Не успеав да ја гледам, кој крај го имала. Пирс погодил невозможна тројка и не му ја признале, но затоа пак и Никси утнале во наредниот напад.
И да бе, што прави Гарнет со тројкиве, ни Ален не му е рамен.
Поздрав до Њујоркчани
Резиме од натпреварите ОВДЕ! Не се сложувам баш со тебе дека го претвора во Владе Дивац, туку само го усрало на 2 натпревара... Инаку одличен натпревар покажа Ентони Мороу, 8-11 за тројка, страшно
Леброн Џејмс (Мајами Хит) и Коби Брајант (Лос Анџелес Лејкерс) се прогласени за најефикасни играчи за месец јануари за источната, односно западната конференција. Џејмс ги предводеше Мајами до рекорд од 16-5, кој преставува најдобар во досегашната тимска историја. Во натпреварите во декември и јануари, Леброн просечно имаше 29.2 поени, 8.3 скока и 7.1 асистенции. Џејмс е втор во НБА лигата во поени, четврти во реализација (55.1 %) и 10-ти во украдени топки (1.8). Брајант просечно има 30 поени по натпревар (најмногу во НБА), 6.1 скок и 5.4 асистенции, предводејќи ги Лејкерс до 13-9 рекорд. Коби во јануари сруши 3 рекорди. На 1 јануари стана најмладиот играч што постигнал 28000 поени. На 28 го помина Џери Вест во постигнати слободни фрлања, а на 29 го помина Карим Абдул-Џабар во кошови постигнати од игра.
Французите Паркер и Батум соборуваат рекорди, Лејкерс повторно загуби
Французинот Тони Паркер постигна 42 поени за победа на Оклахома, а со неговите 9 асистенции стана најдобриот асистент во историјата на тимот. Неговиот колега од репрезентацијата Николас Батум постигна најмногу поени во својата кариера (33 поени) и 9 тројки со што го собори тимскиот рекорд на Портланд за тројки на еден натпревар.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.