НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Heat in 6

Sent from my HTC Desire X using Tapatalk
Keep dreaming...
60%-40% за Спарс, најмногу поради Поп, а после поради тоа шо како колектив се подобри од Мајами.
Е сега ако не игра Паркер, работите многу ќе се променат.
Како и да е епик финале, првата утакмица четврток спрема петок.
 
Инаку, ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ :D

boris_diaw.png


Кој трол ми е само, со пивско стомаче им игра и им брца 25 коша еј :icon_lol: :cuc:
 
Другар, кои ти се овие аргументи, прво ми викаш дека у секој друг тим Бош би имал 20 и 10, после викаш дека статистиката знае да лаже. :)

Што правел Бош во Торонто, еве го глеам еден куп титули освои со нив, што да ти кажувам.


Ми вадиш тука одредени утакмици, а што да се каже за тоа што е подпросечен играч во напад(Хиберт) у просек им брцаше по 25 коша на Мајами? Го направија како Чембрлен да изгледа, не ме заебавај.

Малку е неблагодарно да се споредува, али моментално мислам дека Ибака е далеку покорисен играч од Бош, дефанзивно се небо и земја, а офанзивно не е тој Ибака од пред неколку години, многу е напреднат.

Кога повреден имаше вакво влијание во серијата со САС, можам да замислам како ќе биде кога ќе биде здрав.

Мајами е подобар само ради системот што го имаат развиено овие неколку години, и углавном истите играчи што играат во него и го имаат навикнато. Тука би го споменал и тренерот, може на моменти Спо може да се изгуби, али сигурно е подобар од еднодимензиналниот Брукс, кој ако не го сменат незнам дали ОКС ќе можат многу да напреднат.
Мислев на тоа со статистиката дека знае да леже дека иако имаза негов стандард релативно ниски бројки моментално Бош статистиката знае да лаже затоа што тој си ја врши својата работа во Мајами се подредил на тимскиот успех а ако затреба знае да изигра и на високо ниво како на последните натпревари од серијата со Индијана . А 20 поени и 10 скока тој лесно може да има кога би играл во друг тим , не може да фаќа многу скокови во Мајами кога во одбрана се фрлаат во скок по топката и Леброн и Вејд . Да беа на местото на Бош во Мајами Кевин Лав , Блејк Грифин , Алдриџ немаше да биде овој систем што го имаат во игра толку лесно спроведлив во пракса на терен , плус се знае дека шутот на Бош за три поени е корисен , ако ништо друго со тој негов шут ги тера надвор од рекет противничките помалку подвижни центри што не би можело да се каже за повеќето крилни центри во лига а дефанзивно е исто Бош меѓу подобрите крилни центри во лига . Се надевам го надминавме недоразбирањето .
 
Заслужено нема што. Дурант колку и да го сакам мислам дека сеуште не е зрел ко Леброн, Коби, Вејд... Вестбрук за разлика од порано овој плеј оф покажа невидена зрелост и стабилност, пријатно ме изненади иако нормално пак правеше по некои глупости. Кај ОКС проблемот е тренерот и никој друг, имаат страшен тим, страшни играчи и во прва постава и на клупата, ама Скоти Брукс е легенда, во негативна смисла секако. Поени од клупа -20 имаа Оклахома :facepalm: Епа брате Скоти, тоа против Поп кајне функционирен.

За Спарс што да се каже освен едно големо :cuc:, цареви, каква тимска игра, поезија! Би сакам да издвојам еден играч, а тоа е Борис Диао. Какво играчиште е човеков мислам дека ни самиот не е свесен. Еј од страна коа ќе го погледне човек, таков буцко, со стомаче, да фатиш да му се прснеш од смеење у фаца ако ти каже дека е кошаркар, али има кошаркарска интелигенција како цела прва петорка на Оклахома. Неверојатно паметен и пред се корисен играч, впрочем не за џабе е земен од страна на Поп. Ленард исто перфектен, по мене топ 3 дефанзивец во лигата, во моментов можеби и најдобар.

Не знам што да прогнозирам за со Мајами, прво да се види ситуацијата со Паркер, ако е он спремен тогаш и те како имаат шанси Спарси со оглед на тоа дека ја имаат предноста на домашен терен, али ако е он повреден ќе им биде многу тешко. Се нешто ми кажува дека Жешкиве ќе прават три пит, иако нормално сакам и се надевам дека Сан Антонио ќе освои, греота би било легенда ко Данкан да не се прости со титула.
 
Keep dreaming...
60%-40% за Спарс, најмногу поради Поп, а после поради тоа шо како колектив се подобри од Мајами.
Е сега ако не игра Паркер, работите многу ќе се променат.
Како и да е епик финале, првата утакмица четврток спрема петок.
Па и лани Поп беше Поп и како колектив беа подобри но изгубија.. искрено незнам колку спарс се подобри од лани а мајами дефинитивно се
 
Keep dreaming...
60%-40% за Спарс, најмногу поради Поп, а после поради тоа шо како колектив се подобри од Мајами.
Е сега ако не игра Паркер, работите многу ќе се променат.
Како и да е епик финале, првата утакмица четврток спрема петок.
:*

Sent from my HTC Desire X using Tapatalk
 
Па и лани Поп беше Поп и како колектив беа подобри но изгубија.. искрено незнам колку спарс се подобри од лани а мајами дефинитивно се
Лани за лани, си ги имаат увидено грешки. Плус лани тројката на Ален реши многу работи.
За мене лично Спарс се подобри од лани, за Мајами шо знам...можда се, ама ако судиме по плејофов повеќе овака се прошетаа оти другиве екипи се очобол, отколку што они се толку појаки.
Ќе видиме јас типувам на мајсторка, а во мајсторката се може да биде.
 
Па и лани Поп беше Поп и како колектив беа подобри но изгубија.. искрено незнам колку спарс се подобри од лани а мајами дефинитивно се
Лани Мајами ја зеде титулата со многу среќа.
А дали се подобри Спарси од минатата сезона можеш да видиш според скорот во регуларниот дел. Оваа година Спарси се први. Минатата беа Мајами.
 
A што се дешава со Паркер уствари? Има нешто инфо?
 
A што се дешава со Паркер уствари? Има нешто инфо?
http://bleacherreport.com/articles/...njury-updates-on-spurs-stars-ankle-and-return
За финалето мислам дека ќе биде слично како минатата година, ќе одлучуваат нијанси ама мислам дека оваа година среќата ќе им се насмее на Спарс
 
Збеснат, тебе ти е редот за плачење, ама ова твоево ќе биде далеку поболно :icon_lol:
 
Абе и Пејсерс викаа имаме home court ,bring on the Heat, па го лапнаа немиен,а гледам и спарс викаат дека им се исполнила желбата да се сретнат па со Mајами у финале така да be careful what you fish for
 
Давајте гифче од акцијата за Диао кога им ја збрца тројката од ќош.
 
Абе и Пејсерс викаа имаме home court ,bring on the Heat, па го лапнаа немиен,а гледам и спарс викаат дека им се исполнила желбата да се сретнат па со Mајами у финале така да be careful what you fish for
Немаш поима колкава е разликата меѓу Пејсерс и Спарс, онака светлосни години.
 
Немаш поима колкава е разликата меѓу Пејсерс и Спарс, онака светлосни години.
Знаев дека ќе ме цитираш :D Верувај,знам.Знам дека истокот е гола вода и знам дека Поп е цар и знам дека се мотивирани,ама знам дека и Мајами се свесни дека сега е шансата за три пит и да бидат четврта екипа со тоа признание и гледај само колку е Вејд посвеж и поспремен од лани,што значи и он може да експлодира во секој момент за 35+ од што Спарс не можат да се бранат.Цврсто стојам на тоа дека ќе биде 4-2 за Мајами.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom