NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
2013-14 Nets = 2012-13 Lakers
уште сеа почнаа да ги прават шампиони а на крај лампиони ке испаднат. Тим полн со ветерани кои веќе ги имаат поминато нивните најдобри години, освен Лопез и можеби Вилијамс. Не верувам да имаат повеќе од +5 или 7 над .500 границата у смисла на победа/пораз рекорд. Најголем бум според мене ќе направат Портланд, Мини, Кливленд и Пистонс.
 
2013-14 Nets = 2012-13 Lakers
уште сеа почнаа да ги прават шампиони а на крај лампиони ке испаднат. Тим полн со ветерани кои веќе ги имаат поминато нивните најдобри години, освен Лопез и можеби Вилијамс. Не верувам да имаат повеќе од +5 или 7 над .500 границата у смисла на победа/пораз рекорд. Најголем бум според мене ќе направат Портланд, Мини, Кливленд и Пистонс.


Јас пак имам обратен впечаток. Ми се чини дека поголемиот број американски новинари веднаш настапија со став, дека ова се минимални засилувања и дека Бруклин нема да биде многу појак од минатата сезона. А мене ми се чини дека не се воопшто з потценување Бруклин и дека ќе бидат сериозен конкурент идната сезона. Очекувам да бидат топ 5 во лигата.
 
2013-14 Nets = 2012-13 Lakers
уште сеа почнаа да ги прават шампиони а на крај лампиони ке испаднат. Тим полн со ветерани кои веќе ги имаат поминато нивните најдобри години, освен Лопез и можеби Вилијамс. Не верувам да имаат повеќе од +5 или 7 над .500 границата у смисла на победа/пораз рекорд. Најголем бум според мене ќе направат Портланд, Мини, Кливленд и Пистонс.

Кај Лејкерс во голема мера работата ја утнаа управата и тренерите. Кај Нетси засега управата си ја врши беспрекорно работата, а Кид тек ке го видиме на дело. :)
 
За да допринесат кон тимот, и вилијамс и џонсон и пирс треба да ја имаат топката во раце. Минатата сезона беа 28 во посед на топка за 48 минути, не дека имаа нешто побрзи играчи, подобра транзиција и подобра одбрана, но со додавање на уште по бавни и постари играчи нема сигурно тоа да се измени. Значи Вилијамс и Пирс знаат да бидат големи трошачи на топки. КГ ке игра главно одбрана а можат да комбинират п-н-поп со Вилијамс. Значи бавна игра играат и имаат бавни играчи. Кид изјавил дека ќе бара повеќе тимски напад со движење на топка. Нема повторно да гледаме како вилијамс ја пренесува топката преку центар, ја дава на Лопез и Џонсон и они играт изолација. Затоа и сезона под очекувањата имаше Џонсон. Повеќе ќе ја умртват играта ќе ја движат и ќе играт на поени преку асистенции пошто минатата сезона беа 27 по асистенции по утакмица. Не значи дека тоа што земале идни хол оф фејмери дека ќе бидат најдобар тим. Еве сеа и Кириленко го земале и веројатно на клупа ќе го бапне, плус одозгора на тоа ќе ја плаќаат највеќе данок во историјата на НБА. 5-6 сид во Исткот имаат од мене макс.
 
Кај Лејкерс во голема мера работата ја утнаа управата и тренерите. Кај Нетси засега управата си ја врши беспрекорно работата, а Кид тек ке го видиме на дело. :)

Еј шо ја заеба работата управата на Лејкерс? Шо ги доведе Двајт и Неш? Управата во однос на играчи заврши супер работа.

Во поглед на тренери да. Но во поглед на тренер(и) можда и управата на Нетс (на)прави грешка, ќе видиме ко што пиша. Моја претпоставка е дека ќе завршат 3-4 во регуларна и макс. 2 коло плеј-оф. :noze:

Според мене Клиперси „одеднаш“ се меѓу најтесните фаворити, пред се за шампиони на Западот.
 
Според мене Клиперси „одеднаш“ се меѓу најтесните фаворити, пред се за шампиони на Западот.



Jes da e Doc treneriste ali nit e Jordan Garnet, nit e Barnes Pirs, samo e Blejk, Brendon Bas :icon_lol: Moe mislenje e deka momentalno kako stojat rabotete dura sa i poslabi od lani, igracki, trenerski mnogu pojaki, ocekuvam da vidim dal ce zemat uste nekoj del, vaka sea ne mi izgledaat ni blizu do nesto pojce od vtoro kolo plej of.

Oklahoma, San Antonio, Golden Stejt, se momentalno podobri od Clipsi


Za Bruklin ce vidimo, na hartija sa mnogu pojaki od Lejkersi prosla godina, pred se ako se gleda klupata na Bruklin i klupata na Lejkers, za mene tamo najgolema misterija e Kid, kako on ce se pokaze, i dali ce ima avtoritet za svite tie iminja tamo..

Neka ne ve lazat godinete, oni sa spored mene ramo do ramo so Pejsersi, ako ne i podobri, samo Miami e pred niv na istokot...


Inace koj prati summer league ? Go gleate Drummond so prae ?? :vozbud:

Izvinite za latinicava, ne sum u makedonija i nemam kirlicina podrska
 
не трескајте бе бруклин и лејкерс биле исто... лејкерс ти беше составен од суперѕвезди.. играчи со големо его... овде сите се ветерани и си ја знаат работата, никој нема да изиграва прва ѕвезда/опција... ќе се шири топката а и сите петмина се добри шутери од полудистанца така да нема да имат проблеми во офанзива... во дефанзива го имат Гарнет кој претходните две сезони е топ 5 дефанзивец во нба, вилијамс е надпросечен исто така... пирс и џонсон солидни.. кириленко и реџи иванс од клупа ќе доприносат за дефанзива и скокови... блеч и тери за офанзива исто и ливингстон кој беше одличен за кавси... така да имат 10 солидни играчи за разлика од лејкерс кој во ротација имаа ибенкс, морис, блејк, духон, микс и сл. срање...

А клиперси сигурно не се послаби од лани, најголемата дупка во тимот ја пополнија ( најслабиот тренер го заменија со еден од подобрите )... џордан и грифин сигурно дека ќе напредуваат... колисон и бледсо се тука негде... дадли е подобар од батлер... го добиваат џџ редик наместо билапс кој речиси и не играше лани... и плус ќе земат уште некој центар...

фаворит на западот моментално не знам кој би бил, 5-6 тимови имаат реални шанси за финале...
 
Лејкерс и Нетс се слични по тоа што и двете екипи ја утнаа работата со тренерите :)
 
Еј шо ја заеба работата управата на Лејкерс? Шо ги доведе Двајт и Неш? Управата во однос на играчи заврши супер работа.

Во поглед на тренери да. Но во поглед на тренер(и) можда и управата на Нетс (на)прави грешка, ќе видиме ко што пиша. Моја претпоставка е дека ќе завршат 3-4 во регуларна и макс. 2 коло плеј-оф. :noze:

Според мене Клиперси „одеднаш“ се меѓу најтесните фаворити, пред се за шампиони на Западот.

Апсолутно да, зборам за управата во контекст на тренерите. Арно ама, освен тоа што ги донесоа Неш и Двајт, клупата им останата тиња, нешто слично на Мајами во првата сезона со големата тројка. Сега реално и нема тука многу простор за маневрирање со оглед на селари кап-от, ама мислам дека имаше простор за уште некој подобар играч, како на пример сега Нетси.
Главно муабетов е за лошиот избор на тренерите и тајмингот на менување, ама можеа да бидат подобри и во изборот на играчите.
 
Sources told ESPN.com that the Mavericks and Ellis have agreed to terms on a three-year deal that -- depending on where Dallas ends up in terms of salary-cap space as it works on a number of deals -- could rise to as high as $30 million.
 
Според мене има голема разлика од минатогодишните Лејкерс и овогодинешните Бруклин.

1. Фит. Пирс, Гарнет и Кириленко одлично се вклопуваат покрај Вилијамс, Џонсон, Лопез. Одличен баланс меѓу одбрана и напад, играчи кои играат on-the-ball и off-the-ball. Пирс и Џонсон, за разлика од Брајант можат и се одлични off-the-ball. И што е уште поважно и Вилијамс може да игра така и од време на време преку некој од другите да оди нападот. Сите се добри шутери за тројка off-the-catch. Од друга страна и Брајант и Неш, не можат да играат без топка. Не случајно е што Брајант беше најуспешен со плејмејкери кои ги користеше само за да чекаат на чинијата за три спремни за шут. Вака наместо да си ги максимизираат јаките страни, си ги максимизираа слабите страни. И што е уште поважно, нападот и не беше голем проблем на Лејкерс минатата сезона. Во напад беа 9ти од 30 тима (макар што имаа потенцијал да бидат најдобри), додека во одбрана беа 20ти. Е за во одбрана, тука проблемот настана во тоа што Купчак се надеваше дека слично како во Орландо, Хауард, ќе може сам да ја направи одбраната добра, но заради повредите и несогласувањата во рамки на тимот, а и тактиките на Д'Антони, тоа не се случи. А инаку Неш и Брајант се знаеше дека ќе бидат едно од најлошите бековски парови во цела лига во одбрана, а и Гасол е лош на позиција крилен центар. Од друга страна, сега кај Бруклин доаѓаат Гарнет и Кириленко кои според мене одлично се вклопуваат и можат значително да ја подобрат одбраната со нивниот стил на игра. Додатно, Пирс, Џонсон и Вилијамс не се на ниво Неш и Брајант, подобри се од нив во одбрана. Е Лопез е полош од Гасол.

2. Карактер. Пирс, Гарнет и Кириленко носат несебичен и доста тимски карактер и жар за победа со себе. Не се воопшто проблематични како Хауард. Попроблематичен е Вилијамс, ама далеку е од нивото на Брајант во егото, така што не мислам дека ќе биде проблем. Кид тука може многу да помогне според мене.

3. Клупа. Клупата на Бруклин барем на хартија делува многу посилна од клупата на Лејкерс. Тоа секако ќе направи голема разлика.

Главното прашање кај Бруклин ќе биде тренерот. Јас мислам дека Кид долгорочно ќе биде добар тренер, ама без никакво искуство да се очекува титула во првата сезона, тоа мене ми е некако нереално.

Во секој случај, не мислам дека Бруклин се главни фаворити, далеку од тоа, но не се за потценување. Мајами, Оклахома, Чикаго, Сан Антонио и можеби Клиперс и Хјустон (ќе видиме како ќе функционират со засилувањата) се пред нив, во однос на фаворити, но после нив, јас дефинитивно би ги сместил Бруклин. Индијана, Голден стејт, Мемфис се барем на хартија зад нив. А како изненадувања, тимови кои очекувам да покажат голем напредок сезонава се: Минесота, Портланд и Њу Орлеанс. Опасни може да бидат и Вашингтон и Детроит.
 
Во ред е се, ама од кога Џо Џонсон и Дерон Вилијамс одлични одбранбени играчи?
 
Секако дека клупата на Бруклин е неспоредлива со таа на Лејкерс. Јас никаде не ги споредив можностите на ланскиов ЛАЛ со идниов Бруклин, туку коментирав во „вршењето на работата на управата“. Но и покрај тоа, мислам дека нема да стигнат до финале на истокот.
 
Бруклин според мене оваа година се меѓу главните фаворити за освојување на титула,и не се исто што и ЛА минатата сезона,управата на ЛА згеши што направи таков тим за само една сезона,правејќи ростер само прва постава оставајќи ја клупата како небитен фактор.Друг проблем беа тренерите,а исто така и незаинтересираноста на Хауард.Трето главните играчи на ЛА се во години,а знаејќи ја клупата на ЛА мораа да играат голема минутажа,и тоа резултираше со повреди.

Бруклин склопија солиден тим,но уште поважно е тоа што клупата е квалитетна,а од Пирс,Гарнет очекувам да се играчи од сенка кој со своето големо искуство ќе решаваат битни мечеви(нешто слично со Ален во Мајами).Осеќам дека Кид ќе е добар тренер бидејќи тој важеше за еден од најинтелегентните играчи во НБА,е сега тоа не мора да значи дека ќе е добар тренер,но играчите како Кид,Џексон имаат предуслови да се добри тренери.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro
Денис Шродер ќе го биде.Едно е јасно,мора да поработи на одбраната и тоа доста.
Ногуеира одигра исто добро.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom