Мозгов и Денг, ќе го пратеа во некој пакет за ПЏ директно во Индијана. Од друга страна со трејдот на Расел, кој е млад, со огромен скандал позади него, прилично често се повредува и доста не константен засега, го добија Кузма и Харт, така да гледај го трејдот како Расел + Мозгов за Брук Лопез, Кузма, Харт. Брук ја пронајде улогата во Лејкерс, т.е. му ја најдоа и сега е константен со 15+ поени и солидна одбрана, за Кузма не ми се збори, грабеж на драфтот и по мене топ5 руки, Харт е прототип 3&D играч, каков што му треба на секој тим.

На Денг договорот му истекува за 2 години, ако одат на варијантата да се потпише 1 ѕвезда сега, 1 идната година, тогаш и он ќе биде во оптег за трејдање, зашто ќе биде договор што истекува. ПЏ место КЦП би било идеално, барем за следната година, другите доколку можат нека ги потпишат на 1 година, па идното лето нека преиспитуваат што ќе се прави.

Како и да е, сите потези на Меџик и Пелинка испаднаа сега за сега правилни, КЦП после затворот игра како препороден, Брук исто, Инграм прераснува во лидер на тимот, Рендл од кога почна да добива минутажа игра како ол-стар, Кузма исто имаше проблематичен период од месец негде, исто и он сега е подобрен, поготово во одбрана, за Лонзо премногу имаме зборено да не се повторуваме, Харт кажав. Разочарува единствено ИТ, ама кога ќе ми текне дека е замена за подолгиот договор на Кларксон, и ако го ставиш во споредба со Кларксон тука некаде е продукцијата.
Приоритет нив им беше потпишување суперѕвезди, и сите потези до сега се во таа насока, млад и перспективен тим и тренер, забавна кошарка, cap-space, стабилна организациона структура, нов тренинг центар... Така да според мене моменталниот фронт-офис треба да се суди за 1-2 години и резултатите тогаш.
 
Ја би го трејдал Бол,а би го оставил во тим Томас.
Томас заедно со Пол Џорџ, и плус уште еден квалитетен стартер би биле тим за плејоф.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom