Сакав уште пред некој ден да пишам за хејтот према Коби, овај дел денес ме убеди.
Во ред е да се хејта некој што шутира 40 тешки шута на утакмица, али во случајов на Коби мислам дека треба да се направи исклучок.
Пред се, болдот. Го иам заприметено и ја тоа. Се однесуваат на терен како маалска кошарка да се игра, како ние другари кога играме, чисто за забава. АЛООО !!! Во Лејкерс играш, најдобрата франшиза во историјата на НБА, па да не правам муабет за тоа колку пари земаш. Си се ладат дечките, тепале или изгубиле, важно топ им е. Се смешкаат. КАЈ БЕ ТАКА ?! ПА НИ ФИЛИ ТАКА НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ !!! Амбициозност 0.
Хејтот кон Коби за шутевите и тоа што им се развика на тренинг. За што бе ?! А со кој да игра ?! Кој од моменталниве играчи на Лејкерс заслужува да игра во Лејкерс ?! Ај можда Бузер би се нашол некако во тој тим, али ни тој не би бил стартер или 6ти играч. Катастрофа се кој од кој. Сеа ќе рече некој ама тоа е поради астрономската сума што ја зема Коби. Па кој ја тераше управата да му нуди толкава плата ?! И ја да сум на негово место не би ја одбил понудата. Чим е некој глуп мене да ме плаќа 30 000 ден месечно а ја работам за 10 000 најнормално нема да одбијам. Глеам Коби е крив сеа што Лејкерс не играле ко што треба, и да, крив е. Крив е што остатокот од тимот не го сака, не се чувствуваат како тим кога е тој во игра, и не треба да се чуствуваат како тим. Батката на 40 години е сеуште класа пред соиграчиве негови. На 40 години уште е гладен за победа, а не кога ќе го видам она лиглено кремасто Јанг како ми глуми нешто, па и согирачите како мислат колку е смешен батката, се прашувам дали глеам НБА тим или сум се вратил во средно со некои искомплексрани фраери што ги трошат парите на мама и тато.
Коби нема ништо сменето во неговиот стил на игра. Тој е лидерот веќе 10 години. Тој е човекот што треба да ги мотивира. Не е тој крив ако остатокот неќе да слушне. За алчноста не сакам ни да чујам. Потребно е некој да се покажи, да се докажи пред Коби, да ја добие неговата доверба тогаш ќе добива топки, вака ... ич не го кривам. Што му фалеше на лански Коби ...или годината пред тоа ?! Што се смени од тогаш ? Го оставија со тапа играчи, ете тоа се смени. Али начекаа да 2 сезони е повреден, остарен, да има пад во играта, што е нормално за човек во негови години, и сеа сите ко хиени кој да го земе местото како лидер, а усвари никој не заслужува.
Пре би ги гледал Лејкерс последни на табела со Коби во игра со моменталниов состав, и да губат секоја вечер и да има Коби ненормални шутеви секоја вечер, отколку некој од остатокон да го промовирам како лидер. И не, не сум фан на Лејкерс или Коби.