Што сакате поише од тим во кој главен играч е Харден. Гледајте какви се Хјустон оваа година во одбрана, ренде, каша попара, кој стигне им дава над 100ка. Знаев уште кога се случи трејдот со Харден и Мартин дека ќе ги јачаат Хјустон а овие ќе се посерат.
Друго, сакав да кажам дека баш убаво ги следам ОКС од почеток на сезона, и можам комотно да кажам дека дупло се појаки од лани, посозреани се, според мене најголем фаворит за титулата оваа година.
Трето, за мрчаторите како Џони и Коцка, главниот проблем на Лејкерс е одбраната, во нападот се солидни, кажаа и на Спорт Клуб сеа у петокот дека се во топ 10 напади, ама одбраната е главен проблем. Во тим каде што настапуваат Хауард и Мета Ворлд Пис не смее да постои поимот слаба одбрана. Само со нетрпение го очекувам враќањето на Неш и Гасол и тек тогаш ќе можам да оформам мислење за можностите на овој тим. Според мене направија грешка што не го ангажираа Џери Слоун, повторно ќе имаше убиствен тандем за пик енд рол како на времето со Стоктон и Мелоун, а згора на тоа Слоун е и многу стабилен и искусен тренер, добар во секој сегмент. Од друга страна Д’Антони е специјалист за ран енд ган кошарката, одбраната не му е баш јака страна а тоа се гледа и по резулатите на Лејкерси под негово раководење. Но не сакам да судам прерано, долга е сезоната и му оставам време и простор за да ги склопи коцките, бидејќи цел свет знае дека Д’Антони води тим со шампионски потенцијал, само треба да ги усогласи работите.