НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:

  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
До пред некој месец истиве постови ви беа за Мајами....:D

То е многу глупо, секој навива за екипа која била јака кога тој почнал да следи НБА или било кој друг спорт. Ете јас НБА гледам од 2006/07 сезоната и сум Џезер бидејќи ми се допадна играта тој плејоф кога стигнаа до конф.финале и летото Кириленко сам ги тепа Шпанците на ЕП во Мадрид и така станав навивач. Пред тоа бев обичен бангвагон кој го знаеше само Винс Картер и гледаше на телетекст како завршиле Нетс.

Сега некој ако почни да гледа нормално дека ќе му биди идол Леброн или Дурант, пред 2 години беше Роус. Исто и Лејкерс,Булс и Кингс влечат навивачи од 90те години.
 
Има разлика, на пример јас навивам за Кингси од 2000/2001 тим кој што беше јак али немаше ол стар играчи и исфорсирани фаци до максимум ко Леброн, башка како и денес и тогаш беа small market nba team кој што ретко идеше на национални телевизии. Знаеш што мене ми е океј кога ќе ми каже некој навивам за Леброн и кај и да иде за тој тим ќе сум, тие луѓе би ги ставил на исто рамниште ко ние што сме тимски лојални луѓе. Зошто? Пошто се искрени. Мене ме нервираат оние фејк навивачи (т.е. останатите)
 
И јас почнав да навивам за Репторси од сезоната 00/01. Тогаш на МТВ мислам го гледав првиот натпревар на Торонто, на домашен терен против Кингси на Дивац и Стојаковиќ, натпревар кој потоа стана дел од NBA Greatest Games. Татко ми се знае навиваше за Сакраменто поради добро познати причини :), а јас тогаш прв пат го гледав Винс Картер кој се „јадеше“ со Пеџа на тој натпревар. (едниот имаше 38 поени, другиот 39) :) Три продолженија, и на крајот пораз за Торонто :( но ете во тој момент сум одлучил дека ќе навивам за нив. :)

Инаку долго време го барав тој натпревар и успеав да го најдам :vozbud:

http://vk.com/video-44959109_164960088

Ако сакаш да го гледаш, мислам само треба да се регистрираш на ова ВК, руската верзија на ФБ. Може да се регистрираш и веднаш со ФБ акаунт. Ги поставуваат таму сите утакмици од НБА, а има и фолдер со вакви ретки утакмичишта :D
 
Има разлика, на пример јас навивам за Кингси од 2000/2001 тим кој што беше јак али немаше ол стар играчи и исфорсирани фаци до максимум ко Леброн, башка како и денес и тогаш беа small market nba team кој што ретко идеше на национални телевизии. Знаеш што мене ми е океј кога ќе ми каже некој навивам за Леброн и кај и да иде за тој тим ќе сум, тие луѓе би ги ставил на исто рамниште ко ние што сме тимски лојални луѓе. Зошто? Пошто се искрени. Мене ме нервираат оние фејк навивачи (т.е. останатите)

Ама играа добра кошарка и ти се допаднаа, нема ништо лошо во тоа децата кои почнуваат сега да гледаат да навиваат за Оклахома. Тие што менуваат тим за играч не се ни навивачи. И браво за тебе што навиваш сеуште за Кингс, многу е поинтересно да навиваш за екипа со мал маркет.
 
То е многу глупо, секој навива за екипа која била јака кога тој почнал да следи НБА или било кој друг спорт. Ете јас НБА гледам од 2006/07 сезоната и сум Џезер бидејќи ми се допадна играта тој плејоф кога стигнаа до конф.финале и летото Кириленко сам ги тепа Шпанците на ЕП во Мадрид и така станав навивач. Пред тоа бев обичен бангвагон кој го знаеше само Винс Картер и гледаше на телетекст како завршиле Нетс.

Сега некој ако почни да гледа нормално дека ќе му биди идол Леброн или Дурант, пред 2 години беше Роус. Исто и Лејкерс,Булс и Кингс влечат навивачи од 90те години.

Во голема мера се согласувам со ова. Нормално е дека кога ќе почнеш да пратиш некој спорт или лига ќе ти привлече внимание некоја појака екипа. Дали таа имала суперѕвезди или не е релативна работа, во прв момент и онака не ни можеш да разликуваш многу кој баш е суперѕвезда а кој не. Битниот момент е да продолжиш да бидеш фан на таа екипа без оглед дали и натаму се јаки или не.

Јас на пример сум фан на Филаделфија од средината на 90тите некаде (отприлика од кога беше Ајверсон руки). Сосема случајно станав нивен фан, ама тој период се поклопи со развојот на Филаделфија од слаба екипа во една од најјаките екипи предводена од Ајверсон и тоа се разбира помогна. Нормално, првично ми беше и омилен играч (макар што со текот на времето се помалку и помалку го почитував бидејќи како што ми се истанчуваше вкусот сфатив дека не ми се допаѓаат таков тип на играчи). И продолжив да бидам фан до ден денес. Во секој случај се до 2006-7 некаде бев на некој начин полу casual фан бидејќи реално и немаше многу услови за редовно следење на НБА кај нас во тој период. И тоа е најсмешното бидејќи hard core фан сум дури во периодот кога Филаделфија реално беше за никаде и откако го трејдаа Ајверсон.

Овие години ќе бидат голем тест за навивачите на Лејкерс. Реално имаат огромен број на фанови (пред се бидејќи Лејкерс скоро секогаш биле јаки и прибирале нови и нови фанови), ама сега не се веќе на тоа ниво и дел од "bandwagon" фановите секако ќе ги снема, а реално малку веројатно е дека млади деца сега кои почнуваат да пратат за нив ќе почнат да навиваат. Се тоа е нормално.

Немам никаков проблем со оние кои почнале да наиваат за Кливленд или Мајами заради Леброн, за Клиперс заради Грифин и сл. Проблемите се кај оние кои 2-3 години навивале за Лејкерс со Шек и Коби, после почнале да навиваат за Бостон со Гарнет, па за ОКС со Дурант итн... А за жал има и такви...
 
@garthok Еве ти тест за тебе, да видиме дали стварно си die hard фан на Кингси :icon_mrgr:
1379255_10152963749384026_3436874866721805724_n.jpg

Баш сеа налетав на сликава на фб. Го погодив по стегачот на левата рака, иако не е којзнае колку каарактеристичен, незнам зашо ама тоа ми падна у очи, се сетив.

Меѓу најдобрите резерви во НБА пред 10тина години, што знам, мене ми беше меѓу поомилените играчи во таа генерација на Кингси тогаш, интересно човече. :D
 
Хихи, јас знам кој е :) Ама не кажувам нека се помачи @garthok малку :)
 
Кога кажувате веќе ја со булси си навивам уште од последните две години на џордан..јез да ради него почнав ама си продужив за нив кога беа и најлоши во нба, кога беа меѓу полошите па и сеа кога се оправија
 
Од времето на Дејмон Стадемаер, Рашид и Сабонис, на мтв ги видов првпат во плејоф против Лејкерси 99/00 таму некаде... најмногу заради Д Стадемаер, зашто беше многу низок(исто ко и јас што бев меѓу најниските во основно), а пак ги дупчеше со пробиви и јаки пасови и понекоја тројка :D... После нормално, ако се начекаше некој редок пренос, редовно пратење на спортски вести за да видиш што направиле, играње со нив на Сони кец со што си у тек за составот, и дури коа почнаа сателитскиве да влагаат у мода можев поише да ги пратам, баш од коа дојде Рој, за конечно да се појави лигапасот:ojeaa: и да не се пропушти меч на моите Пионери.
 
Чим сте почнале сите ајде и јас :D
Јас повеќе бев пасивен фан на Булс, чисто поради Џордан како ГОАТ и тоа беше во годините на Бен Гордон, а редовно почнав да ги пратам на руки сезоната на Роуз, едноставно знаев дека е специјален играч и ептен ми беше ѕвер. Додуша оваа година послабо ги гледам заради факс, иначе 2012-13 една утакмица не пропуштив, сезоната кога Роуз беше аут, се заљубив во тој тим. :icon_mrgr:
 
Јас и ден денес некое чудно чувство на носталгија ми се јавува кога ќе ми текне порано пред 10тина години, одат на Сител спортски вести, и Игорче кажува резултати НБА на онаа плава позадина и јас чекам да видам Филаделфија дали играле вечерта и дали победиле. :noze: :place:[DOUBLEPOST=1418254451][/DOUBLEPOST]Инаку не ми текнува мене точно во кој момент навивав за Фили, сигурен сум дека го гледал финалето 2001ва, али ептен ми е матно, што значи на 7-8 години. Претпоставувам татко ми ме навлекол, пошто и он ги сака, а иамв и комшија што е 10тина години постар од мене исто така голем фан на Фили, па често се случуваше тројцата до ниедно време да седиме кај мене дома и да глеаме утакмици.

Едно од потазе сеќавањата како мал ми е некаде 2003та или 2004та, полуфинале на Исток ми се чини, со Детроит, у 6та утакмица Чонси ни трпаше тројки од 8-9 метра( ништо некарактеристично за него :D) и не исфрлија.
Саатот 6, се разденува, јас со татко ми седам у двор, јадам цреши(пошто имавме цреши у дворот) и двајцата ќутиме, крајно разочарани од поразот и од елиминацијата. :D
Копиљ човече, 10 години, јас до ниедно време сум седел, па после дури и разочаран, колку сум бил посветен само. :LOL:

Ми текнува и како сега да беше, кога го трејдаат Ајверсон, у ниедно време на ЕСПН како гром од ведро небо го објавија, се откорнав од плачење. :place:
 
Последно уредено:
Први утакмици што сум гледал беа финалињата 2005 помеѓу Сан Антонио и Детроит и од тогаш сум за САС. Знаев и претходно по некој играч од НБА пошто тренирав кошарка, дури имав и дрес од Новицки, ама НБА утакмица ко утакмица не бев гледал до тогаш :D. Љубов на прво гледање I guess.
 
Кога сте на НБА кај Сител,нема да заборавам една утакмица помеѓу Јута и Сан Антонио,за Јута прв центар беше Окур и му врза 2-3 тројки на Данкан,по што Игорче го тресна легендарното "Од ова што го гледаме можеме да заклучиме дека Данкан има проблем со центрите што шутираат тројки. Сигурно и Тони Симиќ да отиде во НБА ќе има проблем и со него"

Иначе фан на ОКЦ,нема шо да кријам...пред тоа бев за Лејкерс,ама тоа беше време кога сите се палеа на Коби итн. По влегувањето на Дурант почнав да пратам малце повеќе и откако се преселија во Оклахома почнав да навивам за нив :)
 
Немам никаков проблем со оние кои почнале да наиваат за Кливленд или Мајами заради Леброн, за Клиперс заради Грифин и сл. Проблемите се кај оние кои 2-3 години навивале за Лејкерс со Шек и Коби, после почнале да навиваат за Бостон со Гарнет, па за ОКС со Дурант итн... А за жал има и такви...
Кога сте на НБА кај Сител,нема да заборавам една утакмица помеѓу Јута и Сан Антонио,за Јута прв центар беше Окур и му врза 2-3 тројки на Данкан,по што Игорче го тресна легендарното "Од ова што го гледаме можеме да заклучиме дека Данкан има проблем со центрите што шутираат тројки. Сигурно и Тони Симиќ да отиде во НБА ќе има проблем и со него"

Иначе фан на ОКЦ,нема шо да кријам...пред тоа бев за Лејкерс,ама тоа беше време кога сите се палеа на Коби итн. По влегувањето на Дурант почнав да пратам малце повеќе и откако се преселија во Оклахома почнав да навивам за нив :)

:ojeaa:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom