G
garthok
Гостин
Спарси против тимови што се под .500 имаат само еден пораз, wow. На гости имаат само една цел, да победат.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.




На времето кога Страшо наплаќаше чланарина кога тренираше деца од сабајле кога ке отидеш на тренинг и не си однел чланарина "Еј ти донеси чланарину да не те с'нују...". [emoji23]Страшо Колдскај Тодоровиќ
Ненадјебиви се овие Вориорс, не знам толку ли не можат екипите да им најдат некое решение, иако Вориорс се многу специфична екипа и за беља сите се во својот prime од кариерите....
Кавс можат до 4-2 макс, Сан Антонио исто, Клиперс се небитни и имаат комплекс, ценам доколку на клупата на Тандер би бил Карлајл би можеле сериозно да се излактаат со ГСВ...
За да се надеваш на нешто против ГСВ мораш да го направиш следното:
-Успорување на темпото до максимум, ротација минимум од 9 играча и некои 45-50 фаули правилно распоредени и да имаш игра преку центри.
-Да го натераш Грин да трчи на двете страни од паркетот, ако го измориш Грин, шансите ти рипаат автоматски.
-Нон стоп во натпреварот да се менуваат одбрамбените шеми, за да Вориорс не се прилагодат толку брзо, како што го прават тоа до сега, тоа бара од играчите неверојатна физичка кондиција и координација меѓу соиграчите.
- Не знам зошто ама досега не видов некој да се обиде со diamond-and-one одбрана на Кари и Томпсон, во зависност кој трпа таа вечер, ова е варијација со многу box and one, али одбрамбените играчи го презимаат противникот само тој кој што ја има топката во раце, додека во box and one еден играч трчи низ блокови и го лови овој што ја има топката во раце, значи превземања многу а никако фластер одбрана.
![]()
На сликата ниското крило е задолжено за пресинг на топката, а останатите четворица играчи формираат дијамант, ако топката иде на врв на рекетот, 1 иде напред, а 3ката иде на негово место. Ако се менува страна во нападот ( во овој случај на десна), тогаш 2ка иде на блок, 5ката иде на негово место , додека пак 3ката трчи под кош за да загради дефанзивен скок. Овој систем овозможува рамномерно трошење на енергијата на сите играчи, драстично смалува можност за влез и за лесни поени, како и за back door пасови или hand off на Кари со Барнс, Грин, Игудала...
Е сега слабостите на оваа одбрана се хај-лоу сетовите, затоа што бек остане на центарот и тоа е одма предност за екипата која е во нападот, али со дрва на низок пост како што се Богут, Езили, Спејтс па и Барнс, многу е боље да ти играат на низок пост него да не знаеш од која страна те решетаат Кари и Томпсон.
-Да се држат тимовите до своја концепција и никако да не влегуваат во нивен ритам, јер ако влетаат во нивен ритам и мислат дека можат да ги победат, автоматски можат да отидат да се испоубијат сите...
Лесно е ова на хартија...ама дали може некој да го спроведе е прашање.![]()

Curry и Tompson се најдоброто шутерско дуо во последните 25+ години, башка останатите им се повеќе од солидно добри шутери да беше така и во пракса едноставно... као што си пишал. Поповиќ го има лекот, ќе ги скроти во плејоф, завчера како го затвори Казнс (1 поен имаше во прво полувреме) милина беа за гледање Спарси