НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Данкан беше таква ѕвезда на времето, ама последниве 5-6 години не е веќе топ 10 играч за каков што станува збор овде (цело време си е некаде 15-20то). Паркер никогаш и не бил реално топ 10 играч во цела лига. Не оди тоа еднаш ѕвезда засекогаш ѕвезда. Битно е кој моментално има таков капацитет, а тоа се се на се само неколку играчи (LeBron, Durant, Curry, Westbrook, Harden, Davis, Paul, Griffin и можеби Cousins). И M.Gasol може да се земи ама Гасол е звер на поинаков начин и реално неговиот тим не може баш да се опише како тим околу ѕвезда. Е сега и некои од погорните играчи може да се вклопат во тимски концепт сличен на оној на Сан Антонио, Атланта и други и тоа е иднината на НБА - во таа насока одат повеќето попаметни тимови. Реално и Голден Стејт го игра тоа иако има таков играч во Curry.

П.С. Да се разбереме пак требаат квалитетни играчи, без играчи не се победува. Ама квалитетни играчи има едно 50-60 не мора да се има еден од најдобрите 10. И Атланта можеби нема некоја суперѕвезда ама Хорфорд е сеуште солиден иако не е истиот од пред повредата, Корвер реално треба да биде алстар сезонава, Teague е одличен играч, Millsap исто е страшен играч и еден од најпотценетите во лигата итн. Не е дека Атланта нема играчи....

Ги потценваш многу Данкан и Паркер, можеби не се топ 10 играчи но имаат муда и се искусни во плејоф и не се плашат да преземат одговорност кога е најпотребно и јас лично повеќе би сакал во последен напад топката да ја има Паркер отколку Вестбрук,Кари и Харден, исто и Данкан пред Грифин, Казанс и Гасол. Кари е одличен играч но се уште не знаеме како ќе реагира во такви ситуации во плејоф.

За Атланта, имам изгледано многу натпревари од Корвер и Милсап и нема теоретска шанса Атланта да ги помини Чикаго во плејоф. Милсап е премал за ПФ, офанзивно е одличен играч но едноставно е премал. Кога ќе дојде да играат против Ноа и Гасол и Миротиќ на 3ка ќе ја јадат истата метла што ја јадеше Јута 3 години од Бајнам,Гасол и Одом. Корвер е најдобриот шутер во НБА но дефанзивно е слаб, ете Аланта игра тимски добра одбрана но против големината на Чикаго мислам дека нема да имаат шанси. Поради истиве причини и Кливленд го зедоа Мозгов.
 
Не можам да се согласам од повеќе аспекти.

1. Ако планот во последниот напад е да му се даде топката на ѕвездата во екипата за да прави што знае и умее уште од сега можат тие екипи да се откажат од титула. Дури и еден ОКЦ со Дурант и Вестбрук има големи проблеми заради таквиот пристап на "цртање на акции" на нивниот тренер. Во денешно време победуваат оние кои имаат подобра егзекуција на планот. За тоа треба уиграност и интелигенција а не "мадиња". Сан Антонио не му ја дава топката на Данкан или на Паркер во последни напади туку егзекутираат уиграни варијанти зависно од ситуацијата. Еден куп различни играчи добивале шутеви во последните минути....

2. Милсап иако е релативно мал е солиден одбранбен играч. Корвер порано беше слаб ама сега не е wow ама е сосема пристоен во одбрана. Плус го имаат Carroll кој е одличен дефанзивец. Исто и Horford е одличен дефанзивец.

3. Кливленд го зеде Мозгов затоа што немаа ниту еден единствен центар во екипата. Очајно им требаше rim protection бидејќи заради тој недостаток одбраната им беше катастрофа. Атланта е неспоредлива во овој аспект, со оглед дека имаат тројца добри дефанзивци на центар Хорфорд, Перо и Бренд.

И многу побитно, реално прерано е да зборуваме за плејоф. До титули стигнуваат екипите кои се во врвна форма во Април/Мај/Јуни а не во Декември/Јануари. Битно е и здравјето. Можни се и дополнителни засилувања на некој тим. Сеуште е рано. Она што можеме да го зборуваме е како моментално стои ситуацијата - многу работи може да се сменат до плејофот. А моментално Атланта е подобра екипа од Чикаго. И искрено ако не се среди Роуз и не се врати барем до 70% д формата која ја имаше на времето, Чикаго ќе се мачи и втора рунда да помине... Торонто и Вашингтон никако не се екипи за потценување, а сеуште не ни знаеме каков Кливленд ќе гледаме во плејофот.
 
Сега не ми споредвај Попович со Брукс но колку и да е добра тактиката и нацртаната акција мора да се има голем играч кој ќе ја преземи одговорноста во тие моменти и не секој може да ја изврши акцијата во тие ситуации. Само сети се колку критики имаше кон ЛеБрон бидејќи го немаше никогаш во тие ситуации.

За плејоф секако дека е рано само што јас сакав да укажам на слабости кои ги има Атланта и пред се Милсап кој ќе треба да го чува 10цм повисокиот Гасол. Можеби моментално Атланта е подобра од Чикаго но за мене сеуште Чикаго е екипата која треба да се победи во истокот, пред се поради долгата клупа и Тибидо.
 
Сега не ми споредвај Попович со Брукс но колку и да е добра тактиката и нацртаната акција мора да се има голем играч кој ќе ја преземи одговорноста во тие моменти и не секој може да ја изврши акцијата во тие ситуации. Само сети се колку критики имаше кон ЛеБрон бидејќи го немаше никогаш во тие ситуации.

