K
kaiser soze
Гостин
И според мене Лејкерс се во блага предност пред финалната серија од Нба.Пред се поради искуството во вакви натпревари,тренерскиот капацитет на Фил Џексон,огромниот тимски дух и квалитет што преовладува,а секако и поради Коби кој секогаш блескал во финалните серии.Не дека и Орландо не поседува квалитети,напротив има извонредни играчи и тимска игра,но Л.А.Л. се поголеми фаворити во секој случај.Што се однесува до Хауард и играта во дефанзива против него,мислам дека Фил Џексон ќе знае како да се запре.Тој имал играчи во своите тимови со сличен стил на игра и предиспозиции како Двајт,пред се тука е Шек,па поради тоа би знаел како да игра одбрана со Хауард,за разлика од Браун.Е сега проблемот е како Двајт,кој прави премногу лични грешки во плејофот,би ги контролирал против едни многу солидни центри какви што ги има Лејкерс.Очекувам интересни дуели меѓи играчите,а секако и дооолга серија помеѓу двата најдобри тима.
За Леброн што да се каже,дечкото ги носеше на плеќи Кавс цела сезона,а богами и цел плеј-оф,ама сам екипа не бидува.Настрана повремените блесоци на Мо Вилијамс и Вест,другите во тимот беа заспани во серијата,пред се со Орландо.Сигурно уште сега тимот треба да размислува кој играч да се донесе,за Леброн да добие повеќе помош во рекетот идната сезона.Токму центарските позиции се покажаа како најтенки за Кавси во годинашниот плеј-оф.