NBA 2008/09

Статус
Затворена за нови мислења.
K

kaiser soze

Гостин
И според мене Лејкерс се во блага предност пред финалната серија од Нба.Пред се поради искуството во вакви натпревари,тренерскиот капацитет на Фил Џексон,огромниот тимски дух и квалитет што преовладува,а секако и поради Коби кој секогаш блескал во финалните серии.Не дека и Орландо не поседува квалитети,напротив има извонредни играчи и тимска игра,но Л.А.Л. се поголеми фаворити во секој случај.Што се однесува до Хауард и играта во дефанзива против него,мислам дека Фил Џексон ќе знае како да се запре.Тој имал играчи во своите тимови со сличен стил на игра и предиспозиции како Двајт,пред се тука е Шек,па поради тоа би знаел како да игра одбрана со Хауард,за разлика од Браун.Е сега проблемот е како Двајт,кој прави премногу лични грешки во плејофот,би ги контролирал против едни многу солидни центри какви што ги има Лејкерс.Очекувам интересни дуели меѓи играчите,а секако и дооолга серија помеѓу двата најдобри тима.
За Леброн што да се каже,дечкото ги носеше на плеќи Кавс цела сезона,а богами и цел плеј-оф,ама сам екипа не бидува.Настрана повремените блесоци на Мо Вилијамс и Вест,другите во тимот беа заспани во серијата,пред се со Орландо.Сигурно уште сега тимот треба да размислува кој играч да се донесе,за Леброн да добие повеќе помош во рекетот идната сезона.Токму центарските позиции се покажаа како најтенки за Кавси во годинашниот плеј-оф.
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Како бе најдобриот тим во NBA со 66-16, кој само со уште 4 победи да го сруши рекордот на Булси (70-12), бил тим од еден играч??? Или сега после поразот од Орландо, така личи? Паметите што му се случи на Далас кога играа со Голден Стејт во првата рунда? Далас имаше 67-15 и изгуби во првата рунда од Голден Стејт. Голем мис-меч. Тогаш никој не викаше дека во Далас игра само Дирк. Не може и сега да викаме дека играше само Леброн.

Како прво тим со 66 победи е супер тим. Супер тим, не супер играч. Тим. Но како ќе ги поставиш работите така и ќе испаднат. А еве што испадна.
Пост игра на Кливленд=блиску до нула. Освен шутот на Зи, ништо друго. Па нормално дека Хауард ќе растура.
Периметарската игра се знае, дајте му ја топката на Леброн па што биде нека биде. А што може да биде? Леброн да влези во рекет и:
a.Да ја подаде топката на некој шутер.
b.Да ја забие/положи.
c.Тоа под b и да извлечи фал.

Тоа е играта на Кавси 95 %. Другите 5 % Делонте или Мо влегуваат во рекетот и скок шут. Толку.

Ова е за нападот. Ова е помалиот проблем. Најголемиот проблем за Кавси беше нивната одбрана. Едноставно Орландо систематски не му одговраше на Кливленд. Ни малку.

Немаше одговор за Луис и Туркоглу. Леброн може да брани еден играч, не двата. А и тоа ако се загусти , топката на Двајт-->следи удвојување-->следи тројка од соиграчите на Орландо.

Браун требаше да му даде повеќе минутажа на Волис, кој можеше колку толку да го брани Двајт еден на еден, и Павлович кој се покажа доста ефективен, кога беше на паркетот.

И вчера она што го направи Леброн, беше многу неспортски и непрофесионално. Само си отиде во соблекувалната, без да честита на противничките соиграчи, плус не ни излезе на прес-конференцијата. Срамота.

Со сето тоа кажано, не ми останува ништо друго освен да ги поздравам Кавси со...

 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Oваа песна ја пееа на крај ???

Ти текнува дека ова е финале и дека е Л.А Лејкерс и дека не одлучува еден чоек како во случајов Леброн?
Ни накрај памет не ми беше дека Орландо е еден играч у случајов Хауард, само кажав дека Бајнам неможе да го чува Хауард, едноставно неможе. Сакам да кажам дека единствено Хауард може да се задржи у Орландо од нивнита јака тројка, Рашард и Туркоглу сами се задржуваат, односно шутот за три им иде или не им иде нема трето, а за да се задржи Двајт ќе треба Гасол да биде стартен центар а на 4 да влета Одом
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Oваа песна ја пееа на крај ???



Ни накрај памет не ми беше дека Орландо е еден играч у случајов Хауард, само кажав дека Бајнам неможе да го чува Хауард, едноставно неможе. Сакам да кажам дека единствено Хауард може да се задржи у Орландо од нивнита јака тројка, Рашард и Туркоглу сами се задржуваат, односно шутот за три им иде или не им иде нема трето.
Да, таа е песната.

