НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Знам дека пиковите од Бруклин што ги доби Бостон се распределени за 3-4 години наредни но сепак не верувам дека тие пикови ќе бидат многу високо позиционирани на драфт бидејќи за да бидат високи тие пикови што Бостон ги доби од Бруклин ќе треба барем некоја сезона Бруклин да има лош резултат и да биде во најслаби тимови во лига за да има некој пик да е во први 10 на драфт и затоа Бостон ќе треба самиот да си ја заврши работата за висок пик со тоа што оваа сезона да гледа да има што послаб резултат и да може повисоко да бира на драфт наредна година . Кога веќе нема да игра плеј оф годинава Бостон тогаш дали оваа сезона ќе бидат 11 или 14 , 15 на исток ако не играат плеј оф не е битно многу , тогаш барем нека вреди за во иднина тоа што нема да играат плеј оф годинава . Јута си прави добра работа сезонава со танкирање и со подмладувањето на тимот на центарските позиции под кош и ако бидат најлош тим во лига сезонава и ако не успеат во лотаријата да го добијат 1 пик и Вигинс пак како најлош тим ќе бираат најмалку барем пети на драфт во најлош случај . Јута сезонава ќе си ги направи што поискусни двајцата високи играчи под кош за во иднина и ќе си добие висок пик наредна година на драфт и нормално ќе земе врвен играч .

Бостон и Јута не се единствените тимови кои размислуваат така. Конкуренцијата за танкање ќе биде голема сезонава. Уште од старт неколку тимови беа заинтересирани, а допрва нови ќе се приклучуваат како што ќе сфаќаат дека не ги бива сезонава.
 
Вејд :facepalm:
Затоа никогаш нема да биде голем играч и секогаш ке биде во сенка на Леброн
oф леле значи вака коа ќе напишат некоја глупост... Вејд докажа дека може да освои титула без Леброн... А леброн без вејд неможе... ;)
 
Добро сеа не претерувајте и вие.. Не освоил Вејд сам титула.. :) Во мајами тогаш играа O'Neal, A.Walker, J.Williams ,A.Mourning ,G.Payton ,D.Anderson и ред други..:) А тоа дека направи глупост како вчера да почнал да игра кошарка тоа е друга работа :)
 
ама никој од овие не беа од Калибар на суперЅвезда дур играа во мајами.... О'Neal не беше тој од лејкерс и орландо, Пејтон во години беше , Морнинг исто така....Вејд имаше и сеуште има поголема важност за мајами него ли Леброн...
 
:pos::pos::pos::pos::pos:
Абе ова у пост на кој сте се изнасмеале треба да иде еј :pos:
Дај не треси зелени, жити се. Мислам, знам дека има многу што не го сакаат Леброн, и јас не го сакам, ама вакви работи...нема ни да се обидувам да ти реплицирам, нема поента на ваква глупост.

А за тоа каков тим имал Мајами, а каков Кливленд влегоа во финале, спореди ги тимовите и пред се тренерите, ке видиш како стојат работите. Јас глава ставам дека без Поузи Мајами немаше да бидат шампиони, едноставно тоа беше таков тим што сите си имаа своја улога, нормално главен беше Вејд, ама тешко дека без другите ке освоеше. Не играше сам. Никој неможе сам да освои, ни МЏ не освојуваше сам.
 
не може вејд сам да освои титула последен пат кога беше сам хит завршија последни
 
:pos::pos::pos::pos::pos:
Абе ова у пост на кој сте се изнасмеале треба да иде еј :pos:
Дај не треси зелени, жити се. Мислам, знам дека има многу што не го сакаат Леброн, и јас не го сакам, ама вакви работи...нема ни да се обидувам да ти реплицирам, нема поента на ваква глупост.

А за тоа каков тим имал Мајами, а каков Кливленд влегоа во финале, спореди ги тимовите и пред се тренерите, ке видиш како стојат работите. Јас глава ставам дека без Поузи Мајами немаше да бидат шампиони, едноставно тоа беше таков тим што сите си имаа своја улога, нормално главен беше Вејд, ама тешко дека без другите ке освоеше. Не играше сам. Никој неможе сам да освои, ни МЏ не освојуваше сам.
нигде не пишав дека Вејд сам освои титула...незнам кај прочита тоа...Но со тимот кој освои вејд е далеку од овој што сега го има Мајами... A Не толку поквалитен од кливленд на Леброн..

А за титулите на МЏ клучен беше и Пипен...ама Пипен не беше трејдуван во Чикаго како Ѕвезда....тој покрај Џордан и Џордан покрај него станаа најдоброто дуо во историјата на НБА...
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 23:52 ---
А и имало ситуации во кои Леброн се испичка во clutch ситуација и место тој да го земе тој шут он ја подава топката на вејд...
 
Абе ова у пост на кој сте се изнасмеале треба да иде еј
Дај не треси зелени, жити се. Мислам, знам дека има многу што не го сакаат Леброн, и јас не го сакам, ама вакви работи...нема ни да се обидувам да ти реплицирам, нема поента на ваква глупост.

Генерално земено, Џејмс е подобар играч. Но, во деновите кога Вејд беше во полна форма, мислам дека во нападот беше далеку поефикасен од Џејмс. Најсериозно.
 
нигде не пишав дека Вејд сам освои титула...незнам кај прочита тоа...Но со тимот кој освои вејд е далеку од овој што сега го има Мајами... A Не толку поквалитен од кливленд на Леброн..

