НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Спарси против тимови што се под .500 имаат само еден пораз, wow. На гости имаат само една цел, да победат.
 
Ненадјебиви се овие Вориорс, не знам толку ли не можат екипите да им најдат некое решение, иако Вориорс се многу специфична екипа и за беља сите се во својот prime од кариерите....

Кавс можат до 4-2 макс, Сан Антонио исто, Клиперс се небитни и имаат комплекс, ценам доколку на клупата на Тандер би бил Карлајл би можеле сериозно да се излактаат со ГСВ...

За да се надеваш на нешто против ГСВ мораш да го направиш следното:

-Успорување на темпото до максимум, ротација минимум од 9 играча и некои 45-50 фаули правилно распоредени и да имаш игра преку центри.

-Да го натераш Грин да трчи на двете страни од паркетот, ако го измориш Грин, шансите ти рипаат автоматски.

-Нон стоп во натпреварот да се менуваат одбрамбените шеми, за да Вориорс не се прилагодат толку брзо, како што го прават тоа до сега, тоа бара од играчите неверојатна физичка кондиција и координација меѓу соиграчите.

- Не знам зошто ама досега не видов некој да се обиде со diamond-and-one одбрана на Кари и Томпсон, во зависност кој трпа таа вечер, ова е варијација со многу box and one, али одбрамбените играчи го презимаат противникот само тој кој што ја има топката во раце, додека во box and one еден играч трчи низ блокови и го лови овој што ја има топката во раце, значи превземања многу а никако фластер одбрана.

images

На сликата ниското крило е задолжено за пресинг на топката, а останатите четворица играчи формираат дијамант, ако топката иде на врв на рекетот, 1 иде напред, а 3ката иде на негово место. Ако се менува страна во нападот ( во овој случај на десна), тогаш 2ка иде на блок, 5ката иде на негово место , додека пак 3ката трчи под кош за да загради дефанзивен скок. Овој систем овозможува рамномерно трошење на енергијата на сите играчи, драстично смалува можност за влез и за лесни поени, како и за back door пасови или hand off на Кари со Барнс, Грин, Игудала...

Е сега слабостите на оваа одбрана се хај-лоу сетовите, затоа што бек остане на центарот и тоа е одма предност за екипата која е во нападот, али со дрва на низок пост како што се Богут, Езили, Спејтс па и Барнс, многу е боље да ти играат на низок пост него да не знаеш од која страна те решетаат Кари и Томпсон.

-Да се држат тимовите до своја концепција и никако да не влегуваат во нивен ритам, јер ако влетаат во нивен ритам и мислат дека можат да ги победат, автоматски можат да отидат да се испоубијат сите... :D

Лесно е ова на хартија...ама дали може некој да го спроведе е прашање. :D
 
Страшо Колдскај Тодоровиќ
На времето кога Страшо наплаќаше чланарина кога тренираше деца од сабајле кога ке отидеш на тренинг и не си однел чланарина "Еј ти донеси чланарину да не те с'нују...". [emoji23]

На камп во Соко Бања тие синалко баскети едно 20 стави во комбето за дома...[emoji23]

Те пушта во игра и сам си на 3ка и промашуваш и ти се врти " Еј ти бе што шутираш кој играч си ти"
-Трењере па сам беше.
"Па што не погодиш ако си сам"

Жива комедија е човекот, ке дадеше баскети и правац кафанчето до спортската сала во Куманово што е.. [emoji23] [emoji23]
 
Ненадјебиви се овие Вориорс, не знам толку ли не можат екипите да им најдат некое решение, иако Вориорс се многу специфична екипа и за беља сите се во својот prime од кариерите....

Кавс можат до 4-2 макс, Сан Антонио исто, Клиперс се небитни и имаат комплекс, ценам доколку на клупата на Тандер би бил Карлајл би можеле сериозно да се излактаат со ГСВ...

За да се надеваш на нешто против ГСВ мораш да го направиш следното:

-Успорување на темпото до максимум, ротација минимум од 9 играча и некои 45-50 фаули правилно распоредени и да имаш игра преку центри.

-Да го натераш Грин да трчи на двете страни од паркетот, ако го измориш Грин, шансите ти рипаат автоматски.

-Нон стоп во натпреварот да се менуваат одбрамбените шеми, за да Вориорс не се прилагодат толку брзо, како што го прават тоа до сега, тоа бара од играчите неверојатна физичка кондиција и координација меѓу соиграчите.