Бајнам ќе игра некаде околу 15-20 мин. Гасол ќе го чува Хауард поголемиот дел од натпреварот. Тешко ќе биде како и да е.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
ako vratite nekoja strana nazad i poglednete sto se pisuvav ke vidite deka vo momentov nema podobar srucnjak za NBA vo momentov ne komentiram nisto a ke kazam eve vi ja razlikata megu kobi i lebron ovoj go igra desetoto finale vo nba a lebron za zal mozebi do godina ke go igra prvoto
se gleda koj e koj vo NBA deka vistinskite zvezdi se dokazuvaat na golemi natprevari a ne na tretoligaski ekipi koi se pod prosekot na evropska tau ili olimpijakos eve vi dokaz deka site tie vasi statistiki skokovi asistencii poeni ne vazat vazi duhot na igracot vazat finesite vazat momenti koi dolgo ostanuvaat zapameteni a lebron ovie tri nesta ne gi poseduva nema duh nema finesi vo klucnite momenti mu se tresi raceto i zato ke ostane na vtoro finale vo istokot a kobi ako ne se lazam 10 vo NBA
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
466
Поени од реакции
30
NBA FINALE 4JUNI-L.A.-ORLANDO,da bide SRTRASNO!!!!!

ako vratite nekoja strana nazad i poglednete sto se pisuvav ke vidite deka vo momentov nema podobar srucnjak za NBA vo momentov ne komentiram nisto a ke kazam eve vi ja razlikata megu kobi i lebron ovoj go igra desetoto finale vo nba a lebron za zal mozebi do godina ke go igra prvoto
se gleda koj e koj vo NBA deka vistinskite zvezdi se dokazuvaat na golemi natprevari a ne na tretoligaski ekipi koi se pod prosekot na evropska tau ili olimpijakos eve vi dokaz deka site tie vasi statistiki skokovi asistencii poeni ne vazat vazi duhot na igracot vazat finesite vazat momenti koi dolgo ostanuvaat zapameteni a lebron ovie tri nesta ne gi poseduva nema duh nema finesi vo klucnite momenti mu se tresi raceto i zato ke ostane na vtoro finale vo istokot a kobi ako ne se lazam 10 vo NBA
Ima edno FINALE so SPURS 4-0,Timi,Parker i Manu,do godina vtoro da,
ne mu bide,GOMNAR,a so se odnesuva do KOBE,mislam deka voa a,
sigurno na Derek Fiser mu e posledno Finale,do godina nema finale za,
L.A. vo zapad moze a Finale tesko,nema veza moe mislenje,poslednite 2,
ubavo kaza nivniot naj golem fan Perfecto,od tie 50utakmici zezonava,
do denes izgledani tesko,mislam deka ke mu bide 4prsten ke se pomiri,
i toa e se,taman rabota deka go potcenuvam SUPERMEN i HEDO i RASAD,
spored mene GASOL moze da mu vika daj be na zabivaj nema koj da go,
namesti semaforot za napad sto odbrojuva xD,nema na planetava koj,
moze da go cuva cudo SUPER MAN,mozebi top STAT AMARE,so ke resava:
PROBLEMI so licni greski da se oslobodi reketot i da vlaga ligloto KOBE,
tuka ke se bara od GASOL i ODOM,fauli da pravi da se seli naklupa,
ako ne pravi ve zalam,se nadevam deka burek jadam pa i utro e,xD,
3-kite po odvojuvanje da resetat od nadvor bukvalno cel tim,da moze,
i MARCIN GORTAT,da puca ke bide top,xD,so LIGLOVO i CLEVELAND za,
6utakmici 62,trojki pogodija NBA RECORD se podrazbira,toa e onoa naj sustinskoto,se zboruva i konecno dobro covece mi e ALL STAROT deka,
moze da se vrati,JAMEER NELSON,da se vrati,ne e nisto sigurno,ALSTON
igra fantasticno i detevo ke bidat super ke mu treba vrema da go gledame,
toj star NELSON,od pocetok pa do povredata bese strasen,CVER,ne e
bitno bitno e da gledame naj dobro FINALE,vo istorijata na NBA,pa sto bide,
bide,na site im kazuvam deka nema odbrana ORLANDO,od tipot na lani,
ke si gi pamtam cel zivot BOSTON i BOOM WOW 39poena NBA RECORD,
najgolem poraz vo NBA FINALE,favorit se L.A. tuka nema dilema,serijata,
pocinja na 4JUNI,pa ke vidime cto i kako vaka se e cabe,ajde pozzz,
I LOVE THIS GAME,BY MAN.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Како надополнување на мојата изјава дека Леброн е Лузер..
Еве нешто со кое што се потврдува тоа..
Не се мисли на неговите супериорни играчки квалитети,но Леброн го нема тоа што најголемите увек го имале...

King James left the playoffs as a loser
I’m a competitor. “If somebody beats you up, you’re not going to congratulate them,” James said. “It doesn’t make sense for me to go over and shake somebody’s hand.”

LeBron doesn’t want to win more than Michael Jordan did, but Jordan could stop and shake a winner’s hand. Magic Johnson and Larry Bird could, too. Julius Erving did. Kobe Bryant(notes). Isiah Thomas led a walkout after losing to the Chicago Bulls after winning two NBA titles, but Joe Dumars never followed him. He stayed and shook Jordan’s hand, the way Jordan had always shook his when the Pistons had beaten him.

“M.J. had stopped, shook my hand and hugged me three straight years that we had beaten them in the playoffs,” Dumars once told me. “There was no way I was walking off the court without shaking the Bulls’ hands.”

за цела сторија.. тука
 
K

kaiser soze

Гостин
Најкорисниот кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, Леброн Џејмс имал потреба од операција на неговиот образ. До овие сознанија било дојдено преку рутинската проверка со хирушки зафат, при што е откриен тумор на неговиот десен образ. Операцијата бела закажана за вторник во болницата во Кливленд. Туморот кај Леброн е откриен пред пет месеци, а на средбата лекарите што ка имале со играчот на Кливленд одлучиле дека хирушкиот зафат ќе се изврши по завршувањето на сезоната.
“Лекарите се задоволни од исходот на операцијата и уверени се дека нема да биде потребно понатамошно лекување. Тие очекуваат Леброн брзо потполно да се опорави“, известуваат во соопштението на Кливленд Кавалирс.

http://www.sportnet.com.mk/


Добро е кога се добро ќе заврши,а така е во овој случај за Леброн и кошарката.
И едно размислување на Стен Ван Ганди и Рашард Луис во пресрет на финалето со Лејкерси.Тоа што го потенцирав,Луис само го потврдува во неговата изјава.



- Мислам дека се уште има луѓе кои не знаат колку мојот Орландо е силен. Момчињата се фантастични и уживам кога ги водам, вели тренерот на Орландо Стен Ван Ганди.
- Можеме да победиме секого и со таков став влегуваме во големото финале. Ако можевме против ЛеБрон тоа можеме да го сториме и против Коби, вели Двејт Хауард, популарниот Супермен, кој на шест натпревари постигна просечно 40 поени и 14 скокови.
Инаку, во регуларниот дел на сезоната Орландо има две победи против Л.А.Лејкерс (109:103 и 106:103), со тоа што предноста на домашен пакет во оваа финална серија ќе ја имаат кошаркарите на Л.А.Лејкерс.
- ЛеБрон Џејмс е фантастичен кошаркар, но еден човек не ја прави кошарката. Му требаат добри играчи во петорката и добри кошаркари на клупата. ЛеБрон тоа го немаше, а сето тоа Орландо го има и затоа стигнавме до големото финале, вели Ришард Луис, еден од одличните стартери во тимот од Флорида.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=ACBEE317AE8B2643B2EBFDA02E0FDEA0
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Кога почнува плејфот? Вечер?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
496
Поени од реакции
27
Бајним ќе го чува Хауард а и Гасол по некогаш како и да е ќе следиме интересно финале.Токму за тоа не го сакам Леброн се фолира само коа тепа а коа губи кај е?Избегал од прес не ми е чудно и вчера коа заврши утакмицата одма да си отиде со наведната глава ни да им честита на победниците ни ништо тоа ме нервира кај него.Се наближува десетиот прстен кај Фил Џексон да постетиме
Дали се читаш што напиша...Бајнам ке го чувал Двајд Хауард....:uvo::uvo:.. ова го пиша онака или навистина го мислиш.Дефинитивно нема играч што ке може да го запре двајт од тимот на лејкерс , можеби гасол е најкомпетентен за да го чува хауард меѓутоа според мене некако многу е мек во дуелите, нема цврстина а тоа е потребно во дуел со хауард..
И да се надоврзам на разговорот за леброн и тоа што толку го критикувате човекот.Навивам за орландо и навистина многу ги мразам кливленд али едно е јасно..Леброн џејмс е после Џордан најдобриот кошаркар во нба..И мене не ми се допаѓа тоа што игра сам и што нема тим али едноставно типот е страшен и секоја му чест.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Јас кога ви викав дека е местоно во НБА вие ен верувавте, еве читајте сега да видите.


Барак Обама: Лејкерси ќе победат со 4:2

Претседателот на САД потајно навива за Лејкерс

Американскиот претседател Барак Обама типуваше на Лос Анџелес Лејкерс во големото НБА-финале против Орландо Меџик кое ќе стартува вечерва по локално време во "Стејплс Центар". Црномурестиот демократ на новинарите им призна дека е фан на Лејкерс и дека тие ќе се радуваат на титулата по шест натпревари, односно ќе слават со вкупен резултат 4:2.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=8527EA9AB8C1AE49B84888F693CD14EB
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Јас кога ви викав дека е местоно во НБА вие ен верувавте, еве читајте сега да видите.


Барак Обама: Лејкерси ќе победат со 4:2

Претседателот на САД потајно навива за Лејкерс

Американскиот претседател Барак Обама типуваше на Лос Анџелес Лејкерс во големото НБА-финале против Орландо Меџик кое ќе стартува вечерва по локално време во "Стејплс Центар". Црномурестиот демократ на новинарите им призна дека е фан на Лејкерс и дека тие ќе се радуваат на титулата по шест натпревари, односно ќе слават со вкупен резултат 4:2.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=8527EA9AB8C1AE49B84888F693CD14EB
Е за кого да навива, за Кривогаштани Тракторс:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom