Не верувам дека и Редик претерано се загреа за Кнехт, пошо доби шанса, имаше солидни офанзивни партии, ама дефанзивно е слаб. Плус, со Фили ако не се лажам му се напна дека не си ја знаеше акцијата и викна тајмаут.
Руки е, скроз нормално се такви грешки... Тоа што не е нормално е да го слушаш Леброн на 40+ да те тера таков талент со толку висок плафон ПЛУС ПРВ ПИК, да ги трејдаш за играч што е 10 пати постаклен и од АД. Практично ЛеГМ се коцка ама на сметка на Лејкерс. Со минимални шанси (ако воопшто ги има) за успех. Тој дечкото од Јута да го земеа ајде некако, ама ова?
Дефанзивно е слаб Кнехт? Па и Лука е дефанзивно слаб, да го мењаме ако не за Антони Дејвис? И Јокиќ дефанзивно не е којзнае што, можеби требаше АД за него да го мењавме?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Но сериозно, следи го Кнехт. Играчиште ќе стане, веднаш се гледа.
А клучно у сето ова е што сакаат со Леброн да пробаат да освојат, немаат година две три да го чекаат ко Остин Ривс. Нејсе, сосем солиден тим склопија Лејкерс, да не зборам што значи да го имаш Дончич у тим. Сите околу ќе бидат за 30% подобри пошо ќе ги удвојуваат него и Леброн, а овие ќе бидат оставани често на отворени шутеви.
Кој го eбe Леброн, ради него и таа една титула го уназадија клубот. Да не се погодеше ова со Лука сега ќе следеа 10 години мрак... И сега наместо полека и паметно да градат тим околу Лука они се коцкаат и фрлаат за џабе одлични таленти.
Нека се пензионира упм. Уф како сакав да се полакоми да иде во Голден Стејт.