NBA Сезона 2011/2012

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
CP3 takover
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 07:05 ---
Крис Пол истегна мускул нема да се врати во игра :(
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.486
Поени од реакции
35.220
Не е многу заебана повреда тоа...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.886
Поени од реакции
116.200
Заслужена победа на Клиперс, Пол изигра многу добро вечерва, а и Грифин исто така беше феноменален. Кај Лејкерс сувишно е да се зборува, Коби и само Коби, оваа вечер Гасол беше доста слаб, а и Бајнам не беше ништо подобар особено во офанзива, во дефанзива колку толку фати доста скокови. Колку само им фали еден плеј на Лејкерси...
На крај морам да го пофалам Ренди Фој кој изгина на терен, одлично го чуваше Коби, нема везе што овој убаци 42 али додека он го чуваше Коби се мачеше да изгради позиција и да даде кош.
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.317
Поени од реакции
270
Браво за Клиперс,со ваква игра финале не им бега.Иначе гледам зборите кој со кој се степал,имаше и ваму и таму провокации ама среќа нишо поголемо не се случи.Коби го немаше прво полувреме ама затоа трета четвртина се мрдна ама не беше доволно за да тепаат,важно он си ја продолжи серијата од 40+.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.486
Поени од реакции
35.220
Заслужена победа дефинитивно, ама Гасол и Бајнам не се ништо криви што не ги играат. Гасол изгуби ритам, а ни тој ни Бајнам не добија ни пола од игрите што требаше да одат преку нив.

Човек би можел да каже дека оваа оди на сметка на Коби, дефинитивно треба и може повеќе да додава. Но млада е сезоната, скорот победи-порази ни најмалку не ме засега во споредба со потребата да се најде правата игра до плејофот.

Браун мора да најде начин да игра преку Бајнам/Гасом многу многу повеќе. Нема да му биде лесно со Коби во ваков Оскар Робертсон филм.. :)
 

Arioth

Purpletrator
Член од
20 февруари 2007
Мислења
527
Поени од реакции
82
Аууууууууу каква лоповска лига е ова. Им украдоа на Минесота напад за победа. Џонсон направи чист фаул во напад врз Лов......судиите судат фаул од Лов. Катастрофа
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.914
Поени од реакции
30.890
Колку и да не ги сакам лејкерси морам да кажам дека Коби е играчиште ипол. Човекот погодува од невозможни ситуации. Штета што нема подршка од соиграчите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: NYC

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.486
Поени од реакции
35.220
Кога веќе одиме со клипови, еве нешто колку да видите дека Блејк и не е така нежен дечко како што го направивте синојќа. Заслужуваше и погруби работи од Артест за буткањето на Дариус Морис ПОСЛЕ свирењето фаул и тоа додека беше во СКОК!

Ова е НБА и не очекувајте нежности, но вакви глупави потези се моронски. Како што беше моронски сличниот ваков потез на Бајнам во поразот од Далас, задњиот плејоф... ама Бајнам си попи дебела казна за тоа, нели?

(40-та секунда најдобро се гледа и пред крај на клипот)​
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Хаха ова го споредваш со убиството Бајнам шо му го напрај на Бареа? :pos:
И шо мајка бара ова рукито да забива после судиска одлука

Иначе за погруба игра шо имаше, мене то ме бендисва, многу нежна се напрај лигата

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.486
Поени од реакции
35.220
Се согласувам. (иако друго е фаул во игра и за добробит на тимот а друго е моронишење кога е запрена играта)

Само пази мачот има две оштрици, а најболно паѓаат тие што највисоко летаат. Буквално.
Во плејоф серија на ова најмалку што следува е враќање со иста мерка... Или со други зборови, во скок што трае неколку секунди, не е многу тешко некој вака исто да му врати на куртово. :)


Поентата е дека на момци како Грифин (а и Бајнам) вакви „а ла Бил Ламбиер„ работи не им приличат... тие имаат толку многу други начини да допринесат за тимот.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Иначе за погруба игра шо имаше, мене то ме бендисва, многу нежна се напрај лигата

Синоним за груба игра биле и отсекогаш ќе бидат екипата на Марли Детриоит Пистонс ака бед бојс...тие на времето маме ебавале..Џордан и самиот кажваше дека имаше кошмари од нив кога губеше три години со ред..
е ова беше екипа..еден есктра класа играч како Ајзеа Томас и другите сите кој од кој тепачи.....
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Синоним за груба игра биле и отсекогаш ќе бидат екипата на Марли Детриоит Пистонс ака бед бојс...тие на времето маме ебавале..Џордан и самиот кажваше дека имаше кошмари од нив кога губеше три години со ред..
е ова беше екипа..еден есктра класа играч како Ајзеа Томас и другите сите кој од кој тепачи.....
Ама тогаш едне убав сончен ден, дојде животното Артест (Ворлд Пис:pos:) и цел Детрои плачеше.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom