НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Lebron e all around igrac...ali e igrac bez harizma i ne e ubav za oko uopste...klasicen ragbista...bez troska elegancija....nesto sto go imase Jordan,go ima Kobe i se razbira Wade zatoa ovie dvajca se kade kade poblisku do Jordan....dzabe e lebron neka ima najbolje statistiki koa izglea sve ko na sila da e...
 
...
Најпроста мерка ти се МВП титулите. Леброн веќе има 4. Џордан има 5. Карим Абдул Џабар има 6. Леброн има уште 10 години пред себе за да ги помини и јас мислам дека ако продолжи барем уште неколку години со ваква игра сигурно ќе го направи тоа.

Или ајде само затоа што е некој активен играч ќе го потценуваме и ќе велиме на времето се поарно и појако беше...
Не се согласувам дека токму сега лигата е појака од било кога.
Напротив, сега е транзиционо време, време на драстични промени на концептот на работење на клубовите. Нови правила со селари капот, со драстични мерки за рестрикција на одење над лимитот. Правила, кои ако ги буквално ги примениш еве на пример во европскиот фудбал, ќе ги тераат една Барселона да смее да потроши на тимот исто толку пари колку и на пример една Стеауа. Без разлика на тоа кој клуб со колку пари располага.

Несје, не ми е намерата да зборам за последиците од „работата„ на копилето Штерн. Но дека лигата е сега најјака, мислам дека не може да каже некој што ја следи НБА подолго време (а под тоа мислам барем 10-15 години).
Од тој аспект јас ја имав таа среќа да го фатам и Меџик, иако алас, само последните пар сезони од неговата кариера. Ова што го кажувам е и од утакмици гледани во живо, не само од снимки и статистички информации од интернет.
Да го споредуваш ликот и делото на еден Мајкл Џордан, со еден Леброн, и во тоа со акцент на Леброн како ГОАТ... Навистина смешно. Такво нешто може да каже само некој што не го следел Џордан барем во четвртина од утакмиците што ги има изиграно.


За МВП титулите.
Чисто новинарска награда, подложна на небјективизам, влијанија и популизам. Нема една сезона а да немаш барем 2-3ца апсолутно залужни за таа титула, која не се одбира по однапред определен и јасно објаснет систем на бодови, туку е чисто лично убедување на поединци.

Ако збориме за ГОАТ тогаш, немој те молам МВП (новинарските) етикети да ставаш како валиден параметар во дискусијата. Ако новинарска награда е фактор, тогаш зошто да не се и мадињата?
Да бе мадињата, добро ме прочита. Дали Џордан (еве не зборам за другите, а ги има многу) ги остави Булси кога не им идеше? A си го јадеа, прво метли од Бостон, потоа од серија елиминации од Детроит.
Дали сега за Џордан ќе зборував вака ако „ги однесеше своите таленти„ во Бостон или во Детроит, да игра со Лери Бирд или со Ајзеа Томас, наместо против нив?

Уште малку за мадињата.
Мадињата се гледаат не само во општа доминација во статистики, туку и како играчот игра против елитни одбрамбени играчи. Тука момците како Џордан, Коби, виреат најдобро а Леброн се губи и го снемува како фактор. Среќа негова што позади него стои мастер стратегот Пет Рајли и прави милион смал-бол комбинации, се со цел Леброн да заврши против поволен противник еден на еден.

michael-jordan-shrug-o.gif
72629846.gif

Кој друг од ГОАТ кандидатите од својата генерација, морал да прибегнува на постојано глумење и флопинг? ОК тука и таму секој играч понекогаш пренагласува контакт, не заборам за тоа, зборам за чести и целосни глумења каде нема никаков контакт.

lebron-flop-3.gif
lebron-flop-1.gif
lebron-flop-2.gif
lebron-flop-4.gif



Валидни објективни параметри за ГОАТ дискусијата има, и таков е бројот на титулите кои за играчот бил примарен фактор. Во тој контекст Леброн конечно успеа да ги стигне фаците како Лук Валтон, Саша Вујачиќ и Адам Морисон. ;)
 
Нека ги. Барем ќе бидат во право дека Биг Шот Роб повеќе може да биде ГОАТ отколку флоперот Леброн. ;)
 
Лавот ја утна на крајот и покрај одлична статистичка вечер... прв дуел, Блејк 1-0 Кевин :cool:



пс
821231545.gif
 
Не се согласувам дека токму сега лигата е појака од било кога.
Напротив, сега е транзиционо време, време на драстични промени на концептот на работење на клубовите. Нови правила со селари капот, со драстични мерки за рестрикција на одење над лимитот. Правила, кои ако ги буквално ги примениш еве на пример во европскиот фудбал, ќе ги тераат една Барселона да смее да потроши на тимот исто толку пари колку и на пример една Стеауа. Без разлика на тоа кој клуб со колку пари располага.

Несје, не ми е намерата да зборам за последиците од „работата„ на копилето Штерн. Но дека лигата е сега најјака, мислам дека не може да каже некој што ја следи НБА подолго време (а под тоа мислам барем 10-15 години).
Од тој аспект јас ја имав таа среќа да го фатам и Меџик, иако алас, само последните пар сезони од неговата кариера. Ова што го кажувам е и од утакмици гледани во живо, не само од снимки и статистички информации од интернет.
Да го споредуваш ликот и делото на еден Мајкл Џордан, со еден Леброн, и во тоа со акцент на Леброн како ГОАТ... Навистина смешно. Такво нешто може да каже само некој што не го следел Џордан барем во четвртина од утакмиците што ги има изиграно.


За МВП титулите.
Чисто новинарска награда, подложна на небјективизам, влијанија и популизам. Нема една сезона а да немаш барем 2-3ца апсолутно залужни за таа титула, која не се одбира по однапред определен и јасно објаснет систем на бодови, туку е чисто лично убедување на поединци.

Ако збориме за ГОАТ тогаш, немој те молам МВП (новинарските) етикети да ставаш како валиден параметар во дискусијата. Ако новинарска награда е фактор, тогаш зошто да не се и мадињата?
Да бе мадињата, добро ме прочита. Дали Џордан (еве не зборам за другите, а ги има многу) ги остави Булси кога не им идеше? A си го јадеа, прво метли од Бостон, потоа од серија елиминации од Детроит.
Дали сега за Џордан ќе зборував вака ако „ги однесеше своите таленти„ во Бостон или во Детроит, да игра со Лери Бирд или со Ајзеа Томас, наместо против нив?

Уште малку за мадињата.
Мадињата се гледаат не само во општа доминација во статистики, туку и како играчот игра против елитни одбрамбени играчи. Тука момците како Џордан, Коби, виреат најдобро а Леброн се губи и го снемува како фактор. Среќа негова што позади него стои мастер стратегот Пет Рајли и прави милион смал-бол комбинации, се со цел Леброн да заврши против поволен противник еден на еден.

Кој друг од ГОАТ кандидатите од својата генерација, морал да прибегнува на постојано глумење и флопинг? ОК тука и таму секој играч понекогаш пренагласува контакт, не заборам за тоа, зборам за чести и целосни глумења каде нема никаков контакт.


Валидни објективни параметри за ГОАТ дискусијата има, и таков е бројот на титулите кои за играчот бил примарен фактор. Во тој контекст Леброн конечно успеа да ги стигне фаците како Лук Валтон, Саша Вујалиќ и Адам Морисон. ;)


1. Смешно е да споредуваш европски фудбал со НБА. Правилата во НБА во однос на финансиите не се до толку многу изменети како што ти зборуваш. Од средина на 80тите па наваму слични се можностите за градење на тим од финансиски аспект и слично.

2. Се согласувам дека МВП наградите се до одредена мера новинарски награди. Исто како што се и СИТЕ други награди и именувања на играчите во голема мера новинарски.

3. Во поново време заради технолошкиот напредок многу подетално се следат сите потезите на сите играчи. Невозможно е да се споредуваат некакви си одглумени фаули (кои инаку немаат никаква врска со тоа колку е добар некој играч), кога во 70-тите, 80-тите па и во 90тите до некаде не се следеа ниту натпреварите ниту off-court случувањата во таа мера. А инаку којзнае колку скандали ќе излезеа, на пример во 80тите голем процент кошаркари се дрогираа, има дури и што умреа од дрога...

4. Ако не можеше Чикаго да му склопи шампионски тим на Џордан и тоа како "ќе си го земеше талентот" и ќе летнеше за друга екипа каде можеше да се склопи шампионски тим. Кошарката е тимска игра и никој не може сам да победува. Тој тим на Чикаго беше доста јак и без Џордан победуваа по 50тина натпревари во регуларен дел на сезона, не е дека сам Џордан играл. Тоа што Кливленд беа неспособни да му најдат соиграчи на Леброн е друга приказна. Се виде колку го биваше тој тим откако си замина - целосно се распадна. Да не зборувам што не сфаќам каква врска има лојалноста со тоа колку добар е играчот.

5. Сакаш да кажеш дека противничките тимови со појаки играчи го чуваа и повеќе планира за Џордан отколку за Леброн? Самиот факт што Леброн покрај што може да чува надворешни играчи, може да чува и внатрешни играчи, го направи тој доминантен "small ball" на Мајами можен. Тоа не е за омаловажување, туку е комплимент за Леброн.

6. За што е можно попрецизно да може да се оцени кој колку вредел, најдобро е да се фрли око на фактите т.е. статистиките и да се оцени колку играчите придонесувале кон победи. Еве ти една споредба на сите играчи на сите времиња според win shares, статистика која е горе долу најлегитимна за користење и оценува колку играчот придонесол за победите.

http://www.basketball-reference.com/leaders/ws_career.html

Lebron веќе е 20ти на сите времиња со 153.84 win shares. Од активните играчи во моментов е 5ти зад Garnett (7), Duncan (8), Nowitzki (12) и Bryant (14). Прв е Abdul-Jabbar со 273.41. Jordan е 4ти со 214.02. Со оглед дека Lebron освојува по 15-20 по сезона, за очекување е за едно најмногу 4 сезони да го помине Jordan. За Abdul-Jabbar и Chamberlain ќе треба повеќе и ќе видиме дали ќе успее.

Ако сакаш да користиш PER (Player Efficiency Rating), Jordan имал 4 сезони со над 30, а и Lebron веќе има 4 сезони со над 30.

7. И најважно, за да се одреди нешто од типот на најдобар играч, мора да се земи се во однос на постигнувања во предвид и притоа да се стави во контекст на времето во кое настапувале. Титули, МВП награди, статистики, други типови на награди и слично - СЕ треба да се земи во предвид. Она што нема никаква смисла да се зема во предвид бидејќи не е врзано со кошаркарската игра е: "мадиња", "фер-плеј", "глумење", "лојалност" и слични глупости. Не е целта да се оценат човечките карактеристики на некој туку исклучиво кошаркарските способности на теренот.

Да се разбереме јас не го негирам Џордан воопшто, само реално кажувам како мора да се гледа на работите. Засега сеуште Џордан е ГОАТ. Дали така ќе остани, ќе видиме. Леброн има реални шанси да го помини ако продолжи вака во следните 5-6 сезони, како што играше во изминатите 5-6.

Како сакаш прави ГОАТ е барем до одредена мера субјективно мислење. Ама ако мнозинството го мислат истото тогаш има нешто во тоа. Ама не можеш да кажеш дека твоето мислење важи повеќе од мислењето на сите тие новинари и аналитичари на пример, или пак на остантите од нас кои долго следиме НБА (немој да мислиш дека си единствен)... Сечие мислење има важност.

