Фармар беше повреден 2 месеци, така да чудна ми е споредбата у статистика, баш поради тоа шо Лејкерс имаа само еден плеј неколку утакмици се играа буквално без никаков плеј, најчесто со Вујачич на таа позиција за да одморе Фиш, ама оти и Саша имаше ситна повреда можеш да замислиш како му беше на Фил Џексон, Коби и Фиш беа со максимална минутажа, напад-одбрана, тешко е тоа да се издрже, не толку за Коби колку за стариот Фишер.
Не реков дека се којзнае колку подобри на ЛА бековите, али и не се не за некое чудо послаби, за да се направи разлика од пораз до победа у меѓусебен дуел на ЛА и Кливленд, баш сметам дека искуството на Фиш би било одлучно.
Не ме сфаќај погрешно, супер тим се Кливленд и баш ми е мило за нив, али мислам дека не се дораснати за титула, барем не оваа сезона, и баш поради тоа шо се ептен зависни од Леброн, у евентуално финале ако имаш само едно главно оружје не се надевај на титула, види ги Бостон на пример, они имаа 3.
И уште нешто, Лејкерс без Коби и Кливленд без Леброн, шо мислиш, кој тепа?