И нареднио пат ќе треба да вложиш 2600 за да си добитен 40 евра.
Најдобар систем што го имам видено (не знам како се викаше) е онај што ако имаш влог од 100 евра пример, доколку паднеш наредниот +100 евра додаваш, а ако погодиш одземаш 100 е. 2 коеф секогаш да играш.
На овај начин не си ол ин како со мартингејл, ќе вртиш пари и ќе пропаѓаш побавно, а има и математика да бидеш во чар со помалце погодени од промашени. Доколку погодуваш на стартниот влог, го играш цело време додека да паднеш, па додаваш +1 влог.
На пример: LLWLLW (4 промашени, 2 погодени). Имаш 300е минус (100+200) од првите два пада , па погодуваш 300е на третиот обид, па губиш 500 (200+300) на 4ти и 5ти обид, па погодуваш на 400 на крај.
Имаш минус од 100 евра.
Друга серија еве рандом: LWWLLLWLW (5 промашени, 4 погодени)
После секој бет, банката би ти се движела вака: -100, +100, +200, +100, -100, -400, 0, -300, +100.
Имаш чар од 100 евра.
Нареден влог спрема серијата би ти бил 300е, кој доколку го погодиш ќе имаш 5-5 скор а ќе си плус 400 евра.
Е сега ако неможеш да погодиш 2 коеф приближно пати колку што ти е бројот на падови, тогаш ниеден систем не те оправа.