NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ноел
Јанг
Леброн
Ричардсон/Вротен
МКВ

Не е кознај колку полош од Кливленд тимовите на Леброн..

Не би рекол. Многу потценети се тие тимови на Кливленд само затоа што немаше други ѕвезди во тимот. Илгаускас, М.Вилијамс, Варежао, Џејмисон, Паркер, Хјуз итн беа сосема солидни и искусни играчи. Не се ѕвезди ама како комплементарни играчи беа ок.

Од друга страна, Филаделфија на пример освен Young и повредениот и стар Richardson (кој којзнае дали може уште да игра) е цела екипа млади играчи без или со многу малку искуство. Тие можеби имаат потенцијал за еден ден да бидат страшен тим, ама сега засега нема шанси да направат нешто дури и ако Леброн им се додаде. Постојано прават типични неискусни грешки. И ОКЦ првите 2-3 сезони беа катастрофа додека не им добијат играчите искуство. Генерално од 3тата година па натаму играчите сериозно придонесуваат кон победи.
 
The New York Knicks recently offered the Minnesota Timberwolves a package of Amar'e Stoudemire, Tim Hardaway Jr. and Iman Shumpert for Kevin Love, according to a source.

Трол левел: Фил Џексон, можел да проба и Барњани да им го убаци за Рубио или Пековиќ :pos:
 
Тролл левел: секоја мајка што си го изгубила синот може да го најде у лејкерси :pos:какви играчи земаа Карлос Бузззер и Лин :icon_lol:
 
The New York Knicks recently offered the Minnesota Timberwolves a package of Amar'e Stoudemire, Tim Hardaway Jr. and Iman Shumpert for Kevin Love, according to a source.

Трол левел: Фил Џексон, можел да проба и Барњани да им го убаци за Рубио или Пековиќ :pos:
Па не е трол, на времето во Лејкерс му успеваа вакви трејдови.. ама има заборавено дека не е поќе таму
 
Нов тренер на Лејкерс е Бајрон Скот, потпиша 4 годишен договор.
 
Другарчето на Леброн, Мо Вилијамс потпиша за Минесота, 1г/3.75м, све мислим дека ќе биде овој дел од трејдо за Лов..
Колку што знам Кавс го дадоа Џек и немаат бек ап плеј...
 
Другарчето на Леброн, Мо Вилијамс потпиша за Минесота, 1г/3.75м, све мислим дека ќе биде овој дел од трејдо за Лов..
Колку што знам Кавс го дадоа Џек и немаат бек ап плеј...

Некако тешко веројатно со оглед дека Кливленд е тој што треба да најде начин како повеќе плати да испрати во насока на Минесота а не обратно. Згора на тоа. Вилијамс нема да може да биде трејдан до 15ти Декември. Не верувам дека дотогаш ќе се влече ситуацијата со Лав.
 
Нели ги набавија тие негарантираните 3 договори од Јута, имаат договори за праќање..
Ја колку што знам месец дена неможе да биде трејдан, од каде сеа ова до 15-ти декември ?!
 
Другарчето на Леброн, Мо Вилијамс потпиша за Минесота, 1г/3.75м, све мислим дека ќе биде овој дел од трејдо за Лов..
Колку што знам Кавс го дадоа Џек и немаат бек ап плеј...

Го имаат
Dellavedova, Matthew
за бекап плеј.
 
Нели ги набавија тие негарантираните 3 договори од Јута, имаат договори за праќање..
Ја колку што знам месец дена неможе да биде трејдан, од каде сеа ова до 15-ти декември ?!

Ако ги набавија малку се тие. Love има договор од околу 15-16 милиони по сезона. Има разни правила и стуации тука, ама наједноставно за да се објасни рачунај дека Кливленд треба во спротивен правец да прати плати со 17-18 милиони по сезона вредност само за Love.

Wiggins + Bennett + негарантираните, сами е прашање дали стигнуваат до тоа ниво, а не пак и за Вилијамс плус. Да не зборувам што Минесота сака во трејдот на Love да се ослободи и од договорот на Кевин Мартин (околу 7 милиони по сезона).

Тоа е првата работа. А другата, еден месец е правилото само за драфт пиковите. Играчи кои потпишале договор како слободни агенти во летото, не смеат да бидат трејдани пред 15ти Декември или 3 месеци по потпишувањето на договорот (тоа што е подоцна од двете). За најголемиот дел од играчите тоа ќе биде 15ти Декември. Затоа впрочем и ретко се гледаат трејдови пред 15ти Декември во НБА бидејќи многу од играчите не смеат да бидат трејдани до тој датум.
 
862215294.gif

862214256.gif

862214591.gif
 
Струја е :)
Криво ми е Џорџ, ептен страшна повреда ми се чини, и претстои голем рехаб. Се надевам дека ќе се врати и ќе биде дури подобар. :place:
За оние што не знаат за што зборувам
Ако имате слаб стомак, не отварајте
 
Не е за лајк работава, ама....:(:(:(
Се надевам не е двојна скршеница (fabia f(t)ibula), незнам точно како се викаше, нека ме корегира некој, оти со таква повреда, цела сезона пауза не му бега.
 
Ау не сезоната ова може трајни последици и на кариерата да има. Ливингстон ми се чини имаше слична повреда и одвај успеа до ротациски играч да стигне после толку години мачење (додуша тој и колено и се уништи во таа повреда). Сезоната мислам дека е секако завршена.

Инаку точно заради вакви ситуации, не се прогнозира пред време. Индијана, автоматски е можеби и аут од плејофот идната сезона. 2014 вечно ќе ја памтат како најмалерозната година.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom