Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.552
- Поени од реакции
- 35.339
Апсолутно, распуштањето на синдикатот требаше да се направи на првиот ден од локаутот... и сега веќе ќе гледавме наптревари.Лошо е што некои од агентите го молеа Били Хантер да го направи ова што денес го направија играчите во Јули, затоа што се осеќаше дека сопствениците ќе сакаат премногу и не бараат фер договор. Сега вака чао НBA сезона, здраво...синхронизирано пливање?
Како што изгледаат работите, на Били Хантер најбитна му е фотељата или едноставно лигата го изненади со ненадејниот судски спор летово (превентива на десертификацијата). Сепак ме изненади последнава одлука за disclaimer и распуштање на синдикатот со што барем се избегнува потребата од 30-40 дневна постапка за десертификација.
Уште не готово, можни се чуда... најмногу ако лигата и сопствениците попуштат малку. Па аман бе, цели 7% oд бруто приход и еден куп системски прашања попушти синдикатот на играчите... не разбирам што си мислеа сопствениците, премногу запнаа. Само со тие 7% бруто приход се пополнуваат наводните 300милиони загуба годишно...