Кур ќе свиткаше Поштарот да не го ранеше Стоктон со топки.
Немаше контра или пик & рол од која Стоктон не извлече топка за него. Затоа и легендарно е она: Stockton to Malone.
Пре, пре, премногу потценет плеј.
Ех тие Булс... заслужија со Малоун една.
Како и Пејтон со Кемп од Сиетел, како и Шек и Пени со Орландо, како и Јута во секој случај, Њујорк на Јуинг и Старкс, Индијана исто во 90-те беше јака.
Имаше еден куп екипи со по 60 победи во регуларна сезона кои вредеа и да не беше Џордан и таков Булс во тоа време сигурно ќе лапаа титула.
Рачунај братот играше по 82 натпревари, најдобар скорер беше во лигата, во најдобра дефанзивна петорка, ги победи сите овие екипи кои да играат во денешно време со смеење би биле шампиони и играше во цела таа збрка на несудење на чисти боречки зафати и боксови, лакти, пукнати ребра, аркади и слични тракатанци.
Па оди еден Ламбир нека ти ја залепи една или овај спомнатиот Мелоун шо беше мажиште нека те дрецни од земја дали после ќе ти се игра или ако се викаш Леброн или Ембиид ќе плачиш по судии ко некое пиче.
Од тоа време, криво ми е Никси, Сиетел и Јута што останаа без титули ама Чикаго едноставно беше предоминантен. Од страна на тренер, па се до екипа.