Не се согласувам дека токму сега лигата е појака од било кога.
Напротив, сега е транзиционо време, време на драстични промени на концептот на работење на клубовите. Нови правила со селари капот, со драстични мерки за рестрикција на одење над лимитот. Правила, кои ако ги буквално ги примениш еве на пример во европскиот фудбал, ќе ги тераат една Барселона да смее да потроши на тимот исто толку пари колку и на пример една Стеауа. Без разлика на тоа кој клуб со колку пари располага.
Несје, не ми е намерата да зборам за последиците од „работата„ на копилето Штерн. Но дека лигата е сега најјака, мислам дека не може да каже некој што ја следи НБА подолго време (а под тоа мислам барем 10-15 години).
Од тој аспект јас ја имав таа среќа да го фатам и Меџик, иако алас, само последните пар сезони од неговата кариера. Ова што го кажувам е и од утакмици гледани во живо, не само од снимки и статистички информации од интернет.
Да го споредуваш ликот и делото на еден Мајкл Џордан, со еден Леброн, и во тоа со акцент на Леброн како ГОАТ... Навистина смешно. Такво нешто може да каже само некој што не го следел Џордан барем во четвртина од утакмиците што ги има изиграно.
За МВП титулите.
Чисто новинарска награда, подложна на небјективизам, влијанија и популизам. Нема една сезона а да немаш барем 2-3ца апсолутно залужни за таа титула, која не се одбира по однапред определен и јасно објаснет систем на бодови, туку е чисто
лично убедување на поединци.
Ако збориме за
ГОАТ тогаш, немој те молам МВП (новинарските) етикети да ставаш како валиден параметар во дискусијата. Ако новинарска награда е фактор, тогаш зошто да не се и мадињата?
Да бе мадињата, добро ме прочита. Дали Џордан (еве не зборам за другите, а ги има многу) ги остави Булси кога не им идеше? A си го јадеа, прво метли од Бостон, потоа од серија елиминации од Детроит.
Дали сега за Џордан ќе зборував вака ако „ги однесеше своите таленти„ во Бостон или во Детроит, да игра
со Лери Бирд или
со Ајзеа Томас, наместо
против нив?
Уште малку за мадињата.
Мадињата се гледаат не само во општа доминација во статистики, туку и како играчот игра против елитни одбрамбени играчи. Тука момците како Џордан, Коби, виреат најдобро а Леброн се губи и го снемува како фактор. Среќа негова што позади него стои мастер стратегот Пет Рајли и прави милион смал-бол комбинации, се со цел Леброн да заврши против поволен противник еден на еден.
Кој друг од
ГОАТ кандидатите од својата генерација, морал да прибегнува на постојано глумење и флопинг? ОК тука и таму секој играч понекогаш пренагласува контакт, не заборам за тоа, зборам за чести и целосни глумења каде
нема никаков контакт.
Валидни објективни параметри за
ГОАТ дискусијата има, и таков е бројот на титулите кои за играчот бил примарен фактор. Во тој контекст Леброн конечно успеа да ги стигне фаците како Лук Валтон, Саша Вујалиќ и Адам Морисон.