Имаше критики од глупави новинари ама не значи дека тие беа заслужени. Случајно да не му пораснаа на ЛеБрон па освои титули? Не. Едноставно поуиграна и подобра стана екипата и беа подобри во извршувањето на акциите на Сполстра и во напад и во одбрана. А против Сан Антонио реално имаа и доста среќа.

А за тоа дека играчите треба да можат да ја извршат акцијата е точно. Ама постојат еден куп играчи кои имаат теоретски капацитет да извршат разни типови на акции. Побитна во случајот е уиграноста и интелигенцијата на играчите кои се во прашање.

Нормано тренерот има важна улога тука, ама не сум сигурен дека Тибодо е причина за ги ставиш Чикаго пред Атланта. Буденхолзер е страшен тренер и десна рака на Попович 10-15 години. Одамна се знаеше дека кога ќе прифати понуда ќе биде еден од најдобрите тренери во лигата, ама имаше одбиено доста екипи бидејќи ја сакаше правата ситуација која конечно ја доби во Атланта. И резултати одма има. А Тибодо е ѕвер за одбрана и и тоа како знае да го извлезе максимумот од екипата во регуларниот дел од сезоната, ама и не дека се има нешто особено покажано во плејоф засега. Плус очигледно пак не му дошол паметот па голема е веројатноста Батлер да се распадне уште во Март со оглед на минутажата која ја има, а прашање е и Гасол дали може да го издржи тоа темпо (не е веќе млад и тој).
 
Колку на Сан Антонио што им фалеше "star player" последниве години? Потребата на некакви си суперзвезди за да изградиш јак тим или за да победуваш во плејофот е една од најпрецентите работи во НБА според мене. Предноста за имање на таков играч е што ти овозможуваат полесно да изградиш потенцијален шампионски тим околу нив. Ама тоа не значи дека нешто им фали на оние тимови кои изградиле и без тоа.

Плус напротив се повеќе и повеќе и во НБА навлегува европски тип на тимска кошарка. Екипите кои форсираат ира преку "ѕвезди" изумираат бидејќи се се послаби и послаби. Ретко која од најјаките екипи функционира на тој начин.
Имаа star player effect, Паркер беше главната карика, посебно у плејоф.
 
Инаку додека сите зборуваа за западот Атланта е 20-2 во последните 22 натпревари

Играат во навистина неверојатна форма...

it-ends-tonight-o.gif
 
Имаа star player effect, Паркер беше главната карика, посебно у плејоф.

Се убаво тоа, ама во 5-тата утакмица кога Сан Антонио требаше лесно да ја заврши серијата и да освои, Паркер имаше 1-10 до средина на 4-та четвртина. Пети Милс ги крена со 5 тројки во четвртина.
 
Не не, не викам за лани Крки, лани беше дупка невидена, и у регуларна сезона беше сличен: Зборам за годините наназад дека Паркер го влече овој тим до плејоф и у плејоф. Тимска кошарка играат со многу подавања и скринови, ама Паркер беше битната карика за Спарси веќе 10 години негде, знаеш каков перформанс ќе има у битни утакмици, тоа е star player effect.
 
Последно уредено:

Ако да се биде важен играч за својата екипа е star player effect има 100 ѕвезди во НБА. Ама тоа не е ѕвезда. Ѕвезди се најјаките 10 играчи горе долу. Или еве суперѕвезди ако сакате наречете ги. Сите надолу се многу добри играчи ама не се од оној ранг за кој е муабетот погоре дека бил потребен во плејоф.
 
Потенцирав погоре дека зборев за поединци од кои го избрав Паркер неслучајно, незнам зашо го вртиш муабетов.
Ѕвезди не се најјаките 10 играчи туку се многу повеќе, статусот ѕвезда го ужива секој играч кој става константни бројки и е над просекот очекуван во лигата за одредена позиција, и за тоа им следат признанија и Олстар слотови.

Ама гледам се поправи самиот коа кажа дека тие 10 се уствари суперѕвезди а не ѕвезди. Нешто споредба Леброн и Лилард, најверојатно сфаќаш.

Паркер е ѕвезда, и беше број 1 у Спарс многу време, мора и неминовно е да имаш играч шо ќе контролира моментум у битни утакмици. Не беше еден од кошницата 2007ма коа го зема МВП-то.
 
Муабетот тргна од тоа дека со играчи како оние на Атланта не можело да се оди далеку во плејоф туку дека требало некој појак кој можел сам да преземи се во свои раце. Ако е според твојата квалификација се согласувам (кажав и погоре без квалитетни играчи не се може), ама според неа Атланта моментално има 4 играчи кои се на граница на allstar. Хорфорд и Милсап впрочем и биле allstars во минатото, а Тиг 100% ќе биде оваа сезона. Корвер од друга страна заслужува повеќе од сите нив оваа година ама нема шанси никогаш да добие такво признание.
 
....некој имал премногу слободно време ...:icon_lol:
 
Не сум ги гледал Голден Стејт сезонава. Како ви се чини Ли откако се врати, ќе му го земе местото на Драјмонд Грин или ќе влага од клупа до крај? Или па Грин ќе оди на тројка, Барнс/Игудала на клупа?
 
Како игра Драјмонд Грин и каква плата има Дејвид Ли, едино место на кое ќе иде е трејд блок
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom