Оклахома-Сан Антонио 4-2/4-3
Дуел на реално двете најдобри екипи на Западот. На тренерското место Сан Антонио има предност, али пред се според мене Оклахома е незгоден противник за Сан Антонио. Имав и претходно пишано, дека Спарси имаат проблеми со екипите што имаат супер ѕвезди во тимовите, налик Коби, Леброн, Дурант..., и против екипите што имаат јаки играчи под кошевите. Ибака и те како може и мислам дека ќе го задржи Данкан, посилен е од него, поспремен, помлад и ќе го надјача едноставно кажано. Вака гледано Спарси имаат добар дефанзивен индивидуалец, тоа е Ленард, али тешко кој во лигава може да го задржи Дурант. На плеј повторно физичка предност имаат Оклахома, Вестбрук може да го задржи Паркер на проценти пониски од вообичаеното бидејќи е одличен дефанзивец. Никогаш не треба да се потценат Поп и Спарси, но мое мислење е дека ОКС ќе оди во големото финале. Да се разбереме, сакам ОКС да пројде ради Дурант и Вестбрук затоа што заслужуваат да земат прстен, ама никако нема да ми биде криво и да пројдат Спарси, премногу ги почитувам како тим заедно со се тренерот кој патем е најдобар во лигата. Клуч исто така ќе биде и процентот за три поени на Спарси, успеат ли ОКС да ги задржат на пониски проценти и да не им дадат да влезат во нивниот препознатлив ритам, каде цела екипа сем Данкан и Сплитер погодуваат тројки и отворени шутеви, тогаш шансите на ОКС се големи. Плус тука мора да ги додадеме и офанзивните скокови, нешто на кое Сан Антонио мора да обрати внимание ако сака во финале. Ибака, Перкинс, Дурант, Вестбрук, Сефолоша, Колисон, Адамс, сите се способни а и фаќаат офанзивни скокови и на ова едноставно Сан Антонио мора да посвети многу внимание.
Мајами-Индијана 4-2
Во текот на сезоната пишав дека Индијана ќе ги истера Мајами бидејќи играа во најдобра форма, ама формата ја расипаа баш пред плеј офот, најмалце кога требаше. Мајами пак обратно, како и секоја сезона влегуваат во топ форма непосредно пред плеј офот и подоцна газат во истиот. Оваа серија ми е некако неблагодарна за типување, затоа што Индијана и те како многу работи им можат на Мајами, но ако гледаме според моменталната форма и не им можат баш многу. Ужасен е Хиберт во текот на плеј офот, а знаеме сите дека он и Вест се клучните играчи против Мајами, заедно со нивниот лидер Пол Џорџ. Индијана својата шанса мора и треба да ја бара под кошевите и да го полни кошот на Мајами од рекетот. Ако тука успеат добро да издоминираат Мајами ќе има огромни проблеми и може многу лесно да испадне. Проблемот кај Индијана ќе е супер подвижната одбрана на Мајами за која имам пишано во неколку наврати. Лично обожавам ваква одбрана, момците стигаат на секоја педа од теренот, покриваат во ист момент по две позиции и буквално не му даваат на противникот да дише. За Мајами клучно ќе е да го успорат протокот на топката до центрите на Индијана и успешно да удвојуваат. Пол Џорџ ќе мора да се покаже во најдобро издание и да проба да го задржи Леброн, а и во напад да игра како што треба. Ова е многу лесно да се каже отколку да се изведе во пракса... Тешко дека некој може да го задржи Леброн, али доволно е Џорџ да биде во вистинско светло и да гледаме мега дуел меѓу нив двајца и да одлучуваат нијанси. Што знам, јас ќе навивам за Индијана, сакам дечките да играат финале, и тоа против ОКС, али според до сега прикажаното мислам дека ќе биде Мајами.
Како и да е, сите овие анализи може да паднат во вода, се е на кошаркарите и нивните тренери, а нас ни преостанува да гледаме врвна кошарка. Јас вака ко неутралец си ги добив потребните финалиња, вака и очекував да бидат така да не се сомневам дека квалитетот на кошарката ќе биде на врвно ниво.