NBA 2008/09

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А важи бе а Биг Зи а Биг Бен не се ал стар а? Само Гасол е?

Едниот има 34 другиот 35 години...Биле некогаш Алл стар ама многу одамна.Сепак зборот ми беше каде е Лејкерс подобар каде Кливленд.Центарски Лејкерс,бековски Кливленд а ЛеБрон и Коби ги ставама настрана...Патем честито победа се гледаме во Недела во Кливленд...
 
Океј ти е сето.Минесота 10 години го имаше Гарнет па не зема ништо.Леброн немоше сам па ако сака Господ нека е.Зошто Коби пред да дојде Гасол едвај стигаше до плејофот и првото коло и леташе...Оти ни тој не може сам.А за бековите компарацијата ти е смешна...Делонте Вест и Мо Вилијамс со Фармар и Фишер ццц.Васе изгледа го немаш гледано Кливленд ваа сезона ниеднаш...
Вака сеа...
Според тебе Коби е подобар од Леброн
Фишер и Фармар се подобри од Мо и Вест
Имате олл стар под кош,Гасол
Сите констатации одтебе
Тогаш како основа на твоите констатации кажи ми како Лејкерс и Кливенд имаат ист скор до сега во сезоната...

Нема логика споредбата.На центарските позиции не јадите.Коби и ЛеБрон се исти единствено бековите на Кливленд не донесуваат до некој баланс...

Дерек Фишер Поени 10,8 Скокови 2,5 Асистенции 3,8
Џордан Фармар поени 7,7 скокови 2,2 Асистенции 2,3
Лук Волтон поени 4,2 скокови 2,1 Асистенции 2,1

Мо Вилијамс Поени 17,1 Скокови 3,3 Асистенции 4,2
Делонте Вест Поени 12,3 Скокови 3,1 Асистенции 3,5

Мислам нема потреба од коментар за бековите
ЕДИТ
Дури и резервните бекови на Кливленд имаат подобра статистика од Фармар и Фишер.И не ми кажувај дека статистиката не кажува ништо оти баш кажува се

Фармар беше повреден 2 месеци, така да чудна ми е споредбата у статистика, баш поради тоа шо Лејкерс имаа само еден плеј неколку утакмици се играа буквално без никаков плеј, најчесто со Вујачич на таа позиција за да одморе Фиш, ама оти и Саша имаше ситна повреда можеш да замислиш како му беше на Фил Џексон, Коби и Фиш беа со максимална минутажа, напад-одбрана, тешко е тоа да се издрже, не толку за Коби колку за стариот Фишер.

Не реков дека се којзнае колку подобри на ЛА бековите, али и не се не за некое чудо послаби, за да се направи разлика од пораз до победа у меѓусебен дуел на ЛА и Кливленд, баш сметам дека искуството на Фиш би било одлучно.

Не ме сфаќај погрешно, супер тим се Кливленд и баш ми е мило за нив, али мислам дека не се дораснати за титула, барем не оваа сезона, и баш поради тоа шо се ептен зависни од Леброн, у евентуално финале ако имаш само едно главно оружје не се надевај на титула, види ги Бостон на пример, они имаа 3.

И уште нешто, Лејкерс без Коби и Кливленд без Леброн, шо мислиш, кој тепа?
 
Мое мислење е дека ќе тепа Лејкерс...
Моментално Кливленд и Лејкерс имаат идентичен скор.И мора да има нешто во тоа.Ако центрите се подобри ако бековите се подобри што е тоа шо го прави идентичен скорот.Јасно е како бел ден дека со Бајнам и Гасол превладуваат Лејкер на центар значи првата варијанта е дека бековите на кавалирс се поквалитетни а втората е дека ЛеБрон е далеку подобар од Коби па шо го држе цел тим.Второто не е(мож да е подобар ама не многу) значи останува на бековите.Мо и Вест се млади бекови по 23 години и тие во иднина ќе бидат уште подобри.Океј во секој случај во Недела во 9 и 30 по македонско време ќе имаме директен судир па ќе видиме шо и како.А и ќе имаш прилика да ги гледаш Мо и Вест.Поздрав
 
Немаат идентичен скор, Лејкерс имаат победа плус:toe:
 
Не ме сфаќај погрешно, супер тим се Кливленд и баш ми е мило за нив, али мислам дека не се дораснати за титула, барем не оваа сезона, и баш поради тоа шо се ептен зависни од Леброн, у евентуално финале ако имаш само едно главно оружје не се надевај на титула, види ги Бостон на пример, они имаа 3.

Не се согласувам, за лани да, и Лејкерс и Кливленд ја немаа таа дораснатост за самиот врв, проблем беше неискуството во такви големи мечеви, Кливленд минатата сезона имаа скор 4-3 со Бостон во финалето на Истокот, оваа сезона и те како играат за ниво погоре од минатата, истото важи и за Лејкерс .

Сезонава ми е некако најнеизвесна кога се зборува за тоа кој ке е шампион, али Истокот е каде каде поконкурентен, лани и Атланта изненадија во плејофот со Бостон, оваа година и оние играат на високо ниво, тука се и Орландо ( у пм се сезонава, уништуваат ) и незгодните Детроит, само Мајами ги двојам како лесен залак, али сепак е рано да се зборува за Плејофот, можни се измени во конферециските табели .
За Запад се знае, Њу Орлеанс и Сан Антонио се најголемите конкуренти на Лејкерси, незнам зашто се лажете со моменталниве скорови, кога на пример Сан Антонио ретко кога блескале во регуларниот дел од сезоната, ама затоа формата секогаш ја темпирале на највисоко ниво во плејофот, каде Се е можно . :smir:

п.с. За година - две и Далас ке бидат тим кој ке биде ставен во муабетот погоре, не за друго тренер им е Рик Карлајсл, типот кој постави одлична шампионска подлога во Детроит и создаде тим што ја играше најдобрата одбрана во лигата ( згрешија што го отпуштија ), и му ја олесни задачата на Лери Браун во походот до титулата. Очекувам во иднина такво нешто да се случи и со Далас, тоа е и идејата на Марк Кјубан со овој човек како тренер .
 
На Лејкерс лани само им фалеше присуство на “7-footer“ под обрач, не дека не беа дораснати за прстен како екипа.
И точно е дека се скалило погоре и ЛА и Кавалирс сезонава, Лејкерс со здрав Бајнам се најсеризони кандидати за титула, без него се плашам дека ќе се случи истото што и лани.
За Кливленд уште мислам дека не се дораснати за титула пошто се мноогу зависни од Леброн, пола екипа е он, а кога тој би бил неутрализиран со една дорба тимска одбрана (што е можно и многу веројатно во едно финале на пример) Кливленд ќе се импотенти во напад, кога ќе покажат поголема независнот во играта може, засега не, иако се и те како страшен тим, со Леброн.

Сезонава ми е некако најнеизвесна кога се зборува за тоа кој ке е шампион, али Истокот е каде каде поконкурентен, лани и Атланта изненадија во плејофот со Бостон, оваа година и оние играат на високо ниво, тука се и Орландо ( у пм се сезонава, уништуваат ) и незгодните Детроит, само Мајами ги двојам како лесен залак, али сепак е рано да се зборува за Плејофот, можни се измени во конферециските табели .
За Запад се знае, Њу Орлеанс и Сан Антонио се најголемите конкуренти на Лејкерси, незнам зашто се лажете со моменталниве скорови, кога на пример Сан Антонио ретко кога блескале во регуларниот дел од сезоната, ама затоа формата секогаш ја темпирале на највисоко ниво во плејофот, каде Се е можно . :smir:

На место е се, само на листата би ја додал и Јута, имав и претходно високо мислење за нив а газењето синоќа над Далас само ме потврди :)

п.с. За година - две и Далас ке бидат тим кој ке биде ставен во муабетот погоре, не за друго тренер им е Рик Карлајсл, типот кој постави одлична шампионска подлога во Детроит и создаде тим што ја играше најдобрата одбрана во лигата ( згрешија што го отпуштија ), и му ја олесни задачата на Лери Браун во походот до титулата. Очекувам во иднина такво нешто да се случи и со Далас, тоа е и идејата на Марк Кјубан со овој човек како тренер .

Ќе се повторам, 125 коша примија сониќа од Јута, можно е да имале само лоша вечер, али сепак е несфатливо за тим на Карлајсл, но се слагам, ако Карлајсл ја имплементира страшната игра во одбрана која е препознатлива за негови екипи, со Новицки како мотор на екипата подржан од Кид, како шо рече ти, се е можно.

П.С. Вечер од 1:30, Њујорк - Бостон на Алфа ТВ, баш да видиме дали ќе се совземат Селтикси после поразот од ЛА, или пак ќе почнат нова лоша серија, би требало да биде интересно у секој случај.
 
Во врска со муабетот за Лејкерси и Лебронси...

Не сте свесни која длабочина ја има ростерот на Кливленд, не навистина не сте свесни. Поучени од грешката лани, оваа година ги пополнија дупките и со добромотивиран Леброн финалето и не е така далеку. Особено ако го земам во обзир фактот што Квикен Лоунс арената годинава е неосвојлива тврдина.

Кога ќе ги следите и двата тимови, паралелно и ќе гледате како се одвива играта во 2/3 четвртина, кога на паркетот ''играат клупите'' ќе видите. Запрепаснет сум од промената во Кливленд, браво... им посакувам се најдобро во Плејоф-от.
 
New York - Boston вечер 1:30 на Алфа Тв!
 
Кливленд лани не беа дораснати за титула - точно. Ама оваа година се печени. Може нема да ја освојат ама за разлика од лани мноооогу им е поинаква играта. Леброн стандардно си е Леброн само бољи него икад. Арно ама сега го има и повампирениот Мо Вилијамс.

Не знам колку сте ги гледале Кливленд , додуша и ја ги немам којзнае колку пати гледано годинава , ама од тоа што го видов момците играат лудо. Најмногу импресионира одбраната , а и алтернативите во нападот што до лани ги немаа.
Очигледно оваа година им израснале муда на останатите од тимот. Факт е дека Леброн не може ништо сам да направи како што не можеше ни Џордан , ни Меџик а богами не може ни Коби сам. Убаво вика Фил Џексон , браво за Коби што даде 61 поен ама мене побитна ми е тимската игра. Да не се разбереме погрешно Коби е еден од двајцата најдобри во моментов ама не може сам. Исто и Леброн.

По имиња гледано Лејкерс имаат подобар тим од Кливленд. Е сега , ја мислам дека на крај на оваа сезона ќе се види кој е подобар од нив двајца - тој што ќе ја освои титулата , а ако ниеден од нив не ја освои секогаш има наредна година. А баш би сакал финале Кливленд - Лејкерс
 
Може вечер Њу Јорк да изненадат со Бостон,би требало да биде интересен меч.
 
@Madrid - Не се труди веќе, знам дека навиваш за лејкерси, али неможеш да речеш со цел памет дека фармар и фишер се подобри од вест и вилијамс никако, како што и јас сега неможам да речам дека Пистонс ги имаат најдобрите центри во лигата иако наивам за нив :wink:

Иначе ја мислим дека ова ќе биде година на изненадувања, незнам зашто али ете имам таков филинг од кој почна сезонава и не би ме зачудило и финале Орландо - Шарлот :vozbud:
или пак да се разбудат старите волци у плеј оф и да гледамо финале Pistons - Spurs :wink:

New York со хендикеп плус 15 вечер да има, пак би играл на Бостон, какви се пист оф од чера, Никси ни криви ни должни ќе го окркаат вечер
 
New York со хендикеп плус 15 вечер да има, пак би играл на Бостон, какви се пист оф од чера, Никси ни криви ни должни ќе го окркаат вечер

Се согласуем со тебе, сеа само што почна и е резултатот 4-3 за Бостон, а на крајот според мене ќе заверши од 20 до 24 разилика во корист за Бостон.
 
Не со разлика која очекував али пак победа на Бостон,

сега пак ко по обичај ќе удрат една серија 7-8 утакмице без пораз

мен оф д меч Р. Ален според мене
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom