Leo Bonnie
Кад се врате скитнице
- Член од
- 20 декември 2008
- Мислења
- 4.539
- Поени од реакции
- 5.720
Данкан беше таква ѕвезда на времето, ама последниве 5-6 години не е веќе топ 10 играч за каков што станува збор овде (цело време си е некаде 15-20то). Паркер никогаш и не бил реално топ 10 играч во цела лига. Не оди тоа еднаш ѕвезда засекогаш ѕвезда. Битно е кој моментално има таков капацитет, а тоа се се на се само неколку играчи (LeBron, Durant, Curry, Westbrook, Harden, Davis, Paul, Griffin и можеби Cousins). И M.Gasol може да се земи ама Гасол е звер на поинаков начин и реално неговиот тим не може баш да се опише како тим околу ѕвезда. Е сега и некои од погорните играчи може да се вклопат во тимски концепт сличен на оној на Сан Антонио, Атланта и други и тоа е иднината на НБА - во таа насока одат повеќето попаметни тимови. Реално и Голден Стејт го игра тоа иако има таков играч во Curry.
П.С. Да се разбереме пак требаат квалитетни играчи, без играчи не се победува. Ама квалитетни играчи има едно 50-60 не мора да се има еден од најдобрите 10. И Атланта можеби нема некоја суперѕвезда ама Хорфорд е сеуште солиден иако не е истиот од пред повредата, Корвер реално треба да биде алстар сезонава, Teague е одличен играч, Millsap исто е страшен играч и еден од најпотценетите во лигата итн. Не е дека Атланта нема играчи....
Ги потценваш многу Данкан и Паркер, можеби не се топ 10 играчи но имаат муда и се искусни во плејоф и не се плашат да преземат одговорност кога е најпотребно и јас лично повеќе би сакал во последен напад топката да ја има Паркер отколку Вестбрук,Кари и Харден, исто и Данкан пред Грифин, Казанс и Гасол. Кари е одличен играч но се уште не знаеме како ќе реагира во такви ситуации во плејоф.
За Атланта, имам изгледано многу натпревари од Корвер и Милсап и нема теоретска шанса Атланта да ги помини Чикаго во плејоф. Милсап е премал за ПФ, офанзивно е одличен играч но едноставно е премал. Кога ќе дојде да играат против Ноа и Гасол и Миротиќ на 3ка ќе ја јадат истата метла што ја јадеше Јута 3 години од Бајнам,Гасол и Одом. Корвер е најдобриот шутер во НБА но дефанзивно е слаб, ете Аланта игра тимски добра одбрана но против големината на Чикаго мислам дека нема да имаат шанси. Поради истиве причини и Кливленд го зедоа Мозгов.
