Па се враќа времето на 5 секунди, ако е помалце од тоа. Јеби га, немаше среќа Оклахома. Вчера некои имаа еден куп "in & out" шутеви, плус оние 0,8 секунди до крај.
Syn
Не заебавај и ти за Оклахома. Немаат никакво искуство во вакви дуели, а види на друга страна кој имаат. Првата поштено го тепаа Мајами и сите утакмици беа тесни, без дебакл.
Искуството нивно нема врска со смешниов начин на кој го играат финалево, поготово зашто во истото успеаа да влезат после негатива од 2-0 со САС и Попович што воопшто не претставува мала работа, проблемот е лоциран на друго место, факт е дека се неискусни али и факт е дека и во една ваква ( неускусна ) состојба они не смеат ваква аматерска кошарка да играат и да си дозволат вакви глупи грешки, ко на пример да утнеш положување у контра ( Харден ) или фишерот ( човек со енормно искуство ) кога при нерешен резултат отиде да решава у контра и го испозалепија, или кога водеа 2 на крај а Вестрбук на смешен начин изгуби топка.
Сите овие фејлови беа во 4та четвртина, во клучни моменти за Оклахома, фејлови по кои Мајами правеше серија, освен мислам по утката на Фишер, после она на Вестбрук од 94-92 за нив, резултатот беше 99-94 ако не се лажам, тројка на Леброн ( повреден, овие му играат одбрана ко он да е 100% фит па го оставаат да шутира, уште една смешна грешка ) и по 2 поени на Бош и Чалмерс.
Нема везе ова со неискуството, факт е дека тоа е минус од старт, нормално, али надминлив, како што реков, овде друга работа е во прашање, не неискуството.
Како и да е, страшна екипа се и тоа глупо е да се спори, екипа која сигурно во иднина ќе се закити со прстен, ко што рекоа вчера коментаторите на СК, све е младо во тимот, дури и генералниот менаџер им има 35 години, одлична иднина им претстои но не смеат на ваков начин сега да си ги прокоцкуваат шансите, не е дозволиво тоа за НБА тим кој стигнал до финале.
п.с. И да, ја туку така не би одбил понуда за втор пик од драфт за Харден, незнам што ви е чудно тука, ако навистина постои вакво нешто во иднина, тоа Оклахома убеден сум дека ќе го разгледаат, поготово поради тоа што Харден во иднина ќе бара каде-каде повисок договор од постоечкиов.