NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    74
Статус
Затворена за нови мислења.
Башка и одбрана играше Стоктон, многу гнасен играч, неретко и премногу потценет кога се зборува за плејмеркери.

И дај не вадите вакви статистики, ќе му падни круната од гла на „кралот“.
Oни со Мелоун беа пар.
 
Oни со Мелоун беа пар.
Кур ќе свиткаше Поштарот да не го ранеше Стоктон со топки.
Немаше контра или пик & рол од која Стоктон не извлече топка за него. Затоа и легендарно е она: Stockton to Malone.

Пре, пре, премногу потценет плеј.

Ех тие Булс... заслужија со Малоун една.
Како и Пејтон со Кемп од Сиетел, како и Шек и Пени со Орландо, како и Јута во секој случај, Њујорк на Јуинг и Старкс, Индијана исто во 90-те беше јака.

Имаше еден куп екипи со по 60 победи во регуларна сезона кои вредеа и да не беше Џордан и таков Булс во тоа време сигурно ќе лапаа титула.

Рачунај братот играше по 82 натпревари, најдобар скорер беше во лигата, во најдобра дефанзивна петорка, ги победи сите овие екипи кои да играат во денешно време со смеење би биле шампиони и играше во цела таа збрка на несудење на чисти боречки зафати и боксови, лакти, пукнати ребра, аркади и слични тракатанци.

Па оди еден Ламбир нека ти ја залепи една или овај спомнатиот Мелоун шо беше мажиште нека те дрецни од земја дали после ќе ти се игра или ако се викаш Леброн или Ембиид ќе плачиш по судии ко некое пиче.

Од тоа време, криво ми е Никси, Сиетел и Јута што останаа без титули ама Чикаго едноставно беше предоминантен. Од страна на тренер, па се до екипа.
 
Џез беа познати по тоа што обавезно плејоф второ трето или повеќе, ама без титула.
Мелоун беше добар, ај ти.
 
Џез беа познати по тоа што обавезно плејоф второ трето или повеќе, ама без титула.
Мелоун беше добар, ај ти.
Мелоун од Јута не отиде во ЛА да земе титила ама и таму не направи ништо се помири па во пензија.
 
Било шо било , верувам Нагетси кои моментално имаат најак chemistry нема да бидат малери и сите здрави прави ќе бркаат прво back to back , па three peat.
После 30 ќе напуни Јокич и ќе му скурчи баскет. :LOL:
 
Џез беа познати по тоа што обавезно плејоф второ трето или повеќе, ама без титула.
Мелоун беше добар, ај ти.
Не велам дека Мелоун не беше добар, напротив, само ти посочувам дека играше со најдобриот асистент на сите времиња и тој најдобар асистент е длабоко потценет за неговите плејмејкерски способности.

Далеку е пред сите на листата и уште долго никој нема да го стигне.
Мелоун сигурно порфитира пошто над 50% тие асистенции беа насочени токму кон него, затоа и таа легендарна изјава што ја спомнав погоре.

Штета што останаа без титула и штета што помладите генерации не го имаат гледано тој баскет, уткамици каде МЏ игра со 38-39 температура (треска), утакмици каде Јута прави камбек ама недоволно за да земи повеќе од 2 натпревари во финалето. Епски натпревари, ден денес се вртат клипчиња од тие натпревари.
 
Пред спиење се решив да најдам стрим за Далас Чикаго. Мајката им ја расплакаа, ги напунија сега во прва четвртина. Лука е ненормален човек, игра минимум на исто со Јокиќ. МВП сезона.
 
Пошо очито само Јокиќ и Дончиќ се интересни, малце офтопик ќе отидам

FIRST IN NBA HISTORY
Прегледај го приврзокот 409472
Добар е Ентони Дејвис, само капитенот на екипата му е тиња а и тој самиот слабо го служи здравје кога највеќе треба. Освои една титула, чисто се сомневам дека ќе освои уште некоја.
 
Единствена мана што ја има Лука е што премногу шутира за 3. Не е толку јак тројкаш за да зема по 12-3 шута за 3 на секој меч.

Тоа да , за разлика од него Шаи уопште не форсира тројки и затоа е поефикасен. Ама па просекот 34.6 му е ради тројките и процентот му е сосема океј.
38% за просек од 10 шута.
Него Селтикс 50 победи , а има уште месец да се игра. Тејтум импресивно со 27 поени.
Овие досадни со трипл дабловите , не е се до тоа. :icon_lol:
 
Тоа да , за разлика од него Шаи уопште не форсира тројки и затоа е поефикасен. Ама па просекот 34.6 му е ради тројките и процентот му е сосема океј.
38% за просек од 10 шута.
Него Селтикс 50 победи , а има уште месец да се игра. Тејтум импресивно со 27 поени.
Овие досадни со трипл дабловите , не е се до тоа. :icon_lol:
+ овие досадниве не знаат да играат одбрана. Јокиќ последнава утакмица со рапторси имаше 6 украдени топки и 2 блока, Тејтум 0. Ама не е се и до играта во одбрата нели, можеби тетоважите се многу битни :).
 
+ овие досадниве не знаат да играат одбрана. Јокиќ последнава утакмица со рапторси имаше 6 украдени топки и 2 блока, Тејтум 0. Ама не е се и до играта во одбрата нели, можеби тетоважите се многу битни :).
Бостон да моли Бога да не се сретни во финале со Денвер, пошто можи како помочани да излезат на крај. Само не гледам на западот кој сезонава се издвои за да можи да го добие Денвер во 7 натпревари, па за да отпаднат.

Ем со послаб ростер од лани, ем повторно ќе изгазат ако се здрави Јокарата, Мареј и Гордон.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom