Ајде со среќа новата сезона идемо САС лагано до титуле. 
Главни претенденти за титула: 
Вориорс, Кавс, Спарс, Тандер, Клиперс, Рокетс осталите ниво испод....
Оклахома
Дурент има уште 1 година од договорот и најбаксузната франшиза е на раскрсница од која зависи иднината на франшизата...
Немаше некои претумбации во ростерот само турчинот доби 4 годишен 70 милки...( па добро не е ни чудно кога „Знам само да скокам Томпсон“ заработува преку 16 милки годишно...)
У секој случај апгрејд на факинг Кендрик Перкинс....
Тука е Ибака да го покрива, Мороу, Синглер и Новак донесуваат шут, Колисон, Адамс и Мекери цврстина и борбеност од клупа а Агустин и Вејтерс креација, непредвидливост и повремени шутерски експлозии...екипа за респект нема што.
Најголема промена е смената на Скоти Брукс, дефанзивното гуру али и човекот со раритетни нападачки сетови "Give the ball to Rasel or Kevin and watch what they do".
Тука е сега Били Донован, големо колеџ име, кој долго време ги водеше Флорида Гејторс и створи неколку феноменални кошаркари ( Џејсон Вилијамс, Јоаким Ноа, Кори Бруер, Ал Хорфорд, Мајк Милер, Бредли Бил, Чендлер П(а)ерсонс). Донован е тренер со широки сфаќања кој нема суета и некои свои правила за тимот, па многумина во Америка очекуваат да ги претвори Оклахома во најатрактивна екипа во НБА караванот...
Тандерс никогаш немат изгубено серија во Плеј-оф кога Ибака, Расел и Кеј Ди биле здрави...
Сега или никогаш за OKC....
Хјустон
Со доаѓањето на Тај Лоусон докажаа дека ке пробат да идат чекор понатаму...доколку Двајт биде спремен, Харден ги доби правите соиграчи, па на Вест ке бркаат повеќе победи од лани. Дали ке сфатат конечно дека до финале единствено може да се стигне со максимален труд и озбилно сфаќање на противникот останува да видиме....
Клиперс
Конечно сфатија дека им се потребни играчи, со доаѓањето на Ленс и Џош го појачаа составот, па така Док ке има повеќе играчи за ротација...Ди Андре испадна најлицемер во трансфер периодот, Крис Пол е еден од најпрецентите играчи во лигата....единствено Грифин се пијанчеше во Мексико. 

 Дали Пол е доволно голем играч да ја сруши традицијата и да ги одведе Клиперси до титула...?
СаС
Грег, Мани  и Тим досега никогаш немаат одбрането титула. Во последните 8 години освоија 1 трофеј и изгубија едно финале. Оваа година со ЛмА и Вест конечно се појачаа. Останува да видиме дали уште еднаш Спарси ке ја повторат МАГИЈАТА...дали Тим и Ману ке заминат со или без титула?
Кавс
Леброн има 2-5 во финалињата. Кавси се владари на истокот и вероватно без поголеми проблеми( Чикаго Булс) ке играат финале во НБА лигата. Блат беше под голем притисок и својот квалитет го покажа во финалето кога со Делаведова им покажа на Вориорс дека не можат толку лесно да го победат....Кавс се појача со Мо Вилијамс и здрав Варежао, па ке имаат поголем 
depth него минатата сезона. Најтежок пораз е оној во финалето, Леброн веќе ги има 5, уште колку е спремен да изгуби пред да го освои третиот прстен...?
Вориорс
Вориорс продолжуваат онаму каде застанаа, Кари достигна нови граници па после титулата ке игра уште по растеретено....во превод милион лесни шутеви за 3 преку 3 играчи и брзи полагања испод кошот - дека не ли сите ке го пазат да не стигне до линијата за 3п. Титулата полесно се освојува него што се брани....
Кој ке не изненади, кого да пратиме и дали некои ке не разочараат?
- Атланта мислам покажаа дека колку и да се јаки во лигата, дека можеме лесно да ги отпишеме во Плеј-офот. Едноставно - и понатаму немаат играч со поени во раце.
- Визардс ке зависат од Портер, затоа што Зидот ке си го одработи свое, имам впечаток дека се послаби од лани...
-Булс со Хоиберг ке играат брзо? Дали ке имаат играчи за такво нешто? Им фали клупата...дали некогаш ке сфатат?
- Њу Јорк и Индијана - ке гледаме како Кармело и Џорџ ги пунат статистичките категории...ништо битно и да отидат у плеј оф. Ке ги раскантаат таму.
- Мајами има фино екипиче, ама небитно е Кавси лагано освојуваат...
- Ке биде интересно да се гледа Милвоки со Монро. Имаат добра екипа, можат да бидат потенцијално изненадување на East...
- Испратите како играат Ноел и Окафор. Ми делува како да не можат да играт заедно....
- Очекувам Драмонд да експлодира оваа сезона.
- Лилард можеби и да биде најдобар стрелец оваа година , веројатно милион поени и 50+ порази за Трејблејзерс....
- Рондо, Геј, Казнс...дали можат до плејоф со Кингси после 9 години...
- Мемфис е дефинитивно најдосадната екипа во лигата, секогаш исти без засилувања со Гасол и Рендолф, играат олд скул кошарку, вредат да се испратат во плеј оф, ама не ми се за гледање баш во регуларниот дел....
- Торонто и Шарлот ништо нема да направат во плеј оф и тоа е тоа. 
- Денвер ке го пратам само ради Мудиај....
-Далас, Орландо, Бруклин, Бостон исто небитни како ланскиот снег...
- Санс и Џез? Мислам дека една екипи потенцијално може да се довлечка до плеј оф...