Според мене има голема разлика од минатогодишните Лејкерс и овогодинешните Бруклин.
1. Фит. Пирс, Гарнет и Кириленко одлично се вклопуваат покрај Вилијамс, Џонсон, Лопез. Одличен баланс меѓу одбрана и напад, играчи кои играат on-the-ball и off-the-ball. Пирс и Џонсон, за разлика од Брајант можат и се одлични off-the-ball. И што е уште поважно и Вилијамс може да игра така и од време на време преку некој од другите да оди нападот. Сите се добри шутери за тројка off-the-catch. Од друга страна и Брајант и Неш, не можат да играат без топка. Не случајно е што Брајант беше најуспешен со плејмејкери кои ги користеше само за да чекаат на чинијата за три спремни за шут. Вака наместо да си ги максимизираат јаките страни, си ги максимизираа слабите страни. И што е уште поважно, нападот и не беше голем проблем на Лејкерс минатата сезона. Во напад беа 9ти од 30 тима (макар што имаа потенцијал да бидат најдобри), додека во одбрана беа 20ти. Е за во одбрана, тука проблемот настана во тоа што Купчак се надеваше дека слично како во Орландо, Хауард, ќе може сам да ја направи одбраната добра, но заради повредите и несогласувањата во рамки на тимот, а и тактиките на Д'Антони, тоа не се случи. А инаку Неш и Брајант се знаеше дека ќе бидат едно од најлошите бековски парови во цела лига во одбрана, а и Гасол е лош на позиција крилен центар. Од друга страна, сега кај Бруклин доаѓаат Гарнет и Кириленко кои според мене одлично се вклопуваат и можат значително да ја подобрат одбраната со нивниот стил на игра. Додатно, Пирс, Џонсон и Вилијамс не се на ниво Неш и Брајант, подобри се од нив во одбрана. Е Лопез е полош од Гасол.
2. Карактер. Пирс, Гарнет и Кириленко носат несебичен и доста тимски карактер и жар за победа со себе. Не се воопшто проблематични како Хауард. Попроблематичен е Вилијамс, ама далеку е од нивото на Брајант во егото, така што не мислам дека ќе биде проблем. Кид тука може многу да помогне според мене.
3. Клупа. Клупата на Бруклин барем на хартија делува многу посилна од клупата на Лејкерс. Тоа секако ќе направи голема разлика.
Главното прашање кај Бруклин ќе биде тренерот. Јас мислам дека Кид долгорочно ќе биде добар тренер, ама без никакво искуство да се очекува титула во првата сезона, тоа мене ми е некако нереално.
Во секој случај, не мислам дека Бруклин се главни фаворити, далеку од тоа, но не се за потценување. Мајами, Оклахома, Чикаго, Сан Антонио и можеби Клиперс и Хјустон (ќе видиме како ќе функционират со засилувањата) се пред нив, во однос на фаворити, но после нив, јас дефинитивно би ги сместил Бруклин. Индијана, Голден стејт, Мемфис се барем на хартија зад нив. А како изненадувања, тимови кои очекувам да покажат голем напредок сезонава се: Минесота, Портланд и Њу Орлеанс. Опасни може да бидат и Вашингтон и Детроит.