- Не знам зошто ама досега не видов некој да се обиде со diamond-and-one одбрана на Кари и Томпсон, во зависност кој трпа таа вечер, ова е варијација со многу box and one, али одбрамбените играчи го презимаат противникот само тој кој што ја има топката во раце, додека во box and one еден играч трчи низ блокови и го лови овој што ја има топката во раце, значи превземања многу а никако фластер одбрана.

images

На сликата ниското крило е задолжено за пресинг на топката, а останатите четворица играчи формираат дијамант, ако топката иде на врв на рекетот, 1 иде напред, а 3ката иде на негово место. Ако се менува страна во нападот ( во овој случај на десна), тогаш 2ка иде на блок, 5ката иде на негово место , додека пак 3ката трчи под кош за да загради дефанзивен скок. Овој систем овозможува рамномерно трошење на енергијата на сите играчи, драстично смалува можност за влез и за лесни поени, како и за back door пасови или hand off на Кари со Барнс, Грин, Игудала...

Е сега слабостите на оваа одбрана се хај-лоу сетовите, затоа што бек остане на центарот и тоа е одма предност за екипата која е во нападот, али со дрва на низок пост како што се Богут, Езили, Спејтс па и Барнс, многу е боље да ти играат на низок пост него да не знаеш од која страна те решетаат Кари и Томпсон.

-Да се држат тимовите до своја концепција и никако да не влегуваат во нивен ритам, јер ако влетаат во нивен ритам и мислат дека можат да ги победат, автоматски можат да отидат да се испоубијат сите... :D

Лесно е ова на хартија...ама дали може некој да го спроведе е прашање. :D

Во регуларен дел од сезона ретко екипите се осудуваат на matchup базирани промени. Особено не озбилните. Главно ги користат тие 82 натпрвари за усовршување на основата на својата игра.

Во плејоф од друга страна, со оглед на доминацијата на Голден Стејт сезонава, апсолутно ништо нема да ме изненади од противниците од тактичка страна. И онака немаат што да изгубат.

Инаку, таков тип на зона не сум убеден дека е оптимален за против Голден Стејт. Не е проблемот во Голден Стејт само Curry и Thompson што се шутери туку фактот што имаат постави со 5 шутери на теренот и сите се спосбни да додадат до отворениот играч. Во една таква зона, да не те чуди Iguodala, Barnes и D.Green сите по 3-4 тројки да им начукаат. А да не зборувам што Curry не можеш ни со пресинг да го чуваш од секаде во секој момент може да ти се крени на шут. Најдобра одбрана против Curry е да го натераш ГС да играат преку некој друг (да му ја тргнеш топката од раце).

Е како да се направи тоа е друга приказна за многу попаметни од нас :)
 
Curry и Tompson се најдоброто шутерско дуо во последните 25+ години, башка останатите им се повеќе од солидно добри шутери да беше така и во пракса едноставно... као што си пишал. Поповиќ го има лекот, ќе ги скроти во плејоф, завчера како го затвори Казнс (1 поен имаше во прво полувреме) милина беа за гледање Спарси
 
можам да се согласам дека попович има некое решение и варијанта за одбрана над curry ама дека може да му го најде лекот тешко...
едноставно премногу е подвижен, нема некој играч кој може солидно да го чува (секако тука ќе ги ротира паркер и милс), a шутот му е маѓија и не е чудно онај да го потопи било кој клуб што ќе игра во финале, велам финале пошто годинава во финале на конференција и финале исток-запад сигурно ќе ги гледаме gsw
 
Грин и Ленард ќе се менуваат на Кари и Томпсон во одбрана сигурно. Мада и Милс ко што е брз би можел добро да го брка низ блокови, не верувам Кари да игра на пост против него.
 
Паркер е човек мање у одбрана, недај боже него да го стават на Кари. :D
 
Грин ајде ајде до некаде трпи вода муабетот.... ама Ленард не може да го чува Кари... ќе биде тоа мачето со глувчето брканица.... поситен, поподвижен играч.... засега за него во НБА нема одбрана, пред сè ради феноменалната механика и шут од каде и кога ќе му текне, агилност, прецизност... цела останата „багра“ што сере тројки од каде и кога ќе им текне....

искрено, мене мило ќе ми биди да го рушат рекордот на булси, дај Боже... не сум нивни фан ама дечките се борат од ноќ во ноќ, кари е ѕвер, игудала го обожавам уште од филаделфија, грин е хилбили селанец ама се бори - сакам такви играчи, клеј е невиден тројкаш а и одбраната добро ја игра, богут е интелегентен центар, кери тренериште.... сè на сè дечките сакам да ги гледам во финале, конференциско, а потоа и во големото финале
 
Кер, Волтон или тебе да те стават како тренер пак gsw ќе си се gsw, му се поклопија коцките, да го ставиш како тренер на Никси или Лејкерси ништо нема да смени ти гарантирам. Поповиќ е препаметен, ќе си го тера системот 82 игри па допрва ќе експериментира, единствено што би тактизирал периодов е да одмара играчи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom