- Член од
- 1 март 2009
- Мислења
- 8.662
- Поени од реакции
- 10.445
Клиперси ги имаат сите предуслови да станат велесила во НБА, талентиран ростер, и прва лига тренер. Ова би требало да е комлемент, со оглед на тоа што доаѓа од човек што не може да им го поднесе ни тренерот, ни пола од ростерот.
Ако некако успеат да го заменат Грифин, за целосен играч, мислам дека тоа е веќе шампионски тим.
каков е тој целосен играч? постои таква 4ка во лигата?


). Сигурно не е топ 10 играч како што почнаа да го прават напумпаните медиуми во Америка пред некоја година само затоа што игра во Лос Анџелес, ама топ 30 веројатно е. Што се однесува до крилни центри, во транзиција е таа позиција во НБА моментално со се повеќе small ball, различната филозофија помеѓу тимовите, но и постепената смена на генерации (Garnett, Duncan, Nowitzki па и П.Гасол се веќе пред пензионирање). Моментално јас би рекол дека Love, A.Davis и Horford се дефинитивно подобри од Griffin, a Duncan, Nowitzki, Aldridge се тука некаде на слично ниво со него. Favors, Monroe и Millsap се следните зад него. Garnett ми се чини дека е веќе готов и ќе има споредна улога во Бруклин, а разочаран сум и од Гасол во почетокот на сезонава.