Форумов остана единственото дувло на интернетот кај шо уште успева да се протне муабетов Леброн vs Коби, муабет што сегде е завршен пред 9 години, у 2016-та.
Треба да одвоиш време, да копаш малце на втора, на трета страна на Google за да најдеш барем еден полу-респектабилен медиум/нба аналитичар што го има Коби во топ 5 на сите времиња in the first place, а камо ли во било каква листа пред Леброн.
Ајде важи еве сеа ќе се праиме слепи пред секоја можна статистика, ќе глумиме лудило дека играле у различни ери (пресмешно), ќе се лажеме дека Коби нема истерано една 20ка у нба, дека лојалноста е најбитна и Коби никогаш нема побарано трејд... what else? Кој друг фактор и податок треба да се нашминка за да се дојде до заклучокот дека мерилото за кој играч е подобар е тоа кој трепнал, а кој не, кога Мет Барнс му замавнал со баскетот пред фаца?
Скроз океј е некој да го поштува поише стилот на Коби, ама океј у реду е.
Повеќето овде сте над 30, немате 18. Секој шо е спортист/на било каков начин е поврзан со спорт да го глеа ова шо Леброн го прави со полни 40, да глеа како факинг 22 (дваесет и две) сезони игра на вакво високо ниво, од 2003-та до буквално завчера, без ниеден момент кај што се осетил било каков пад, практично без ниедна повреда во кариерата, нешо што никој спортист во ниту еден спорт никогаш го нема напраено и да се праиш слеп при очи, да пишеш Лекоњ на кајгана, и да си легнеш у делузија е доста језиво и тажно мора да се признае. Најлудо е дека ботов Ванлок се лигавеше со истиве муабети у 2012-та, пред 13 години. Леброн завчера у 2025-та имаше партија 42/17/8 со 60% реализација, а овој се лигави на форум дека Лекоњ ќе му го трејдал Далтон Кнехт.