Нешто што најмногу мразам е кога судиите се главни протагонисти на еден натпревар. А кога игра Леброн (заштитното лице на НБА) е тогаш веќе судењето преминува во комедија. Во последна четвртина ако Кавси (исто беше и со Хит кога играше таму овој) се во негатива и бркаат резултат ти едноставно не смееш да го допреш „кралот“ ниту пак некој од судиите се осмелува да ги види чекорите или носените топки. Не го оспорувам фактот дека стварно е добар, но кога ја имаш поддршката од судиите сè е полесно.
Вечерва Репторси имаа водство на старт од четврта четвртина 88-81, и магично за 4 мин. направија 5 фаули (последните два кои беа во ист напад и во иста ситуација - do not touch the king) со што Торонто влегоа во бонус. Тогаш сè беше јасно.
Торонто не шутираа ниту една лична во четврта четвртина и имаа 12 фаули.