Настрана хуморот

, пред 10 дена кога Комити ја соопштија најавата за Партизан, пола форум пецкаше со ситни провокации како "Комити 10 години не навивале на ракомет", иако беше пропуштен само еден натпревар. Буквално еден.Се одеше само на ЛШ, сите знаеа и пак тука начекаа да пецнат. Сите групи ги лајкнувавте коментарите, дури и оној Милвол од умрените се врати за да лајкне.
Денес Лозари најавуваат дека ќе одат на ракомет, после 2 века постоење, и тоа во ситуација кога ракометот се крева, кога Комити против Партизан покажаа топ издание, кога Рибари најавија дека ќе се враќаат и кога знаеме дека на Чкембари одењето во сала им е приоритет. И сите треба да се праиме наудрени дека од големата љубов кон РК Тиквеш го прават тоа? Ај да бидеме озбилни, не си Горан БТ, ги познаваш работите и знам дека знаеш да процениш што е вистина тука
Еве, замисли што ќе се случеше Комити во соопштението да пишеа "ќе ги бодриме на сите домашни натпревари и гостински натпревари каде што има домашни навивачи." Да потенцирам "гостински натпревари каде што има домашни навивачи", во случај да "не знаеш" на што алудирам. Ќе беше "Кај ви е Вардар бе? Вие за Вардар се собирате или за Чкембари/Рибари и сл.?"
Али не се Комити и може да пројде

Е тоа е она што иритира тука на форумов. За изданијата на Комити се вадат стручни елаборации за најситни детали, а за вакви киксови се премолчува...али добро