Da bese na forumov pred par godini
@Syn ke go jadese mn radi ameba muabeti hahahs
Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 6030X using Tapatalk
со
@Дим4е мн се јадевме со тоа.
извини димче, добар човек си
него за серијава, леброн колку и да ми е на хејт листа, А нема да кажам за него ( во негативен контекст секако ), едноставно серијава покажа кој е и што е, а и им исцрта на многу луѓе, поготово негови фанови, дека кошарката е пред Се тимски спорт, а не индививдуален, не е случаен и фактот што еве на нетов гледам повеќе се збори кој е мвп а не кој уствари освои титула ( ебате генерациите ), голден стејт алоооу

, кој би рекол, пред само година дена до душа, пред плејофов типував на нив или спарси, веќе при крајов на сезонава апсурд ќе беше некој ова да го означи ко изненадување ...
Обожавам тимска кошарка, така беше и лани, криво ми е за спарси многу, имаа шанса голема и сезонава да се закитат со трофеј, уште не ми се верува како испаднаа бедно, а и овој тим на вориорс многу ме потсеќа на кошарката што ја форсира Поп, што и не е случајно со оглед дека Кер беше воден и од него.
Двајца дебитанти ко тренери, али еден американска, другиов европска школа, една од разликите клучни беше ова, а потоа секако и повредите иако и во таква ситуација Блат МОРАШЕ повеќе да ротира зашто му се отвори простор да освои титула со брејкот и поведувањето 2-1 во финалната серија, тоа не го искористи и (пре)скапо го плати истово. Он ако очекуваше дека Делаведова скејтерот ќе биде go-to момакот за леброн у финалево очигледно се заебал грдо, исто и џеј ар смит кој цела наклонетост од универзумот што ја имаше у плејофов ја потроши у серијата со Чикаго.
И неуки луѓе знаеа дека заморот ќе биде клучот за неуспехот кај Кливленд ако Блат продолжи со цедење на играчите, и по водството од 2-1 сите удираа на тоа и тука ја гледаа шансата кај ГСВ.
Едноставно кога веќе добија ветер у грб и им натоварија дополнителен психилошки товар на и онака, неискусните играчи на Вориорс, и имаа монструозен Леброн во финалево, шанса мораше да добијат и други играчи од клупа кој мислам дека ке се поклопија у оној залет што го фати Кливленд предводен од Леброн ( скејтерот изгази ебате ), ко Милер на пример ( истото се дешаваше и кај Мајами кога покрај Леброн, Вејд, и останатите се осоколија и се покажаа ко круцијални ), у чевтртиот меч колку отворени шутеви утињаа, плачеше тој натпревар за играч ко Милер али што е тука е, имаат за што да жалат вистинските фанови на Кливленд тоа е неспорно ...
Секоја чест за Воините, уживаа во кошарката што ја играа, секоја чест за Кер и компанија, докажаа дека nba е местото where amazing happens, се на се одлична сезона со надеж дека наредната нема да бидеме сведоци на повредиве, бар не на оние кои значат крај на сезоната.