Филаделфија - Мајами најлудиот натпревар кој некогаш сум го гледал!!!
- 23-2 старт за можеби најслабиот тим во лигата против шампионот.
- 80 поени во 2 и 3тата четвртина за Мајами
- Мајами погодуваа тројки како луди, вклучително и Реј Ален со тројка од пола терен
- Филаделфија се врати од -10 во 4тата четвртина
- Рукито Мајкл Картер Вилијамс погоди 3/4 слободни и имаше исклучително важни украдена топка и дефанзивен скок против Леброн во последната минута, вклучително и 2те слободни со кои се запечати победата
- Мајкл Картер Вилијамс го имаше можеби најдоброто деби за некој кошаркар во НБА сериозно приближувајќи се до quadruple double (нешто што се случило само 4 пати во историјата) со 22 поени, 12 асистенции, 9 украдени топки, 7 скокови и само една изгубена топка (а и таа беше безвезе досудени чекори). Притоа 22/12/9/7 се бројки кои само уште два пати порано некој играч ги достигнал во историјата.