А за титулите на МЏ клучен беше и Пипен...ама Пипен не беше трејдуван во Чикаго како Ѕвезда....тој покрај Џордан и Џордан покрај него станаа најдоброто дуо во историјата на НБА...

Види, факт е дека тогаш беше катастрофа лигата, посебно на исток. Тимовите што владее претходните години, Лејкерс, Нетс, Детроит, па и Филаделфија до некаде почнаа веке да стареат и да се распагаат. Имаше тимови во плејоф што едвај доагаа до .500, а имаше некои и под тоа. Тогаш уште беше ерата кога со една суперзвезда се стигнуваше до финале, па и се освојуваше, сега тоа е малку незамисливо, ама има исклучоци, како Далас во 2011.
--- надополнето: 12 ноември 2013 во 00:05 ---
Генерално земено, Џејмс е подобар играч. Но, во деновите кога Вејд беше во полна форма, мислам дека во нападот беше далеку поефикасен од Џејмс. Најсериозно.

Ако мислиш поефикасен на повеке поени, да, во финалето 2006 сигурно над 35 му беше просек на Вејд.
Ама генерално поефикасен за тимот, ретко кој може да се мери со Леброн, посебно кога е на ова ниво. Не заборавај дека освен што е поентер, е главен дистрибутер на топки и скокач.
 
Да, тоа ми е поентата. Вејд и по финалето 2006 имаше неколку одлични сезони. Убиствен прв чекор има.

Инаку да, Џејмс е аll-around играч, и се' уште најдобар во НБА. Мое мислење...
 
Смешно е да се споредуваат Вејд со Леброн. Ако продолжи вака Леброн ќе замине во пензија како најдобар во историјата.
 
Ако продолжи вака Леброн ќе замине во пензија како најдобар во историјата.

Пффф.... какви комедии. Ако продолжи леброн како? Да го искористува моменталниот вакуум на квалитетот во лигата?
Ќе видиме кога ќе се консолидира лигата и кога ќе испадне друг(и) тим(ови) со сличен број на ѕвезди во ростерот. И ќе видиме дали ќе старее како добро вино, играч на кој атлетиката му е прв адут.

Леброн ГОАТ? :D
Прстиве на рацеве не ми се доволни за да почнам да набројувам подобри од него, ќе треба и тие на стопалата да ги користам. Ако за никој друг (а охохо колку други има), барем за Џордан што го ставаш позади флоперов, треба баскетболџискиот бог да го казни тимот за кој навиваш, да не освои титула 101 година (и немој да си се осмелил да почнеш да навиваш за Лејкерси!!!). :)
 
:facepalm: Класичен хејтерски муабет без никакви факти...

1. Вакуум во лигата? Лигата никогаш не била појака. Толку многу извонредни кошаркари (ако сакаш ѕвезди наречи ги) никогаш немало.
2. Никаде не реков дека Леброн веќе е најдобар во историјата. Сеуште е млад за тоа. Ама ако продолжи уште 4-5 години во ова темпо и тоа како ќе биде. Тоа не е само мое мислење туку мислење на едно 90% од НБА аналитичарите.
3. Ниту навивам за Леброн, ниту некогаш ми се допаѓал како играч. Ама мора да се признае дека она што го прави е извонредно. А за Мајами пак да не правиме муабет нив ич не ги сакам.

Најпроста мерка ти се МВП титулите. Леброн веќе има 4. Џордан има 5. Карим Абдул Џабар има 6. Леброн има уште 10 години пред себе за да ги помини и јас мислам дека ако продолжи барем уште неколку години со ваква игра сигурно ќе го направи тоа.

Или ајде само затоа што е некој активен играч ќе го потценуваме и ќе велиме на времето се поарно и појако беше...
 
реално гледано и да осови 5-6 титули и повеќе МВП од Џордан не верувам дека некогаш фановите и аналитичарите ќе го прифатат Леброн како најдобар на сите времиња... Топ 3 е реалистично покрај Џордан и Карим.. Со титулата лани веројатно влезе во топ 10 на местото на Хаким.. Со уште една титула сезонава веројатно ќе отскокни уште неколкумина меѓу кои и вашиот миленик..
 
Ама чекајте малце, АКО освои 5-6 титули плус. Ако освои тогаш да, сите ќе мора да се согласиме дека е ГОАТ, без дилеми. Мада, он може да освои и 500 титули, за мене ГОАТ ќе си остане Џордан, а после него Коби, ради стилот на играта. Значи не дека го мразам Леброн или слично него стилот на играта на Коби и Џордан многу повеќе ја почитувам. Ова сепак е прашање на вкусови така да не навлегувам понатака. И мислам дека уште 5-6 титули за него не е баш реално, зборам кога он во тимот би бил лидер, не на 50 години кога може да влага од клупа, затоа што имајте во предвид дека Леброн не е баш млад па да има уште 10 топ сезони во неговите нозе. До 32-33 можеби ќе игра на ова ниво, потоа очекувајте да следат падови, повреди и слично. Е сега, додека дојде до 32-33 години, он треба да врзе неколку сезони по ред со освоени титули, што мислам дека е малце нереално, но не и невозможно, да не се разбереме погрешно. И другите тимови ќе се засилуваат, доаѓаат нови сили во НБА лигата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom