НБА сезона 2016-2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кој тим ќе биде овогодишен шампион?

  • Голден Стејт Вориорс

    Гласови: 23 76,7%
  • Кливленд Кавалирс

    Гласови: 7 23,3%

  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Se zgaziv od smeenje [emoji23][emoji23][emoji23]
858b98587705cbc80ae9be8f4c8864f3.jpg
 

Нема ништо чудно и спорно на клипот- во НБА, во поновата ера, на мечеви играни за Велигден се пости во играње одбрана, најголем грев е тоа :toe:!!!
(Геторејдот што го пијат е исто така посен, да нема забуни, easter approved издание)

Инаку , на 14 април,2017-та година, во попладневните часови, додека домаќинот и голем верник Tyronn Lue цепел дрва во дворот (на време подготвувајки се за следната сурова зима) се случило вистинско чудо =во моментот кога замавнал со секирата, на еден од трупците му се појавил ликот Господов а на другиот, до него било изгравирано, како да е ремек дело од вредните раце на врвен копаничар, пораката (со фонт Verdana): "Клецајте го Jeff Teague !" o_O
Oва е според кажувањата на мештаните , Tyronn се уште нема дадено изјава

Чија била идејата, дали на Lue навистина Господ му го осветлил патот овој плејоф за нова титула или можеби Jeff Teague едноставно, во текот на првиот меч ја имаше таа среќа да биде најчесто на погрешно место, во погрешно време (со гаќите смкнати ) и не е битно.....Тоа што му го правеа цела екипа од Кливленд беше навистина непријатно за гледање :facepalm:

Го препорачувам, за оние кои не го гледале првиот меч, барем првото полувреме да го видат, школски пример како се експлоатира еден играч дефанзивно до максимум. Шајка врз шајка -Го распнаа Jeff Teague !! Великомаченик Jeff Teague воскресе. :popce:

Пацерите речиси 1/3 од поените ги примија преку него. Дури и на Ванганди и Џексон им беше непријатно да коментираат во текот на мечот и доста беа воздржани за овие очигледни пропусти на Мекмилан (n). Turner и Jeff а испаднат на периметар да бранат PnR пиши отидоа јабана Индијана. Еден од најлошите мечеви дефанзивно за една екипа во плејоф последниве 10 години ( и нападот на CLE и не е толку причината)

Ако не шутираа Пацерите феноменално за три -7/13 прво полувреме, мечот на таа катастрофална одбрана, ќе беше решен на полувреме. Кавс на првите два меча играат доста недисциплинирано, штом направат поголема разлика се опуштаат и кој начека топка шутира од кај стигне, што резултира со големи осцилации во играта и шанси за Индијана.
 
Кога сме веќе кај одбраните, вчера одбраната на Мемфис кога истопија од -19 на -4 беше за учебници, до сега таква одбрана во животот не сум видел.

Да имаа само малку подобар критериум судиите....Спарси да молат бога да ја завршат оваа серија во 4 утакмици иначе тешко од оваа серија да излезат сите во 1 парче.

Она што Мемфис го играше во 3/4 и некаде до средина на 4/4 прв пат го гледам во животот.

Спарси кои ептен водат евиденција за секој посед, не можеа да направат повеќе од еден пас до било кој соиграч на теренот, таква агресија имаше Мемфис на линија на додавање, што играчите на Спарс си седнуваа на дупе од контакти, како Гризлиз да беа шестмина, стигаа се да удвојат и таман мислиш дека имаат Спарси вишок некаде, они во последен момент се затвараат...

Стопија 15 разлика без никаков офанзивен учинок, на чиста одбрана од која се отвараа контри 1 на 0, вака искусни играчи како што се Спарс да не знаат што се случува на паркетот, како некоја колеџ екипа која губи топка за топка, дури и Кавај кој е синоним за физичко чудо неколку пати заврши во аут. Удвојувањата им беа поезија вчера, уште никој не го заробил Кавај така и тоа повеќе пати на пренос на топката и да толкав човек со толкав wingspan не може да ја додаде топката до ниту еден соиграч...

На крај сепак среќно се извлекоа со тројката на Тони па на Пау и Мемфис тука попушти...

Али сепак не е ни реално со таков офанзивен учинок да направат брејк, секој напад бараа по 20 секунди влезен пас на З-Бо или Марк макар тие ја примиле топката и на 6 метри од кошот, па тргнуваа во некоја баскеташка реализација...

А и одбраната на Сан Антонио е интересна:icon_mrgr:, Мемфис кај кои што само Конли има способност за некоја организација и може да погоди некој отворен шут, еден играч од Спарс игра одбрана на него а сите други четворица се вртат покрај Марк и З-БО :icon_lol:

Каква тешка серија за Спарси, небитно и да добијат 4-0, ќе проплукаат крв во сите тие победи...
 
Неверојатно искуство имаат Булс во вид на Ражон, како диригира братот.

Мада го истепаа Ајзеа за сите пари у одбрана Булс...

Крис Мидлтон е опасна хаубица.

Јанис не може океан да погоди :confused:
 
Добро е за Бакс што Монро е расположен, веќе има 16 поени.
Гианис денес слабо..

од -13 до -2 за минута ипол. Страшен Мидлтон!
 
Промашија 2 отворени тројки Бакс на -2 за нив во последната минута..плус уште еден многу лош напад одигран после тајмаут. Таа на Брогдон како излезе од обрачот само....Дели сепак е камењар. Акцијата после тајмаутот беше очај, Јанис остана со Лаури и реши да го зида ама џабе кога собираат у одбрана Торонто, а на Кид му играат камењари ко Мејкер и Дели и на братот му ја украдоа...
 
Последно уредено:
No hate for the 1st seed Celtics here i see. :D Секоја чест за Чикаго, им ја наметнаа нивната игра и поштено си ги добија. Вејд и Батлер се опасни во плејоф. Мерак ми е да ги победат за да им вратат за една од најдобрите плејоф серии, онаа од 2009-та (после Сиксерс - Репторс од 2001).
 
Не верувам Чикаго да ги поминат Вашингтон, но Леброн-Вејд конференциско би било :drk:
 
Не се усраа ич Бостон, можеби ќе беше подобро втори да си завршат, барем ќе изгубеа 4:1 или 4:2 вака 4:0 и ајт.
 
Сеа полека станува јасно фамозното глупирање на Кливленд со Атланта на крај и "одмарањето" клучни играчи кога се решаваше прво место. Очигледно сакаа да ги одбегнат Чикаго, против кои и онака имаат 4 порази сезонава.
 
Сакаа да го избегнат Вашингтон втора рунда а не Чикаго.. Чикаго и онака тоа време беше надвор од плејофот.. Тешкиот распоред на Мајами си го направи своето.. Веројатно и Мајами би ги избришале Селтикси.. Како шо реков најслабиот првопласиран тим во последно време.. Батлер и Рондо му ги ставија клештите на Ајзеа.. Друга опција немат..
 
Булс на ТНТ+ плејоф Рондо не се заебанција.
Шала на страна, со центар како Хорфорд и без 4ка што ќе обезбедува скокови, неможат да се носат против високи екипи. Лопез го силува Хорфорд. Требаше да пробаат да го донесат Ибака и онака имаат милион пикови што не сакаат да ги искористат.
 
Булс на ТНТ+ плејоф Рондо не се заебанција.
Шала на страна, со центар како Хорфорд и без 4ка што ќе обезбедува скокови, неможат да се носат против високи екипи. Лопез го силува Хорфорд. Требаше да пробаат да го донесат Ибака и онака имаат милион пикови што не сакаат да ги искористат.
Во плејоф потешко е и за Ајзеа да игра, многу погруба игра се дозволува а со висината на на Ајзеа колку и да има срце дечкото тешко дека можи да изигра 4 плејоф серии на ниво. Јас да сум ГМ на Бостон драфтувам плеј со првиот пик и го трампам Ајзеа за Џорџ или Батлер. И покрај сите херојства на Ајзеа сезонава ова ми изгледа најразумно на долг план.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom