NBA Сезона 2011/2012

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.476
Поени од реакции
35.206
Зашто Лејкерс не пробаат со Аренас, слободен агент е, и сигурни би прифатил и договор до крај на сезона !
Агентот 1 е сенка од играчот што беше а воедно и пациент.
Затоа и не игра за никого, дури и за минималец никој не сака таков тумор во тимот, посебно не во оваа фаза од кариерта.

Плус како би им помогнал на Лејкерс?
Каде го наоѓаш Аренас во описот на тоа што им треба на ЛА: добра плејмејкинг игра, добра одбрана на периметар, тимска игра... од играта во Орландо видовме дека дури ни шутот не му е добар.
Во комбинација со историјата на глупости, повредите и 95% изгубениот атлетицизам... никој не го сака Аренас.
 
L

Löwe

Гостин
Се споменува ОЈ Мајо како можна трампа после Ал Старот, во замена за 2 пика на драфтот.
 
L

Löwe

Гостин
Може, до крајот на Февруари, инаку секогаш најголемите трејдови се случуваат после Алл стар, како лани со Антони во Њу Јорк
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Исто така се врти по интернетов дека Хауард ги додал Клиперси за можна трејд дестинација.

Е сега навистина незнам шо можат да дат Клиперси во замена, веројатно Деандре, Мо, Бледсо и некој пик.

Ама не ми се верва апла ќе биди, јас мислам или ќе остани или во Лејкерси ќе оди
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.476
Поени од реакции
35.206
ЛА или Њу Џерси, можеби Голден Стејт (ако се спремни на трампа без продолжување на договор)... ова се единствените тимови кои имаат нешто што Орландо го сака.
Деандре, Мо и Бледсо се многу полоша понуда, посебно со ужасниот договор на Џордан. А и какви пикови им останаа на Клипси, втора рунда?

Друга работа е ако Хауард постави ултиматум, ама тогаш Голден стејт пак имаат подобра понуда а по се изгледа се спремни да одат на ризикот да го убедат баткава потоа да го продолжи договорот.

Искрено, ме нервира Двајт, игра примадона и постојано се премислува.
Прво сакаше во ЛА, потоа во Нетси, па потоа можеби ќе останел во Орландо... Додуша ова за Клипси го демантираше на Твитер вчера.

Поентата е дека каде и да оди ќе добие макс. договор, значи пари не се во прашање. Не ми е јасно што не им ја олесни работата на сите и слободно да си каже каде сака да игра... А тоа дека од Орландо без перестројка не бидува шампион, тоа веќе на сите им е јасно.
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866

Се слагам со голем дел од мислењето освен со тоа дека Орландо неможе да биде шампион. Може не се фаворити ама екипата не е воопшто слаба. Имаа супер-стар што може да постигне по 40 поени и 20 скока било која вечер. Тројкаш како Рајан Андерсон кој може страшно добро да го искористи удвојувањето на Хауард. Солиден плеј како Нелсон а и еден чуден Турчин. Ричардсон е исто така добар играч кој може да постигне 20+ поени против било кој тим. Е сега со некое засилување на клупата пример Mayo или некој кој би прифатил да биде добар 6ти играч можат подалеку да стигнат.
Ван Ганди е добар и искусен тренер. Само што раководството им е ужас.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Неможат Орландо поќе од втора рудна па и 60 поени да дава Хауард

А иначе Никси се заинтересирани за Џеј Ар Смит кој моментално е Мајкл Џордан во Кина
 
L

Löwe

Гостин
Џордан: Единствено Коби заслужува да го наречат мојот наследник.
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Па пиши барем зашто мислиш дека неможат повеќе од втора рунда. Ова е ко јас да пишам Мајами неможат повеќе од финале на исток.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Па пиши барем зашто мислиш дека неможат повеќе од втора рунда. Ова е ко јас да пишам Мајами неможат повеќе од финале на исток.
Немат тим Орландо, единствено можат против силен тим да победат ако се распукат тројкашите, ама то е невозможно да се случи 4 пати во плејоф серија.
Ако гледаше лани плејофот ќе ти биди јасно, Хауард ги распара Атланта 27 поени и 16 скока имаше во просек ама џабе му беше ко другите во тимот се тули. Играчите истите му се од лани, само што Андерсон е подобрен, а Бас го трејдуваа за многу послаб играч Дејвис.
Е сеа незнам ти со кој ум мислиш дека можат да ги поминат Чикаго или Мајами кои се многу подобрени од лани.
 
Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Немат тим Орландо, единствено можат против силен тим да победат ако се распукат тројкашите, ама то е невозможно да се случи 4 пати во плејоф серија.
Ако гледаше лани плејофот ќе ти биди јасно, Хауард ги распара Атланта 27 поени и 16 скока имаше во просек ама џабе му беше ко другите во тимот се тули. Играчите истите му се од лани, само што Андерсон е подобрен, а Бас го трејдуваа за многу послаб играч Дејвис.
Е сеа незнам ти со кој ум мислиш дека можат да ги поминат Чикаго или Мајами кои се многу подобрени од лани.
Зашто не би можеле? Чикаго премногу зависат од Роуз тоа се виде и со Мемфис. Една незгодна повреда и Чикаго нема ни прва рунда да поминат. Значи никогаш не се знае. Орландо имаат доста добри победи оваа сезона и ако успеат вака да издржат до крај ќе имаат предност на домашен терен. Сепак ќе видиме што како. Само не ми се свиѓа ова 2-3 супер стар играчи да се собираат во 1 тим, и да плачат што побрзо да бидат трејдувани. Или нека чекаат да им заврши договор или откажи се од висока плата и оди си. Вака сакаат максимални договори ама сакаат и да играат со другарчињата. Епа не иде така
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 02:36 ---
Опасен пад на коефициентот за Далас
 
Kajgana Shop

На врв Bottom