П.С. Интересно како за Леброн го спомна Пет Рајли, а за Џордан не го спомна Фил Џексон.

П.П.С. "Копилето Штерн" ја направи НБА можеби и најопшто прифатена и најјака лига во светски рамки од сите спортови. Се што направил беше за доброто на лигата. Дали нас ни се допаѓа или не е сосема небитно.
 
Европскиот фудбал не беше спомнат со намера да се споредуваат баби со жаби, туку како илустрација. Многу луѓе воопшто не го разбираат селари капот во НБА (или барем не повеќе од површно).

Инаку сите тие статистики се интересни, но не опфаќаат многу аспекти на играта. На пример играчи како Бовен (од САС, пензиониран), би требало да имаат добар удел во тие win shares статистики, пошто колку и да се/биле добри Данкан/Паркер/Џинобили, често Бовен бил тој што ги одлучувал утакмиците со сите мали „прљави„ работи кои ги прави во одбраната, скоковите, итн, а кои не влагаат во никакви статистики.

Тоа што е осетно, за сите нас, е леснотијата, убавината, грациозноста... доминацијата, со која играч како Џордан ги носи победите на својот тим. Ќе му направат заебан фаул, и само ќе го налутат придонесот од 110% да го дигне на 130%. Таков е и Коби, таков не е Леброн. Ете ти нешто што сите го знаат а не влегува во статистика.


Еден силеџиски тим на Бостон од 07ма/08ма, или Детроит од 80-тите, овој Мајами би ги убил психолошки по пар утакмици. Денес за нивна среќа нема таков конкурент, пошто посебно играч со психолошки профил на Леброн ќе биде првиот што ќе го свитка опашот меѓу ногите.

За такви мадиња ти зборував.
E сега јас можеби грешам и ти ќе поставиш клип, па макар и еден, каде Леброн покажува мадиња во конфронтација со друг играч. Ситуациите каде не мрда со ништо не важат! ;)
(од сегашните тимови, можда Мемфис би бил супер противник за Мајами, ама тие нажалост не можат да излезат од западот па останува да се надеваме дека Индијана ќе најдат малку повеќе кичма)


Времето ќе биде најдобар арбитар за дискусијава, да бидеме здрави и живи па ќе видиме кој бил во право. До тогаш секое спомнување на Леброн и ГОАТ во иста реченица е смешно.

Пак ќе кажам, без намера да споредувам баби и жаби, имаме видено многу примери за тоа колку атлетицизмот како примарна каратеристика која се менува како што се старее, влијае на играта на еден НБА играч низ годините.
Еден Шекил беше незапирлива сила... се до неговите 32-33 години, кога играта почна незапирливо и вртоглаво да му паѓа надоле. За разлика од еден Данкан (не баш фер споредба, 4ка со 5ка, но сепак) кој еве на 37години игра одлично. Ете го и Коби, Реј Ален, пред него Реџи Милер и ред други играчи... кои наоѓаат (наоѓале) начин и како постари да даваат солиден, и повеќе од солиден допринос.

Како Леброн ќе старее, ќе биде интересно да се види. Посебно во услови кога е крајно време да испаднат појаки конкуренти за тутулата.
 
Шек на 36/37 години имаше 18/8 за Феникс во 30мин меѓу кои и 45 поени утакмица
кој можи денес на овие години ваква статистика да има? ( освен данкан благодарение на поп кој знае кога и како да го користи.. да шеташе тимови ко шек и тој сега цркнат или повреден ќе беше.. )
реј и реџи освен некој клач шут ништо друго неможеле во последните години ни О од одбрана..
за коби ќе видиме уште е млад тој споредено со овие, ама лесно е да се предвиди дека ќе проба да го сруши рекордот на карим и веројатно ќе стигни таму со процент на шут шо би го напрајл ајверсон горд
 
па ќе бидат силеџиски тим бостон, кога им се вратија на лејкерс од 24 негатива и замолчија цел ЛА, кога среде бостон им направија таков тексашки масакр шо овие жолтите не знаеја каде се наоѓат и во која година се наоѓат. не силеџии туку психопати :pos::pos:
 
Европскиот фудбал не беше спомнат со намера да се споредуваат баби со жаби, туку како илустрација. Многу луѓе воопшто не го разбираат селари капот во НБА (или барем не повеќе од површно).

Инаку сите тие статистики се интересни, но не опфаќаат многу аспекти на играта. На пример играчи како Бовен (од САС, пензиониран), би требало да имаат добар удел во тие win shares статистики, пошто колку и да се/биле добри Данкан/Паркер/Џинобили, често Бовен бил тој што ги одлучувал утакмиците со сите мали „прљави„ работи кои ги прави во одбраната, скоковите, итн, а кои не влагаат во никакви статистики.

Тоа што е осетно, за сите нас, е леснотијата, убавината, грациозноста... доминацијата, со која играч како Џордан ги носи победите на својот тим. Ќе му направат заебан фаул, и само ќе го налутат придонесот од 110% да го дигне на 130%. Таков е и Коби, таков не е Леброн. Ете ти нешто што сите го знаат а не влегува во статистика.


Еден силеџиски тим на Бостон од 07ма/08ма, или Детроит од 80-тите, овој Мајами би ги убил психолошки по пар утакмици. Денес за нивна среќа нема таков конкурент, пошто посебно играч со психолошки профил на Леброн ќе биде првиот што ќе го свитка опашот меѓу ногите.

За такви мадиња ти зборував.
E сега јас можеби грешам и ти ќе поставиш клип, па макар и еден, каде Леброн покажува мадиња во конфронтација со друг играч. Ситуациите каде не мрда со ништо не важат! ;)
(од сегашните тимови, можда Мемфис би бил супер противник за Мајами, ама тие нажалост не можат да излезат од западот па останува да се надеваме дека Индијана ќе најдат малку повеќе кичма)


Времето ќе биде најдобар арбитар за дискусијава, да бидеме здрави и живи па ќе видиме кој бил во право. До тогаш секое спомнување на Леброн и ГОАТ во иста реченица е смешно.

Пак ќе кажам, без намера да споредувам баби и жаби, имаме видено многу примери за тоа колку атлетицизмот како примарна каратеристика која се менува како што се старее, влијае на играта на еден НБА играч низ годините.
Еден Шекил беше незапирлива сила... се до неговите 32-33 години, кога играта почна незапирливо и вртоглаво да му паѓа надоле. За разлика од еден Данкан (не баш фер споредба, 4ка со 5ка, но сепак) кој еве на 37години игра одлично. Ете го и Коби, Реј Ален, пред него Реџи Милер и ред други играчи... кои наоѓаат (наоѓале) начин и како постари да даваат солиден, и повеќе од солиден допринос.

Како Леброн ќе старее, ќе биде интересно да се види. Посебно во услови кога е крајно време да испаднат појаки конкуренти за тутулата.


1. Поентата мене ми е дека "изгледањето" на доминантен играч заради грациозност, "мадиња" и слично се сосема неважни при бирањето на нешто како ГОАТ, бидејќи тоа што се оценува за ГОАТ е играта на теренот 48 минути секој натпревар во кариерата, а не дали некој играч знае да фрла опасни погледи. Резултатите и ефективноста се битни, а не како некој изгледа додека го прави тоа и дали покажал "мадиња".

2. Леброн и МЏ се во старт заебани да се споредуваат затоа што играат на различна позиција и имаат доста различна игра.

3. Кога веќе се запна за тие последни шутеви (кои носат исто поени и како првите шутеви во натпреварот и не треба да им се посветува толку многу внимание како што им се посветува само затоа што тогаш е поинтересно за навивачите кои се палат на такви работи) одамна имам прочитано мошне интересна реченица како споредба за Леброн и Коби, која може целосно да се стави во контекст Леброн-МЏ. Некој генерален менаџер на тим мислам беше прашан во последен напад на натпревар кој би го избрал и овој одговорил: I'd take Kobe to take the best shot, but Lebron to make the best play. Поентата му е дека ако му ја дадеш топката на Коби тој сигурно ќе шутира и ќе погоди со одреден процент (што е многу полош отколку што луѓето мислат), ама ако му ја дадеш на Леброн не е се до самиот шут туку мора да се земат во предвид, сите други ситуации кои се случуваат во таа акција, а кога топката е во рацете на Леброн, ако осети дека така се развива ситуацијата можеш да бидеш сигурен дека ќе ја подаде онаму каде што е најпаметно за да се добие шут кој е поверојатно да влези.

4. Индијана и тоа како 2 години со ред се таков силеџиски тим ти каков што сакаш, па дури и покрај огромните проблеми со повреди (едната сезона Бош, другата Вејд), пак не успеаа да го победат Мајами. Сезонава и јас очекувам да паднат Мајами, ама не заради тоа што Леброн не можел против силеџиски тимови, туку затоа што тимот околу него нема да биде доволно добар и Леброн како и никој друг играч не може сам да игра.

5. Нормално дека со стареењето се губи атлетоста. И Леброн сигурно ќе има проблеми со тоа. Ама обично играчите почнуваат да опаѓаат од 32-34 години (освен Данкан кој е чудо на природата). На Леброн му е сеуште рано за тоа. Затоа јас спомнав ако продолжи да игра во идните 4-5 години како во изминатите 4-5.

П.С. Кој ти кажа дека Bowen, лошо котира според win shares :). Во Сан Антонио и тој имаше по 5-6 win shares по сезона, што е горе долу пола од она што Паркер и Џинобили го правеа (можеби и повеќе од пола). Овие статистики не се совршени (не постои совршена статистика), ама доста добро го доловуваат уделот на играчите во победите, што на крај и краишта е најважното.
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 10:35 ---
Шек на 36/37 години имаше 18/8 за Феникс во 30мин меѓу кои и 45 поени утакмица
кој можи денес на овие години ваква статистика да има? ( освен данкан благодарение на поп кој знае кога и како да го користи.. да шеташе тимови ко шек и тој сега цркнат или повреден ќе беше.. )
реј и реџи освен некој клач шут ништо друго неможеле во последните години ни О од одбрана..
за коби ќе видиме уште е млад тој споредено со овие, ама лесно е да се предвиди дека ќе проба да го сруши рекордот на карим и веројатно ќе стигни таму со процент на шут шо би го напрајл ајверсон горд


Медицинскиот тим на Феникс е легендарен. Чуда прават со играчите и вадат резултати од играчи кои во друг тим би ги пратиле во пензија заради повреди и слично.
 
^^
Уухааааа... какво куцање човече! (y)
 
5. Нормално дека со стареењето се губи атлетоста. И Леброн сигурно ќе има проблеми со тоа. Ама обично играчите почнуваат да опаѓаат од 32-34 години (освен Данкан кој е чудо на природата). На Леброн му е сеуште рано за тоа. Затоа јас спомнав ако продолжи да игра во идните 4-5 години како во изминатите 4-5.
Поентата со атлетските атрибути, и нивното опаѓање истовремено со стареењето, беше дека на различни играчи во различна мера, атлетиката им е дел од играта.

Затоа беше примерот со Данкан, кој никогаш не бил атлетски особено импресивен, туку секогаш повеќе се ослонувал на вештина и знаење. Затоа кај него со стареењето, многу помалку му трпи играта.


Затоа на некој кому атлетиката му зазема многу поголем дел од играта, стареењето ќе му прави многу поголема разлика.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom