NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    66
Член од
16 април 2014
Мислења
7.075
Поени од реакции
11.065
Не ја глеав цела, ги пуштив последни 5 минути и освен Леброн и донекаде Ривс, никој ништо не играше. Последните 15 поени сите одат на душа на Дејвис. Онакво млитаво и глупаво понашање во одбрана ни во all-star утакмица нема.

Ќе го плукаат пак Леброн, и за утакмица и за промаршената тројка ( што ако сакаш да си гоат не смееш да ја промаршиш ) али во последни 5минути играше сам против цел Денвер.
Да ама Дејвис се отепа играње цела утакмица. Сиг и со силата има намалено на крајот, неможе да игра и напад и одбрана 40 минути на високо ниво, и тој е човек.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.353
Поени од реакции
29.827
Не ја глеав цела, ги пуштив последни 5 минути и освен Леброн и донекаде Ривс, никој ништо не играше. Последните 15 поени сите одат на душа на Дејвис. Онакво млитаво и глупаво понашање во одбрана ни во all-star утакмица нема.

Ќе го плукаат пак Леброн, и за утакмица и за промаршената тројка ( што ако сакаш да си гоат не смееш да ја промаршиш ) али во последни 5минути играше сам против цел Денвер.
Eпа одгледај ја... Во второ полувреме Maлоун прави мали адаптации, а неговиот колега Хам кога зема тајмаути (а ги зема касно и проформа, пеп ток им праи „ајде голови клавајте, голови не примајте“), им збори некои охрабрувања. Од тактички адаптации 0 промени. Кажав, Денвер со најобичен блок ршум правеше. Мареј, не само он ама најмногу он, буквално цело време преку блок влагаше во рекет и си даваше кошеви. Еднаш Лејкерс не се обидоа да поминат под блокот, цело време бркаа окулу блок. Пази, они следат план. На Ривс му кажале ќе вртиш окулу блок и он врти. Тоа е планот. Ама планот е за почеток, после мора адаптации - е Дарвин Хам не е способен за тоа.

Ова само како пример. Милион други примери има како еден Малоун кој е просечен (ок малку над просек) тренер е 10 пати подобар тренер од оној Хам.

Дајте му ја оваа екипа на Попович (верзијата од пред 10+ години) и се обложувам дека минатава и оваа година, Лејкерс ќе беа шампиони... Еден Френк Вогел, просечен тренер каков што е - овој состав ќе го однесе до шампионат.
Автоматски споено мислење:

Ќе го плукаат пак Леброн, и за утакмица и за промаршената тројка ( што ако сакаш да си гоат не смееш да ја промаршиш ) али во последни 5минути играше сам против цел Денвер.
Не беше крив Леброн. Овојпат не беше. Цело второ полувреме немаше концепт на игра, тренерот на Лејкерс не успеа да направи кохерентен план и совети. Најпросечен тренер ќе ги смиреше играчите, ќе ги вратеше на најупотребувани тактики. Нешто. Било што.... 20+ поени постојано надоле, со повремено одржување во живот со „херојства“ од Леброн и АД. Епа нормално дека ќе изгубат.

Прво полувреме го добија чисто на талент. Не е дека имаа било каков гејм план различен од тие хх утакмици што по ред ги губат од Денвер, наназад последниве две години.

Кажав уште пред серијава, Лејкерс ништо не прават со овој тренер. Самиот факт што го донеле, и две години го чуваат - кажува и дека управата појма нема што прави.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.473
Поени од реакции
9.276
Батулињааааааааааааааааааааааааааааааааааа, кој инфаркт завршници на двете утакмици у пичку мајчину еј. Е не можи да не сакаш баскет после вакви завршници, буквално по жица да се оди да не знајш кој ќе тепа.

На пат бев вчера си дојдов касно дома и поминав некои 10 мин на форумот и ничкум цели 3 саати сум спиел па денес исто обврски, немам време да ги изгледам Никси. Гледав рилсови и на она Харт, Хартештајн и ДиВиченцо треба статути да им кренат до кипот на слободата. Ѕверски особено Хартештајн изигра под кош иако како што видов од рилсови Ембиид сосема добро се движеше на утакмицата, не дека беше здрав или нормално покретен ама каде каде подобар од второто полувреме некни.

Судењето очаааааааааааааај, лесно можеа во клучни моменти да ги оштетат и едните и другите ако беше на пример гејм 7 или натпревар за титула.

Сега клучна е третата утакмица, ако ја добиеме готово, финито, енде. Доколку не тогаш ќе се крстиме на четвртата во недела рано, битно е брејк да направиме, со 2-0 и со ѕверот кај Фила во игра ништо не е готово.
Како шо и претпоставував тесни натпревари.

ТУГАААААААА исто Лејкерс како успеа да изгуби, плус каков малер е АД, пак со шут преку него се решава натпревар (мада чоекот очигледно океј натпревар имал според статистиката и според тоа тука шо ве читам).

Утре пак на пат сум ама среќа Њујорк игра петок па има да се гледаат двете и петок и недела и да се навива на цел гаааааассссс. :uzi: :uzi: :uzi: :uzi::oleee:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.353
Поени од реакции
29.827
ТУГАААААААА исто Лејкерс како успеа да изгуби, плус каков малер е АД, пак со шут преку него се решава натпревар (мада чоекот очигледно океј натпревар имал според статистиката и според тоа тука шо ве читам).
Последниот напад на Денвер е прича за себе. Денвер има топка а „Генијот“ Дарвин Хам не зема тајмаут. За да го извади Дило и да стави дефанзивец. За Х работи да договорат. Ако ништо друго, за да ги смири своите играчи кои очигледно се во паника.

АД си изигра ѕверски двете утакмици.
Претходно последниот напад на Лејкерс се состоеше од бранет шут за 3 од неизградена ситуација. Лудило.


Утре пак на пат сум ама среќа Њујорк игра петок па има да се гледаат двете и петок и недела и да се навива на цел гаааааассссс. :uzi: :uzi: :uzi: :uzi::oleee:
Ај честитки за досегашната игра на Никс. Заслужија - и со лесно понатаму.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.339
Поени од реакции
79.141
AD покажа спортски фер плеј дух и се радуваше заедно со Нагетс, после кошот на Мари.
може суптилно сака да покаже дека е заинтересиран да иде у Денвер
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.473
Поени од реакции
9.276
Последниот напад на Денвер е прича за себе. Денвер има топка а „Генијот“ Дарвин Хам не зема тајмаут. За да го извади Дило и да стави дефанзивец. За Х работи да договорат. Ако ништо друго, за да ги смири своите играчи кои очигледно се во паника.

АД си изигра ѕверски двете утакмици.
Претходно последниот напад на Лејкерс се состоеше од бранет шут за 3 од неизградена ситуација. Лудило.

Ај честитки за досегашната игра на Никс. Заслужија - и со лесно понатаму.
Фала брате, неизвесно ќе биди еве Ембиид најавува дека ќе поминат понатаму, а мене ме плаши тренерот повеќе отколку играчите.

Играчите кај Њујорк покажаа дека можат и покрај тоа што ги гори тренерот на терен и немаат кога да здивнат, играчите на Фила покажаа дека сепак им е битен ПО и сега останува на тренерите.

Мала грешка шо на пример наместо Ембиид - Макси не шутираше Ник Батум, јас конкретно него би му дал во такви ситуации ко вчера да решава натпревар, автоматизиран му е шутот, океј брзина на отпуштање топка, висок играч... вниманието ќе биди кај Макси и Ембиид, нема ништо полоши шанси од нив за да погоди.

Тибодо, волот, исто како вашиот тренер нема никаков осет за земање на тајмаути на крај на натпревар и обично ги троши многу побрзо па последните 2 минути импровизираме на терен (не дека на тајмаут има шо да има кажи за офанзива ама сепак ќе се смират страстите).
ЛеБронтије треба кај вас да ги вика тајмаутите и целосно да ја превземи тактиката во последни моменти.

Ни фали во тимот ветеран шо ќе ги влечи конците од клупа - нешто шо е Мајк Канли во Минесота (мада уште игра океј баскет копилето, не е баш само од клупа) или се би дал да го видам Uncle Jeff во тимот на некој ветерански минимум, a ништо помалку не би се радвал ни на Дерик Роуз да заврши кариера кај нас (шо мислам дека нема да се случи, особено шо си замина за семки) - мада овие погоре се поголеми лидери и вокално гласни, Роуз тивко си ја брка работата.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.473
Поени од реакции
9.276
Браќава на Јокич се нешто слично како на шкендија арачиново навивачите
Овие глупите само му ја ебаваат и онака убавата вечер.
Ај ќе им ја плати тој казната ама се надевам ќе ги отстранат од натпревари некое време. Класични ропаци.
Не налетале досега на некоја црнчуга да ги ресетира на фабрички подесувања.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.446
Поени од реакции
19.692
Браќава на Јокич се нешто слично како на шкендија арачиново навивачите
Сељачана невидена.
Ја би ги забранија доживотно да улегнеф у било коју енбеа салу.После овакф дивљачки испад не заслужуеф пархет да видиф,па ако сакаф и на Џордана браќа нека су.
Ццц идиоти.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.144
Поени од реакции
8.965
Овие глупите само му ја ебаваат и онака убавата вечер.
Ај ќе им ја плати тој казната ама се надевам ќе ги отстранат од натпревари некое време. Класични ропаци.
Не налетале досега на некоја црнчуга да ги ресетира на фабрички подесувања.
Pa retko koj bi gi kutnal 2 na 2, barem od tie likovi sho se vo publika tamu. "Pomaliot" e MMA borec.

Ne opravduvam toa sho go napravia, ama apla bezveze vi se komentarite.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom